Те разбирам потполно. Дали ќе има дистанцирање, носење маски итн итн, сигурно, но со одредени измени верувам со оглед што еве веќе на некој начин отвараат кафичи, ресторани итн., а и некаде прочитав дека и полицискиот час ќе го намалувале од наредна недела (ако е информацијава погрешна, извинете). Во однос на матурата, мое мислење е дека беше чисто политички потег. Можеа само да им ја одложат да речеме за јули еве, ама не, вака повеќе поени си собраа. Можам да зборувам само за мојот факултет, каде веќе пред една недела добивме детално соопштение со протокол како ќе се одвиваат физички испитите. Значи, колку ученици ќе можат да бидат во амфитеатар за еден термин полагање, каква заштитна опрема ќе треба да носат, по секој испит дезинфекција и одредено време после кое може да започне наредниот испит. Според мене, сега (како што пишува погоре за Економски) најдобро би било да се започне сесијата НАЈРАНО од 10ти јуни, ем има време да се следи до тогаш ситуацијата, ем ќе ни дадат и на нас повеќе време да се подготвиме и организираме за испитите со оглед што кажаа 2 недели пред полагање. Моите погорни коментари се однесуваа на фактот дека факултетите, односно самиот УКИМ е автономен орган кој самиот донесува одлуки за кои влијание МОН нема. Сега можеа Комисија за заразни да излезат со предлог мерки, предлог протокол како да се одвива сето тоа. Пак ќе кажам, секој факултет е многу многу засебен за можностите кои ги нуди. Кај мене на правен не е исто со медицински. Ова го кажувам од аспект на тоа како испитите се одржуваат, на клиники, во лабаратории, на леш итн како што членките погоре напишаа. Нормално дека тоа што за мене на правен ќе одговара, нема да одговара целосно на мединскински во однос како да се спроведе испитот. Затоа и погоре напишав, дека беше потребно секој факултет за себе да си се заангажира да обезбеди најдобра опција за студентите. За жал, се се остави во последен момент и настана целосна збрка, а и секако ние најмногу ќе ''настрадаме'' од сето ова.
Значи во нормални услови колоквиуми ни закажуваат минимум 2-3 недели однапред, а за испити некои професори уште во мај ни вадат распоред. Сега планираат по сите предмети, за помалку од 10 дена да ни направат распоред и тоа сеуште не знаеме дали колоквиум или испит. Нека им служи на чест.
Потполно се согласувам во однос на автономноста на факултетите да донесуваат одлуки. Еве одлично шо кај вас бил донесен протокол за одвивање на физичкото полагање и се надевам доколку се оствари се би се одвивало во најдобар ред, без да се загрози здравјето на студентите и професорите. И за матурата си во право, разочарувачки е тоа шо вакви постапки имаат политичка намера но, како шо рече и самата таа можеше да се помести за понатаму(пр. јули). Донекаде истото би го предложил и сзс испитната сесија, таа да се одложи бидејќи како шо и самите гледаме, бројот на новозаболени не спласнува. Но, кога веќе факултетите се толку упорни и убедени дека се би се одвивало во најдобар ред, им ја препуштам нив целата одговорност.
На ПМФ вчера дел од професорите прв пат дознале дека постои опција за враќање на 1ви јуни, другиот дел гарант не ни знае бидејќи уште си ќутат. Не знам дали да се смеам или да плачам. Страшно е ова.
Ако стварно почнеме на факс од први јас со страв ќе одам. Се пазевме три месеци, сеа за глупости ќе се заразиме недај Боже. Нема смисла ова, стварно голем ризик. А, и на факултетите доаѓаат студенти од цела земја па и од други земји.
Скроз ќе е на нив целата одговорност. И јас сум за да се одложи почетокот на сесијата. Ќе видиме деновиве. Се надевам брзо ќе се реагира, сепак е блиску јуни...
@Pixi5 точно е дека МОН не може да одлучува за УКИМ, но бидејќи наставата беше прекината со наредба од Владата сега треба истата таа да даде согласност за сесија заедно со Комисијата за заразни. Не знам што потреба имаа од Ректоратот да објават како ќе се полага, кога не е до нив, само збрки да се направат....
Извадок од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19. Единицата- Универзитетот и единиците во негов состав.
