Како би било тоа со 2 предлог кога предмети од зимски семестар ако не ги положам у 2ра едвај 1 2 предмети можам да слушам на медицински? Глупости им се предлозиве и од тоа се ќе било у наша корист уствари нишо не е у наша корист. Од 1 јуни испитна? 5 до 12 ли датуми ќе ни кажат и се.. Па онлајн до 4 јуни ни се по распоред предавања. Ужас.
Па и она во шатори полагање . На ПМФ од 15 јуни да била испитна, а од први јуни за лаб вежби, зошто ако не се одржат сега ќе е пропаст на светот.... Се надевам факултетиве ќе најдат посоодветни решенија. Многу ја претераа, нека кажат еднаш како ќе е, ене кај е први.
Ако се усвои предлог 2 најверојатно ќе можеш сите предмети од втора година да ги запишеш без разлика дали ти се положени или не ти се положени предметите од прва. Единствено вака овој предлог има смисла.
УСС-УКИМ вчера рекле дека за да донесе Ректоратот одлука мора прво да заврши вонреднава состојба, па потоа да имаат вонредна седница и да донесат одлука и нас да нè информираат. Значи информацијата ќе биде рачунајте во 5 до 12. Зашто дур донесат тие одлука, дур да нè информираат, па дур факултетите да направат распоред за полагањата ќе помине месецов. Инаку според предлогов на УСС-УКИМ факултетите ќе треба да си одлучат во периодот од 1 јуни до 15 јули кога ќе ги спроведат испитите. Дали прво ќе имаат вежби каде што е потребно, па испити или колоквиуми па испити или само испити, тоа значи да си одлучи секој факултет посебно. Кога предложиле да се користат и просториите во некои средни училишта, од Ректоратот им рекле дека нема потреба дека имаат доволно простор за да спроведат испити. Инаку да дури и шатори биле спомнати за на тие факултети каде што има голем број на студенти. За августовско-септемвриска сесија е предложено да биде од 17 август до 25 септември.
Од Ректорат рекле дека најкасно до 20ти мај ќе има одлука. Е сега, дали ќе си стојат на зборот ќе видиме.
А што со тие студенти што се од другите градови, каде ќе седат дури трае испитната сесија? Ај некако ќе се одржи дистанца на факултет, ама во студентскине домови како? УСС-УКИМ како да не размислиле за ова
Изгледа немаат убаво размислено за ништо. Од друга страна студенти што се прикрај со студии и што не седат во Скопје за да не плаќаат овие два месеци празен стан? И тие секој ден ќе треба да патуваат.
Се согласувам, јас престојувам во студентски, а немаме никакво известување. Ако не се отворат домовите, каде ќе седам? Ајде да е само испити океј, ќе патувам, ама најверојатно вежби ќе имаме, не можам секој ден да одам до Скопје и назад, 3 саати ми е оддалечено, а и не е баш евтино. Треба да размислат и за тоа малку, не е фер да останеме без сместување.
За студентските домови кај нас ама баш ништо немаат спомнато, ако треба да се отвараат и таму треба да се има посебни мерки и слично, а тек тоа додека го испланираат . Првен тоа треба да го решат дали и како би ги отвориле студентските домови па после да ги отворат факултетите, бидејќи реално гледано голем дел од студентите ќе треба да патуваат ако не се отворат домовите. А и искрено ред да се стави во домовите ќе биде многу тежок предизвик, ако не е и невозможен.
Ако се отворат ќе мора со рестрикции, носење маски надвор од соба, редар пред мензите - односно да се има контрола колку луѓе во моментот се во мензата, алудирам на тоа да може само ограничен број. Или евентуално да не работаат мензите, ама да плаќаме скратена сума... Ќе мора некои ограничувања да има, ама подобро така, отколку да немаме каде да престојуваме, или да патуваме секојдневно, што стварно е малтретирање, особено од пооддалечените градови.
А и се да се дезинфицира. Пак првен тоа треба да се испланира како ќе се изведе со студентските домови па потоа да кројат планеви за отварање на факултетите.
Да да, ќе се дезинфицира, во текот на неделава наредна требаше, така најавија, постирав линк погоре, пишуваше баш таму.