Тоа е добро што оди и објаснува. Мене ми се има случено асистентот да ни каже што да работиме и цел час да си седи. Јас не знаев како да ја склопам шемата ама се потрудив. Не работеше. Го викнав неколку пати а тој не дојде. За на крај на час да влезе професорката и да ми рече дека сум дрска и безобразна што цел час сум си седела и ништо не сум работела наместо да се заинтересирам. Викам ама јас..... Ме прекина и ми рече оди си сега да не ти се случи ова веќе. Се извинив и си отидов. Иако не бев виновна.
Точно, требаше да се малку поажурни со почести состаноци сепак вонредна ситуација е не знам шо толку чекаа за некои работи да се договорат и кажат, ама ај, демек процедури. Баш ќе се каже во последен момент па ќе се смееме после. Еве некоја членка погоре постирала линк каде ректорот кажува дека утре ќе ја продолжат до 15ти јули. Јас искрено се надевав дека малце ќе го одложеа почетокот...Да ни се даде на нас малку време плус пред се' само да се организираме што да се полага, а потоа и за повторување и се останато. На мојот факултет нема вежби, колоквиуми преретко освен ако е влезен, ама и тие сега ги ,,поништија,, односно со испраќање вежби добивавме поени и со тоа бевме ослободени од полагање влезен колоквиум. Кај сите други факултети каде што имаат и колоквиуми и усно и писмено и завршен и што се не, можам само да замислам како е и каква каша е настаната сега. Најмногу што уште некои работи не се кажани и официјални...
А августовска да почнувала од 17ти август... Ти само што си завршил јунска, одма учи за август Сериозно, ви одговара така? Знам ќе речат сме биле три месеци дома ама и дома кога си ако не знаеш кога што ќе полагаш немаш ни асален распоред на учење.
Абе убаво што ќе има повеќе декади и во август, не викам не. Ама требаше порано да знаеме и за јунска, веќе кога немаше колоквиуми, да излезеа и датуми. Вака одеднаш све брзо.
Нормално дека не. А и не гледам причина да е толку рано, се знае дека се испити само и може слободно да почнува крај на август. Доволно е еден месец за полагање. Ама кој нè прашува нас. Треба и сега да дадат анкета па да видат каква е состојбата, многу работи се сменаа за два месеци.
Утре имаат состанок, па ќе се каже јавно. Ова беше кажано денес: “Ректорската управа на утрешната седница ќе ја продолжи јунската сесија со траење до 15 јули. Испитите во јунската сесија ќе се вршат со физичко присуство на студентите во работните простории на факултетите, повторно на барање на студентите, со примена на сите протоколи, мерки и препораки за заштита и превенција од Ковид-19”, ни соопшти ректорот Јанкуловски.
А ова што им знчи дека и таква и таква сесија ќе има? Како и да е , сесија со физичко присуство уште од 1 Јуни е прерано, од причина што бројката на заразени воопшто не е намалена
А, шо со факсови кај шо испитна секогаш почнувала покасно у јуни и редовно траела минимум до 15 јули ко на пример медицински. За нас ќе треба до 30 јули да трае сеа сесија и од 15 август да почне друга сесија за уопште ние да постигнеме да ги положиме сите тие работи шо ги иаме... Цели 3 колоквиумски недели испуштивме... Ваква никаква организација не сум видела. 5 до 12 ќе добиеме информации, буквално од денес за утре ќе биде тоа полагате тој и тој ден тоа. Можеа повеќе да се заангажираат ама очигледно студентите ги сметаат за најнебитна категорија у државава. Се надевам неделава веќе ќе известат официјално нешто пошо нема смисла, стварно нема смисла ова шо го напраија. За неполни 2 недели е јуни, а ние не знаеме буквално ништо како ќе биде. Ужас.
Што се одлучи знае ли некој? https://sitel.com.mk/kje-ima-li-junska-ispitna-sesija-ukim-utre-kje-nosi-odluka
Јас баш се сомневам дека толку брзо ќе се одлучи за почетокот и одвивањето на сесијата. И да се одобри почеток од страна на ректоратот, ќе треба потоа секој факултет да направи прецизен план во однос на начинот на полагање, термини.... тоа баш не е едноставна работа, а и не знам зошто дозволија толку работата да се одолговлечи. За одржување на вежби допрва, не знам колку тоа би било изводливо на клиники и дали воопшто би ни дозволиле.
Ја ко шо знам ќе важи до јануарска да се положи ако не го положиш после не можеш летниот семестар да слушаш предмети шо ги влече тој предмет условен. Сега би се дозволило да се упишат предмети шо влечат услови ама нема да смее испит да се полага за нив додека не се положат заостанатите.
Ние на пример на медицински секако сме заглавени пола и појше со условите, нема да изгубиме ништо ако ни дозволат. Барем ќе си пробаме среќа. Во нормални услови скроз би изгубиле година. Барем јас така гледам на тоа, кој не сака да се заглави така нека не ги упишува...