https://www.radiomof.mk/ukim-preku-...te-da-gi-prijavat-ispitite-za-letnata-sesija/ Демек со години овака не било...
Од филолошки факултет студентското собрание предложија нивни предлози до Деканат. Да има и онлајн и физичка сесија , и до сега овие се мислам најдобрите предлози што ги слушнав.
Ќе излезе некогаш некакво официјално соопштение?? Свесна сум дека сите останати сектори во државава тонат, но неприфатливо е за образованието да се однесуваат како за сосема небитна работа. Јас освен некои предлози од студентско собрание на УКИМ, друго не сум сретнала. Од мојот факултет нема буквално никакво известување за испитните сесии што ни претстојат, едноставно не знам веќе што побрзо да учам. За основниве и средниве училишта замачкаа некако работа, иаку гледам по братучетка ми дека се е формално, колку да се помине. Еднаш неделно им пишат на фејзбук по некое задолжение, на тестовите нема ученик кој не добил 5ка (сите знаеме како). Ужас...Секоја чест за исклучоците. А, студентите каде се? Свесни се дека не сме баш мала бројка, така? Свесни се дека голем дел од нив не се од Скопје и дека минативе 2 месеци за џабе плаќаат кирии и сметки? Јас се вратив во родниот град за да не седам сама и да не правам дополнителни трошоци за живеење, но станот го плаќам регуларно иаку мравка нема стапнато во него два месеци, а примањата дома ни се значително намалени поради кризата. Ајде, јас некако ќе се снајдам, но жал ми е дека голем дел од нас ќе имаат тешки последици. Со студентите во студентски што ќе прават? Како ќе се вратиме ако нема меѓуградски превоз? Не сите имаат автомобили.. Мора се добро да се промисли, а знам дека одлуката на крај ќе биде секој факултет да се снаоѓа како што знае и се разбира, ние ќе го извлечеме подебелиот крај, со некоја формално спроведена дополнителна сесија. Се извинувам на долгиот пост ама мораше нервозава која ме фати во 3 сабајле да излезе некаде.
Жал ми е во позицијата што си ти и останатите надвор од Скопје. Сите сме во иста местоположба, збунети и неинформирани. Но за жал, на УСС и останатите не им е гајле за ситоациите во кој се наоѓаат многу студенти.
Потполно се согласувам, за 10 дена започнува испитна сесија, а сè уште не знаеме ништо. Во иста позиција сум како и ти, но ни останува да чекаме до вторник, УКИМ имаат состанок тогаш и ќе соопштеле што ќе се случува со испитната сесија.
e bravo za ova sto go napisa jas iskreno da sum ti bi go pratila na nekoj od mediumive moze ke se svestat da prasaat -.-
А овие новинарите толку се ажурни. Наместо да прашаат нешто за студентите да напнуваат со прашања да му текне на тој што треба на нас. Они прашуваат пример колку години бил тој што починал од Велес и од кое село бил? Значи тоа е побитна информација од тоа дали ние ќе полагаме и кога ќе полагаме. Значи студентите не се битни. Стави им три сесии една по друга и тоа да полагаат со маски. Што има врска нека си полагаат со маска нека се потат и нека решаваат задачи. Дали тоа ќе им влијае на концентрацијата не е битно. Волкава неажурност немам видено.
Ова прашање со месеци ме напнува. Еднаш се пожалив дека на матурантите им подарија и оцени за полугодие и им ја тргнаа матурата кога го пишав тоа ме нападнаа овде. Значи океј, не сакам да ми паднат 10ки од небо, но не сакам во 5 до 12 да излезе список за полагање и секој ден да имам испит. Како што матурантите се потресени од Короната и ние студентите сме. Мое мислење е дека испитната може од Јули да е бидејќи ситуацијата се уште не е добра, секој ден 30заболени не се малку. Не знам зошто повеќе од 2месеци не се зборува за студентите, изгледа факултетите кај нас воопшто не се битни.
Ама после мора уште една во август/септември. А ако сега првава е јули, после таа брзо ќе дојде. Дури се збори августовска да биде од 17ти август, а јунска да заврши на 15ти јули. А за онлајн не знам дали сегде ќе дозволат. Ние требаше еден предмет да го полагаме онлајн, ни откажа професорот во последен момент, имало забрана за онлајн полагања.
Баш...кај мене на факултет излезе и распоред па одма го тргнаа бидејќи не било официјално. Испитите почнуваа од 1ви јуни. Има цел протокол за мерки, со кажано колку студенти може да полагаат во тој термин, за еден испит во денот има три термини и по два амфитеатри. Искрено, ми се допадна како се организирале. После секое полагање студентите веднаш излегуваат надвор и се врши дезинфекција, се разбира, ќе носиме и маски. Од овој аспект убаво се спремаат. Не дека не бевме свесни дека испитната ни почнува од 1ви јуни, па леле шок сега, уште две недели, ама со оглед на ситуацијава и со оглед што за нас студентите никој не обрна внимание, мене лично ми дојде многу нагло. Особено периодов, април и мај деновиве ми летнаа ко ништо... Мое мислење е некако да почнува од кај 10ти јуни да ни се даде барем уште една недела пред почеток на сесијата.
Ако вие можете да полагате во јуни баш ме интересира зошто матурантите не можат да полагаат матура? На која основа? Тие можеа онлајн со наставниците да имаат часеви за да се разјанат некои теми, најбитното е мак да ги знаат темите за составите, друго нема нешто тешко тука.
И мене тоа ме чуди. Им ја откажаа цела матура наместо некое поместување, а за нас ни збор не се кажа. Божем ние па не сме засегнати од ситуацијава.
Остај, бидна нивното. Ние кажавме што имавме да кажеме. Сега неколку предмети истовремено ги учам и повторувам и салата ми е во глава пошто не знам што прво, што второ ќе полагам зашто нема термини.
Се донедуваат одлуки што реално создаваат нови проблеми, ги нема цел месец да кажат нешто ново со оваа одлука а матурата е нешто што мора кога тогаш да го положат.
Во 4 година во второ полугодие никој не учи. Ги фаќа еуфорија за матурата итн.и не се учи. Тоа е факт. Требаше да го скратат тој материјал што не им е поминат на редовни часови да го нема за матура и готово.