Ама ние не сакаме целосно да не полагаме туку само да се изнајде начин за полагање и да не биде нашето здравје во опасност и плус да бидеме известени на време, а не 10 дена пред да се најави испитна, а воопшто да нема ни распоред за неа...
Сепак џабе им беше упорноста на УСС со физичко присуство. Комисијата го држи последниот збор и сепак ќе седиме дома, а и мислам дека и зимски може да ни биде онлајн ако настане тој втор бран.
Да, го прочитав тоа и сеуште не можам да разберам како толку лесно се занемарува ризикот од вакви масивни групирања, па и дополнително ние на медицински уште на поголем ризик сме изложени, особено ако полагањата се одвиваат на клиники. Инаку сум против онлајн полагање, бидејќи не сум убеден дека факултетот има инфраструктура да го изведе, а помалку поради тоа шо сметам дека некој ќе препишува, бидејќи бев сведок на неколку онлајн полагања на другарка шо учи Ромамија и верувале или не, навистина е тешко да се препише бидејќи професорот го прати секое движење.
Нема шанса на клиники да полагаме, голем ризик е тоа. Ах, препишување секад има и пријатели. Мене ми е супер вака.
@queen19 не е проблем дистанцата и полагањето, туку играњето топло-ладно. Трагикомедија сме! Веќе ко не дозволуваат физичко, да си полагавме онлајн од март. Каде беа МОН да кажат дека нема да има никакво физичко? Туку донесоа уредба каде што може, но не мора да се полага онлајн. Какви политичари се, секоја им чест! На матурантиве им укинаа матура, ве послушавме, секој факс сам нека одлучува за приемен. Нас онлајн полагање демек за заштита, се грижиме за вас, ве слушаме, ама ако некој факс изготви протокол тогаш може физички.
Не знам искрено кај би полагале... еве доколку се полага физички, по клиничките предмети ќе се полага усно, нели така рекоа од ФСС. Каде би се одвивало тоа усно полагање ако не по канцелариите на професорите шо всушност се во клиниките. Дополнително, во канцелариите не збира многу луѓе, па и со моменталните мерки ќе можат да полагаат по 3, преку сила 4 одеднаш(па можеби и ова е многу), сите знаеме какви гужви се ствараат во ходниците кога се полага, па ако се овозможи повеќе пати да се полагаат предметите во сесија тогаш ќе биде шо ќе биде.
Кај нас еден професор сам се понуди да полагаме онлајн. И ни откажа неколку саати пред колоквиумот зашто не смеело. А го имав топ научено. Сега и втор ќе полагавме веќе и ќе го оттарасев. Ни он не беше крив, не смее по свое да оди зашто може да го казнат. Само сакаше да ни олесни. А сега еве дознаваме дека подобра алтернатива е онлајн зашто не смее физичко присуство. И да ти иде да се утепаш веќе.
До сега имам положено 1 цел испит и другите ми се се на пола и после 1ви ќе ги полагаме. Али сепак еден ама вреден.
Леле, јас стварно не знам што да размислувам веќе. Од една страна сум против електронски полагања (посебно на медицински факултет!) Како да го прегледам пациентот електронски? Ајде тоа што немавме вежби, не видовме доволно пациенти (клинички случаи), ќе научиме теорија, ама теорија и пракса се две различни работи, ама и двете едднакво битни. Џабе теорија, без пракса. И обратно. Од друга страна, стварно не знам како би се одвивале испитите со физичко присуство. Прво, Скопје е град со најголем број заразени во Македонија (жариште!), а ние на Медицински, во жариштето на жариштето! Тие што имаат инфективно за полагање, како би полагале, м? Бројот на студенти од сите 6 генерации е голем, а тука се и логопеди, сестри, физиотерапевти, па и фармацевти и стоматолози, се во склоп на овој комплекс. При секојдневни бројки од по 20/30 нови заразени, стварно е апсурдно да не изложуваат на таков ризик. Друго, нема автобуси луѓе, како би стигнале до факултет?! Мислам, да не се повторувам со постот што го беше објавил еден дечко на фејсбук (постиран е погоре), ама апсолутно целосно се согласувам со се што напиша. Образованието потфрли! Си спиеше два месеци, па сега кога дојде ред за јунска сесија не се спремни. Е нема да бидат. Уште на самиот почеток да направеа некаков распоред, претпоставувајќи си го најцрното можно сценарио се ќе беше подобро. Студенти нека ви е со лесно јунската сесија, која не знаеме дали ќе ја има и како ќе се одвива.
