Кај мене на ПМФ се пријавија тешки дебили со уште потешки врски кога беше гласањето. Се ми стана јасно дека УСС ќе биде политичко и воопшто не отидов да гласам и имав многу лошо чувство дека ќе не заебат. И тоа на сите им го кажав и не ми верува. Сега сите што ги знам надвор од Скопје се нервираат и паничат што ќе прават за време на сесија, каде ќе престојуваат, трошоци за пат.
Вие што живете надвор од Скопје би требало да добиете известување денес од УСС. Али дечково стварно убаво им кажа.
Ако не се отворат студентските домови, не знам каде ќе одат децава, ајде јас ќе се снајдам, роднини имам, ама некој нема каде да оди, а да престојува во апартман не секој може од финансиски причини, со оглед на тоа што дел од студентите во домовите се без партиципација. Нема секој финансии да си го дозволи тоа. А пак да патуваме секој втор ден до Скопје нема смисла, малтретирање е, и скапо воедно.
Да, плус за вас шо не живеете у Ск многу зезнато ќе ви е. Плус не сте сите за 1ч до Ск па да може да стигнете секој ден, дека нели има многу од Велес, Куманово, Тетово шо не ни земале стан туку патуваат и така у редовни услови пошо сепак им е блиску. Но, што со другите градови, навистина не е возможно по 3-4ч у правец да доаѓа некој и да учи и полага... А знаејќи како прават распоред се ќе ни е налупано со растојание максимум ден до два. Многу лошо... Нишо не осмислија навреме и сега 5 до 12 ќе бидеме сите оштетени. Плус очигледно предлозите им ги диктираат од партиите или од кај и да е, па како им свират така играат. Не дека многу им е гајле на нас мнозинството шо ни одговара.. Во нашето фсс ете колку предлози имаше, ништо не послушаа буквално, како сакаа така си напраија, под изговор "не може на сите да ви угодиме". Многу дрски се и не прифаќаат никакви предлози, а одлучуваат во име на сите нас и стварно на крај ќе испадне оштетени ќе сме ептен. А и шо запнале со сесија траела до 1 јули. Кај нас и у редовни услови до 15 јули трае. Значи кај нас би требало да се продолжи до крај на јули, шо и не ми се верува да биде. Ај баш ќе го почекаме распоредот, но после сите овие циркузи не очекувам некоја добра организација.
Најмногу ќе сме оштетени ние студентите. И да ги прифатат факултетиве нивните предлози и да ги сменат пак исто ќе е, не очекувам ништо да е подобро. Набрзина ќе се договорат и ајде на полагање. Многу лошо ќе е... Нас засега ни останува само да учиме и да се надеваме дека ќе биде онлајн полагањето и тоа само усно, а до септември можат да организираат подобри услови за полагање во живо.
Онлине полагање е сосема во ред, ама како да полагам кога на проф кај кој треба да полагам не ми враќа на емаил? Еве не знам? Баш од оваа причина јас сум една од многуте кои се согласуваат за физичко присуство, многу е лоша реализацијата.
Баш така, ајде Тетово, Куманово, дури и Штип тука се, ама мене ме фаќа 3 часа возење до Скопје, и уште 3 часа за назад. Навистина нема смисла секој ден да доаѓам и да се враќам, плус картата ми е 700 денари (и најверојатно ќе ја покачат поради ситуацијава), и ете три пати да доаѓам неделно ќе ме фати 2100 денари, што реално и не е малку.. Со превозов сепак владата треба да си среди, не се криви факултетите...
Па нели вика ќе имало втор бран околу тој период? И сега сите ќе паднеме во летна депресија зошто на некои господа им текнало нас да не тормозат.
И да речеме студентите од други градеви да патуваат, ќе има сигурно мерки и по автобусите па ќе нема место за сите, недоволно карти. Или нека ја поместат покасно сесијава или да се полага онлајн ама да се направи и испланира убаво. Не сите факултети и предмети може да се полагаат онлајн, но има и голем број на предмети што мислам ако се испланираат ќе биде успешно онлајн полагањето.
А зошто не ги пуштаат тие што имаат практичен дел на факс, во овој случај медицинари, а тие останатите што се по општествените науки да полагаат онлајн, така нема да се ствараат многу гужви и нема да дојде до ризик на заболување? **Ова само го кажувам како пример**
Нас на ПМФ ни рекоа најверојатно во јуни ќе сме одржеле набрзинка колку може вежби. По еден предмет воопшто не сме почнале, појма немаме ни како изгледаат вежбите. Ќе биде интересно... А онлајн требаше да полагаме еден предмет теорија ама професорот во последен момент ни откажа дека можело да го казнат. А и онлајн полагање можеш да паднеш испит само ради паднат систем или ти снема интернет. Па и предавања кога имаме онлајн колку пати се случува да почне да сецка, па само ќе ми се исклучи.
Кај мене се полагаше испитна сесија онлајн. Прво има писмен дел. Тоа е тест и треба да се реши. Ако имаш над 50% освоено одиш на усмен дел и на Тимс. Ваљда со писмениот дел се прави елиминација. Имаше некаде 20-30 прашања квиз за пола саат да се реши. Стварно е практично и поубаво ваквото полагање. Кај нас е исто како што и да сме во амфи. Слушаме он лајн, полагаме он лајн и така. Инаку кај нас оди се електронски. И заверка на семестар, и пријава на испит и оценки се е електронски и е стварно попрактично. Го видов тој предлог на УСС кај вас, за испити да се пријавуваат електронски и ви потврдувам дека е далеку попрактично.
Па на тоа и мислев. Вирусот ќе постои. Но, до септември има време да се подготват, темелно да се исчистат и факултетите и студентските домови, да се снабдат со доволно гелови, сапуни и сл. Плус можеби и ќе се најде некој ефективен лек. А мислам дека и колективната свест ќе ни е поголема тогаш.
Они ако ги осмислија меркиве во последна минута, сигирно ќе напраат пак така од новата учебна година.
Затоа велам дека ако добро се организира може да биде успешно и онлајн полагањето, а на кој универзитет си? На некои факултети како медицинскиот можеби и не е баш изводливо, и можеби треба за секој факултет посебно да се одлучи.
Низ светов има факултети кај со можеш и онлајн постојано да присуствуваш и тоа функционира со години, кај нас и 10ходини да поминат нема да го средат како што треба тој систем.... Кај сестрами 70% од наставниците се немаат појавено на камера, ќе им испратат по некоја презентација и толку... А да не зборувам за некој што и никаде ги нема. Ама затоа сега кога беше тромесечието на пола од децата им беа намалени оцените. Баш ме интересира дали за време на епидемијава оние прпфеспри што ги нема да се појават никаде или па што ќе им пуштат по една презентација зимаат плата? Па до толку ли се да не знаат да уклучат Zoom? Со еден збор не функционална држава, се донесуваат одлуки без да се согледаат сите проблеми, и колку само нешто да се направи
Кога објавиа дека нема да се полага матура оваа година и дека основците и средношколците не се враќаат до крај во училиштата, министерот за образование, кога зборуваше спомна дека и испити би биле онлајн доколку се одржат во јуни и јас тоа го сфатив дека сепак универзитетите ќе одлучат дали би се полагало онлајн, ако не сесијата ќе се помести, а сега пак излегуваат со вакви предлози Или тогаш јас нешто грешка слушнав и разбрав
Мене ми стигна известување дека треба до 3 јуни да пријавиме испити електронски на I know. За физичко полагање испити. Иако уште нема ништо официјално ова значи дека ќе има јунска испитна сесија излеа.