Искрено да ви кажам, мене постресно ми беше полагање испит онлајн отколку во живо. А, и колкоквиум исто. Кога знаеш дека имаш точно толку и толку минути почне паника да те фаќа. А, за препис е тешко. Скоро и невозможно. Повеќето стават прашања двосмислени и логички.
Јас полагав 3 колоквиуми онлајн и ми беше далеку постресно отколу во живо. Времето за полагање беше смешно, на препис не се надевајте, не успеав ни да решам се' иаку добро имав научено. И затоа не сум за онлајн полагање. Од друга страна пак ситуацијата не дозволува полагање во живо... Инаку, вчера спакував куфер и организирав превоз за да се вратам Скопје денес, зошто нели, од 1ви е сесија. И еве ме дома, чекам уште некој стрес и лажни вести поради некоординација, како да не беше доволно досега. Фијаско!
Точно, јас не знам како се бунеа дека по ќе се препишувало онлајн, кога има предмети на мојот факултет конкретно што и книга да имаш ако не знаеш неможеш да препишеш, сигурно за едно прашање нема тогаш да ја проучуваш цела лекција, а од друга страна теоретскиот дел ќе го стават усно и некој препишувач стручњак нека се изјасни како ќе прочита додека професорот во очи те гледа. Построго е онлајн и може да направат да биде и по ефикасно, ама не тие се залагаа се само за со физичко присуство да се полага , а според статистиките на заразени се гледаше уште пред некое време дека тоа еневозможно. Точно е дека онлајн полагањето има многу недостатоци, како на пример многу предмети од некои факултети е невозможно да се полагаат онлајн, исто тука се и техничките проблеми ама за се може да се најде решение. А не УКИМ: со физичко присуство ќе се полага и тоа од 1 Јуни. За на крајот ништо од нивното Јас сум за онлајн но организирано полагање или пак со физичко присуство ама да не е во Јуни, од причина што ситуацијата не е воопшто подобрена. Иако мене и многу не ми менува затоа што сум прикрај, но за други студенти е стварно стресмо. Комично е ова што го прават и што сите различно кажуваат.
Само ме интересира кој е оној кредибилитет кој постојано го спомнуваат, а јас сметам дека одамна е нарушен со оглед на тоа што постои мито и ред други работи кој гледам дека често се занемаруваат. Онлајн не е може најдобар начин, но доколку нема избор подобро да не ризикуваме, а и препишувањето и не е баш така лесно. Знам дека ова е тотален хаос моментално, али да се надеваме дека позитивно ќе не изненадат.
Ова. Кај нас дури и додаваат материјал. Некои од видеата што ги закачуваат траат вкупно 6 саати (еден предмет, една недела), сигурно мислат спиеме со книга..
Глупости, вчера едно, денес друго. Ако веќе полагавме онлајн, да полагавме од март-април, а не вчера викаат физичко присуство - денес не. Многу неодговорно и нефер.
Кај нас имаа пишано, демек деканката рекла дека може да се организира со физичко присуство, а и мислам дека за тоа одлучува секој факултет за себе, автономно. Некои предмети кои можат да се полагаат онлајн - нека се полагаат, ама практичните не знам како.. Едноставно не ми е јасно како би полагал некој, на пример завршен испит Анатомија 1 кој се полага на леш практично, како ќе полага некој онлајн на леш???
Значи станува збор за мерки кои се предложени од комисијата за заразни болести, а усвоени од владата и претседателот на државата. Не е МОН институцијата шо одлучува во случајов.
Тоа што го напишав е согласно изјавата на Адеми дека не смеело да се закажуваат испити со физичко присуство. Вонредната состојба завршува на 31 мај, а со тоа и важноста на уредбите.
Луѓе сега ја прочитав изјавата на министерот за образование-ваква сум буквално ОК, дали може некој да ни посвети 5 минути само 5 минути на нас студентите? Да и ние сме потресени од Коронавирусот и ние не сакаме да си го згрозиме здравјето, а уште помалку да не боли глава за прашањата кога и каква сесија ќе има. Решете на 31Мај и јавете ми дали да полагам физички на 1Јуни, што има везе, битно за матурантите се решаваше на големо. Кога сте постапиле правилно па сега?УЖИВАЈТЕ!
Почитувани студенти, На вчерашната Ректорска Управа беше донесена одлука со која Јунската сесија се продолжува и наместо од 1 до 30 јуни ќе трае од 1 јуни до 14 јули - со можност за дополнително продолжување со одлука на факултетите, додека Септемвриската сесија ќе започне порано и ќе трае од 17 август до 25 септември - со можност за започнување на сесијата пред 17 август со одлука на факултетите. Врз основа на оваа одлука и временската рамка која е предвидена за одржување на сесиите, на вчерашниот Наставно-научен совет и денешната Деканатска Управа на нашиот факултет предложивме: Во периодот од 1 јуни до 14 јули, предвиден за спроведување на Јунската сесија, да се спроведат двата колоквиуми и испит од соодветниот предмет. Сметаме дека овој период е сосема доволен да се спроведат двата колоквиума и испитот, се разбира со почитување на сите препораки од Владата, како и во согласност на конкретен протокол предложен од страна на Комисијата за заразни болести. Доколку ова решение не е изводливо, предложивме: Започување на испитната сесија минимум една недела подоцна од најавеното во мејлот испратен на 15 мај, односно наместо 1 јуни сесијата да започне најрано на 8 јуни. Со овој предлог студентите ќе имаат дополнителна можност да се подготват за испитите и започување на сесијата. Во овој случај во јунската сесија ќе бидат предвидени 2 различни термини за полагање на предметите со разлика од 15 дена помеѓу термините. Вашата електронска пријава за испитот би била важечка за двата термини. На вчерашниот Наставно-научен совет и штотуку завршената Деканатска Управа не се донесе одлука за начинот и датумите на спроведување на сесијата. Потенцираме, веднаш штом добиеме конкретни и дополнителни информации, ќе бидете информирани и симултано известени. Еве за економски
Сепак они сметаат дека овој период е доволен за да наулите вие иако не знаете кога кој предмет се полага
Си играат играчки со нас,еднаш викаат едно еднаш друго. Да не знае човек што да планира. Еве ние до сега ништо не полагавме онлајн, ако не се планираше да се полага со физичко присуство, можевме да си полагаме и до сега по нешто. А сега што, сите испити онлајн. Барем да кажеа порано, ќе земавме колоквиуми. Јас лично сум против онлајн полагање, ама 10 пати сум повеќе против вакво заебавање и менување изјави 5 пати во 2 дена, навистина не е коректно, со оглед на тоа што немаме само еден-два испити, а и со оглед на тоа што не сме сите од Скопје, не знаеме дали да бараме сместување или не..
Сакаш да кажеш дека после 31 мај нема повеќе да има дистанцирање, носење маски, забрана за масовни групирања и сл.? Поради слични, ако не и идентични причини беше откажана матурата, која шо регуларно се одржува во јуни. Како сега тие регулативи не важат за студентите? Малку е апсурдно.
Не знам за вас ама јас 2 саати да издржам со маска во просторија која нема клима нема шанси. Ќе колабирам, најсериозно. Јас треба на практичен да полагам на микроскоп, да креирам кариограми и идиограми, од кои дел нешто едвај сработивме практичен, нешто само теоретски. А на практичен испит мора да дојде асистентот до тебе и да погледне на микроскопот кој е пред тебе, да намести на структура и да одговориш што гледаш. Или пак да ти каже кај да наместиш и он да провери.. Така да дистанцирање тука тешко.