Мислам дека министерството за образование воопшто не се залагаше за нас. И кога го прашуваа на прес едвај една реченица за нас дали ќе кажеше. И ја не знам како би полагале анатомија без леш на пример ама знам и дека здравјето ми е на прво место. Јас гласав за онлајн полагања на анкетата која беше и мои другарки исто, шо навистина резултатите малку чудни ми беа шо толку мал процент беше за. Мислам дека УСС залагајќи се за испитна задолжително со физичко присутво на цел УКИМ заебаа работа. И некако не се решителни у барањата, можеа многу повеќе, сите од нив зависевме. Ама ај, што е тоа е, сега да му ја мислиме како ќе биде... Тешко нас летово.
Ама преку глава веќе. Откако се реши се' им текна на МОН да изјават нешто? Каде беа до сега? Си завршија со матурантите и се заборави на нас комплетно. А и што е со студентиве што се бунат? Немало анкети?! Каде беа и они овие три месеци? Зошто не си реагираа на време? Зошто сами не побараа да си направат анкета и видат колку се за колку се против онлајн испити па следствено на тоа да си се организираат согласно желбата на мнозинството и можностите на својот факултет? На секој факултет е различно, негде може негде не може онлајн од разно разни причини. И според тоа можеа да се изборат за најдобра можна опција во ситуацијава. Освен ова, имаат барања кои УСС конкретно не можат да ги реализираат, тука требаше државата да земе место и да направи чекори за доброто на студентите. Ама и таа ќутеше. Епа затоа и настана целиов хаос.
Не кажуваа ништо за нас студентите затоа што и самите немаат идеја како би не организирале. Поим немаат од каде да почнат со организирање, а притоа да не се наруши и критериумот во оценување, затоа што ако едни полагаат порано еден предмет а други подоцна првин ќе има побуни од студентите дека не е праведно затоа што немаат еднакво време за подготовка, а второ и на професорите тоа не им одговара затоа што ќе треба да подготвуваат два различни колоквиуми/испити со прашања. Друго не знаат како да ги организираат студентските домови, поради тоа што ќе треба да го намалат капацитетот на истите најмалку на половина (ако не и повеќе). И тука доаѓа прашањето што со останатите студенти? Каде ќе престојуваат тие? Трето градски и меѓуградски превоз кои ќе бидат најлесен начин за пренесување на заразата. И четврто и не помалку битно, климатските услови периодов. Студенти може да им припаѓаат на полагање поради гушењето со маски. 40 степени + ограничено време за полагање + стрес и страв од можна зараза + маска од која не можеш да дишиш = катастрофа во најава. Токму затоа мислам дека до сега ништо не кажуваа затоа што навистина се без идеја. А кога веќе дојде јуни мораат нешто да се прават дека организираат, а уствари пак ништо посебно не се дешава и 90 посто мислам дека на крај навистина се' ќе се полага онлајн затоа што едноставно тоа им е и најлесната опција. За крај, стварно да ви кажам воопшто не се нервирам веќе. I'm done with that. Онака си учам тоа што треба и тоа е тоа. Здрави и живи да сме.
Се чека комисијата за заразни болести за изготви протокол излеа. Со тоа што бројката на заразени е малтене иста како што беше кога беше пикот скоро мислам дека нема да дозволат. Али ќе си чекаме. Можеби до 28 мај ќе не удостојат да кажат дали ќе има испитна од 1 јуни.
@Purplelilac апсолутно се согласувам со се што имаш напишано. Мене ми е јасно, свесна сум и разбирам дека државата е во вонредна состојба (првпат се соочува со вакво нешто), првенствено не е спремна да одговори на здравствен план, што ни е најбитно во случајов, а не па ли на другите проблеми. Ама не е во ред што последните неколку денови одлуките ги менуваат од ден за ден. Па и тоа стресно влијае врз студентите. Во најмала рака, можеа начелно да ни дадат некаков распоред, отприлика кои предмети би се полагале први, кои втори, дали би полагале колоквиуми, или би оделе директно на усен испит (ова зборувам за мојот факултет). Не зборуваме тука за точни датуми. Нормално е дека тоа никој не го знае! Впрочем, поголем апсурд од планирање јунска сесија со физичко присуство при секојдневно растење на бројката заразени нема! Едднакво глупо е со планирањето избори! Здравје, кај и да е до почетокот на сесијата ќе бидеме известени дали ќе има или ќе нема јунска сесија годинава.