Мене ме мачи тоа што јас имам положено матура а оваа година викаат приемен испит и толку нема дополнителни информации дали тоа важи за нас, дали ни ќе полагаме дали не.... Барем кога носат одлука нека кажат се што е како е.
Скроз! Ај тоа, туку ни професорите не се замараа да ти објаснуваат. Со некои исклучоци. Јас лично буквално се сама спремав, што од тестови што од книги...и ич не ми е криво, баш ме спреми за на факултет каде си самостален и сам си бркаш се. Еден професор не можеш за оценка да го најдеш, камоли пак да ти го соџвака материјалот. Пак ќе кажам, со исклучоци!
Се виде нивното. Дополнителна сесија ќе ни дале. Одма после редовната. Значи јас ако немам научено за да положам на 10 јуни мислиш ли дека ќе научам за да положам на 22 јуни на пример? Мислам смешно ми е до каде дојдовме тоест до каде не донесоа со нивната неажурност.
Не знам од кај да почнам, поготово како студент на факултет на кој за да можеш да полагаш испит по некој предмет, задолжително треба да имаш потпис од асистент за иразботени вежби. Ајде еве и да ги скратат вежбите. По секој предмет предвидени беа 10+ вежби во времетраење од 3-4 часа (некогаш и 5) и тоа да бидат завршени од февруари до мај!!! Значи станува збор за неколку месеци а не 10 дена во јуни, а веќе не се ни трпат температурите надвор. Како ќе работиме во лабораторија затворени со саати, со маски, во простории каде што и зимно време се гушиме и потиме? Потоа за полагањево, циркуз. Никој сеуште не знае дали ќе бидат колоквиуми, испити, дали ќе има завршни вежби, дали ќе има усно, писмено. Па и згора на се' немаме ни распоред па гледај на гравчиња кога ќе биде твојот термин да полагаш, а сето ова треба да се спроведе за 10 дена. 10 дена. За превозот веќе па и да не зборам. Дури и тие што сме во Скопје, во 6 саат сабајле се преполни автобусите, и да сакаш да имаш некаква дистанца не е возможно. Па уште со маски, ракавици, смрт.
Зошто викаат дека студентите барале да се полага физички кога никои не ни сакаше? Тие студенти што барале беа претставниците од УСС. Не сваќам како може да донесат волкава одлука, само со 50 или не знам колку се таму во собрание студенти. Боље да ни дадеа анкета.
Јас колку што знам голем дел од факултетските студентски собранија си спроведоа анкета, кај нас имаше и се изгласа против онлајн, мнозинството. А и УСС ако видат дека пример 7/10 факултети се против, го застапуваат тој став. Тие три факултети што се за нека си организираат на ниво на факултет.
Да имаше таква анкета, али ова со онлајн настава веќе пројде, се случи што се случи сега проблемот е со полагањето и сесијата.
Многу би било нефер да се каже за пет дена ви почнува сесија.Додека завршат состаноците, скоро 1ви ќе биде.
Нас еве по еден предмет ни објаснува денес професорката како ќе се одржува практичниот дел и вика вака и вака и вака треба да направите кај тој препарат за да положите. Ама само објаснува теоретски И утре ќе ми го даде препаратот на испит и јас ко изгубена ќе се чудам што да правам. И кога слушав коса ми се крена пошто појма немам како ќе ја сфатам вежбата без да видам како се изведува. Инаку ни зборат и нас во јуни набрзинка ќе одржиме вежби ама колку ќе научиш така, којзнае.
На нашиот институт се случува некогаш и брканица да е во лабораторија, некој појма нема што треба да прави имаме вовед демек 10 мин на почеток, па на некој му фали прибор итн итн па често знаеме да се тркаме и со времето пошо ни на нас, на проф ни асистенти не им се седи 5 саати. И ова во нормални услови. Не можам да замислам што ќе биде сега.
Исто и кај нас. Башка што на вежби со микроскоп, асистентот по неколку пати оди од студент на студент да му објасни што гледа, дали го нашол тоа што го бара, како да го препознае. И ова кај 15 студенти по неколку пати за еден препарат само. А сме имале повеќе. Башка што мора да објасни прво пред почеток
Анкетава ако не се лажам беше спроведена на крај на март-почеток на април и искрено и јас гласав против онлајн полагање како и многу од моите колеги надевајќи се дека во мај веќе ќе се вратиме на факс. Ама little did we know... Како и да е, чим веќе беше изгласано уште пред месец, месец ипол факултетите веќе требаа да имаат некаков распоред за начинот на кој ќе се спроведе полагањето. Еден професор кај нас уште во март ни кажа дека неговиот предмет директно ќе се полага на испит и јас знаејќи го тоа си испланирав други предмети за во јуни. Ама еве сега знаејќи пак дека од 1ви дефинитивно ќе започнува сесијата, сеуште немаме никаква информација конкретно за тој предмет а гледам на некои соопштенија од нашиот факултет пишува дека можеби ќе има и колоквиуми. И сега? Да се утепам.