„Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Тука спаѓа и платежна картичка за млади, во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги https://www.radiomof.mk/vaucheri-za...tvo-vladata-objavi-tret-bran-ekonomski-merki/ Кај може да се аплицира?
A uste posmesno e sto epidemiolozite vikaat deka uste e rano za bilo kakvi sobiri i deka situcijata e vlosena ama pobitna e diplomata izglea...
Мене искрено ми е смешно, шо се разговараше за овие “вонредни мерки” на денешната седница. Едни те исти инфромации се верглаат на триста различни начини и тоа е некаква нова вест?! Потребен е ПЛАН и РАСПОРЕД за сесијата, а не дека таа ќе се продолжела од тогаш. Кога веќе се изјаснија студентите дека не сакаат онлајн полагање, требаше да ни се овозможи полагање во текот на целото лето до таму октомври без ограничување со датуми. Друго, на медицински на пример невозможно е да се полага еден предмет 2х во една сесија, бидејќи има многу студенти, а катедрите немаат толкав капацитет тоа да го изведат. Затоа се бараше уште една дополнителна октомвриско-ноемвриска сесија, ама фала богу ни трага ни глас од тоа.
Денеска се одржа 249 седница на Ректорската управа на која се донесе следнава одлука: Јунската испитна сесија се продолжува и наместо од 1 до 30 јуни ќе трае од 1 јуни до 14 јули - со можност за дополнително продолжување со одлука на факултетите; Септемвриската испитна сесија се продолжува и ќе трае од 17 август до 25 септември - со можност за започнување на сесијата пред 17 август со одлука на факултетите. • Во академскиот календар се предвиде можност факултетите дополнително да ги продолжат сесиите како би имале можност за соодветно организирање на сесијата и/или реализација на практичната настава. • Организирањето на сесијата и распоредот за полагање се во надлежност на факултетите и факултетските студентски собранија. Сите студенти во најкус можен рок ќе добијат распоред за организирање на сесијата и полагање на испитите. Краткиот период од 19 мај до 1 јуни не треба да предизвикува паника бидејќи факултетите во соработка со факултетските студентски собранија ќе ја организираат сесијата на начин кој им одговара на студентите и ќе одредат повеќе термини за полагање кои ќе бидат распределени за целото времетраење на сесијата. • Под точка разно, беше дискутирано за флексибилност и продолжување на роковите за премин во следниот семестар, запишување на предмети кои се условени и презапишување на неположените предмети. УСС-УКИМ на следната седница на Ректорската управа ќе достави предлог за измени на постоечките акти како би се овозможило продолжување на овие рокови. • Факултетите ќе можат да ги организираат испитите со физичко присуство и онлајн во зависност од карактеристиките на предметот и предметната програма. • Пријавувањето на испитите ќе биде онлајн за што студентите добија или ќе добијат известување преку мејл. • Сите прашања во врска со реализацијата на сесиите сега се во надлежност на факултетите и факултетските студентски собранија. • Покрај седницата на Ректорската управа, УСС-УКИМ минатата недела разговараше со Директорот на Државен студентски центар - Скопје, од кого добивме информации дека студентските домови се подготвени да ги отворат сместувачките капацитети доколку се организира испитна сесија. Со оглед на денешната одлука веруваме дека наскоро ќе добиеме информација за отварање на студентските домови преку официјалната страна на Државен студентски центар за што потребно е одобрение и од здравствените експерти. Нашето барање е студентските домови да останат отворени за студентите во текот на целиот летен период. Еве од УСС-УКИМ што објавија.
Некој што е поупатен, да не знаете дали има можност да се поништат условите за запишување на предмет сега во зимскиот семестар? Знам дека пишува во соопштението дека има таква точка ама ТЕК ако се разгледува......
Многу тешка процедура, само ректорат ако одлучат можат да помогнат премногу, на ниво на факултет е покомплицирано, сепак плаќаш кредити од презапишаниот предмет.
https://www.facebook.com/brajan.petkoski16/posts/3324243304274810?__tn__=-y.g Текст кој вреди да се прочита, малце долгичок ама секој кажан збор е на место
Добро, дали се нормални да стават сесија од 1ви јуни?? Уште не ни се ни завршени предавањата, сите предмети се за на испит и очекуваат со самото завршување на предавањата ние автоматски да бидеме спремни за полагања ден за ден? Вријам од нервоза, дали се факинг нормални
“Периодот од 19ти мај до 1ви јуни не треба да предизвикува паника“ Па нема толкава кога имаш предавања до 29ти мај и кога очекуваш втора колоквиумска недела одма после 29ти мај.
https://a1on.mk/macedonia/ispitite-...at-elektronski-no-ne-i-so-fizichko-prisustvo/ Што??? 5 до 12 ова известуваат? Можевме од април да полагаме без проблем, па и колоквиуми да се одржаа, а сега цело лето ќе не гњават... За УГД зборат студенти на УКИМ ваков таков факс ама испадна светлосни години пред УКИМ дека е. Цц, сеа излегоа на виделина неправилностите на УКИМ.
Ае бе, си играат к**от више. Може онлајн, не може онлајн. Може колоквиуми,не може. Може физичко присуство, не може. Ќе има сесија, ќе нема. Ќе ја продолжат, нема, ќе ја продолжат, ќе почне за недела дена. Не може ни онлајн ни физичко присуство. Аман.....
Баш сега ќе го постирав линкот! Абе жив циркуз ќе биди цела испитна сесија и на крај пак ние ќе го кркаме
Мене ова ми изгледа како мајтап веќе. Овие мајтап си тераат со нас излеа. Друго нема. Зарем овие од УКИМ не се консултираа со МОН пред да кажат дека ќе има од први јуни испитна сесија?
Читав у нашата група ффс, ќе барале медф протокол да полагаме ние со физичко присуство... Нема да ме чуди и документ да дадат да потпишеме дека на наша одговорност полагаме, за да не ги тужиме у случај на да фатиме КОВИД... Најжално е повеќе факсови ќе прифатат да се полага онлајн, а нашиот и уште некој факс ќе не фрлат у опасност буквално. Возење у ЈСП, возење со меѓуградски превоз, мешање на толку луѓе, ќе биде катастрофа
Мислам дека конечно дојдовте на нашето. Нели не беше проблем да се направи дистанца се се можело нели ние требаше матура да полагаме можело да се постигне дистанца... Искрено се надевам дека ќе излезе во ваша корист и по вашите барања