Да бидеме реални: и едното и другото решение имаат свои предности и маани. Само пред да ја отворат устата луѓево, посакувам да се информираа малку повнимателно. На вчерашната седница на ректоратот на УКИМ НЕ Е одлучено дека дефинитивно ќе се полага со физичко присуство и сите што вчера реагираа, треба малку да застанат. Секој факултет ќе одлучува поединечно и секако, зависно од тоа дали предметите можат да се полагаат онлајн (како што убаво наведовте погоре - предметите на медицина тешко онлајн на пример). Значи полека, прво нека се договорат, нека одлучат па после да почнеме со критиките. Второ, денешнава изјава беше еднакво непрецизна - ќе се полага онлајн се додека трае вонредната состојба (додека уредбите со законска сила се уште важат). Ама ако истата се укине на 30 мај, а сесијата почнува на 1 јуни, тогаш нема правна пречка да се одржи сесија со физичко присуство. Е сега доаѓаме до негативните страни што веќе ги наведовте - маски, дезинфекција, можност за поголема зараза, проблеми со превоз и сместување и финансии и се. Ама факт е и исто така дека НЕ СМЕЕ да се споредуваме ние со матурантите (ова мислам дека го образложив и во групата за матура). Прво, на факултет се многу поголеми амфитеатрите и може да се организираат испити во повеќе термини и на тој начин да се обезбеди социјална дистанца. А второ, некој погоре убаво си кажа - ако не ја бива сесијава, секогаш може да се полага наредна сесија. Значи не е толку трагично и не се обвинувајте себе ако одлучите да не полагате сега. И покрај се ова што е факт, јас сепак сум за онлајн полагање. Знам дека има негативни страни, не ме напаѓајте одма ама ако барем малку нашите ценети професори се потрудат за испитите, ќе видите како нема да има препишување и ќе има многу легитимна сесија. Па дечки, Кембриџ одлучи за онлајн предавања целата наредна академска година. Имам другари на други европски универзитети што ќе полагаат онлајн семестаров и чим ги видите протоколите смислени за испити, веднаш ви станува јасно дека нема теорија да препишувате или да се консултирате со некој. (Ако ве интересира повеќе за ова, можам да објаснам како ќе се организира) И сега знам што ќе ми кажете - ама не можеме ние да се мериме со топ универзитети. Епа како ќе се качува УКИМ погоре на Шангајската листа, ако не се угледа на топ универзитети што се наоѓаат на врвот на листата? Покрај тоа, и јас исто не можам да замислам како треба да бранам магистерска од 60 страни со маска на мене цело време и да одговарам на прашања, бидејќи прво нема воздух, а второ комисијата нема ништо да ме разбере. Како и да се одлучи, што и да биде, само нека кажат побрзо за да знаеме како да се организираме.
Ајде може Прво, најголем дел од испитите се организирани онлајн. Само на еден факултет ми имаат кажано дека ќе има половина онлајн, половина физички испити, и тоа само оние каде може да се обезбеди социјална дистанца. Тие испити што се одвиваат онлајн, најчесто се организираат на стадиони и слични големи, отворени простори, каде е помала шансата од зараза отколку стуткани во училници. Испитите и одбраните се одвиваат не само преку Zoom, туку се користат и многу други платформи, како Microsoft Teams, Starleaf, а и секој универзитет си има свој електронски систем (како кај нас iKnow) и во рамки на тој систем, има платформа за онлајн предавања/испити. Одбраните кои сепак се одвиваат со физичко присуство, се организираат без публика. Втора многу важна работа што ми ја спомнаа е дека факултетите обезбедуваат технички услови за студентите кои немаат. На пример, ако немате компјутер дома или стабилна интернет конекција или немате соодветна просторија дома за да полагате, треба да се обратите на факултетот и тој ви овозможува да одите таму (се е дезинфицирано и со социјална дистанца секако) и на факултет да си полагате, без нервози дома со интернет и слично. Последна работа што знам дека ќе ве интересира сите зашто многу луѓе (надвор од форумов) ме нападнаа кога реков дека сум за онлајн полагање, е во однос на контролата за време на испитите. Не постои можност за препишување зашто има јасни правила што треба да правите и каде да се наоѓате за време на испит. Има нешто што се вика 360 view: професорот пред испитот ви бара да му ја покажете просторијата каде што сте, таа треба да е затворена, да нема непотребни предмети на бирото пред вас и само вие да се наоѓате во неа. Кога се работи за писмен испит, пишувате на word фајл на компјутерот, а во тој случај, правите screenshare со професорот и тој може да го следи секое ваше движење на компјутерот и отварање програми и слично. А секако ве следат и преку камерата. За усни испити се остава време за концепт, а потоа раскажувате пред професорот, ама повторно се поминува низ истиов процес горе. Ако ве интересира повеќе, ми рекоа дека сите овие информации се јавно достапни, значи претпоставувам дека ако одберете некој универзитет и ја отворите неговата официјална страна, ќе се појават овие информации. (Само да кажам дека ова горе е од луѓе што студираат општествени науки, значи не ме прашувајте за лабораториски вежби и полагање практични испити зашто стварно не знам )
Да, во право си, ова е понапредна организација на сесијата. Ама нашите универзитети веќе треба да размислуваат во оваа насока, да сфатат дека е 21ви век и технологија мора да се користи. Дополнително, ако се случи втор бран и наредниот семестар (или повеќе семестри) треба да се одвива онлајн, како што најавуваат странските универзитети, тогаш оваа сесија сега треба да е почетокот на премин кон онлајн студии.
Ако се полага онлајн не значи дека ќе има препишување, секој од студентите ќе уклучи камера и професорот ќе следи што прават студентите, може да се организираат помали групи за да може да се следат убаво студентите. Тоа е најмала пречка.
Треба да одиме кон унапредување, ама како кога на секое предавање мора да се изгуби презентација, да се изгуби конекција, да не се слуша професорот, да не можат да прикачат презентација. Потоа, при вакво невреме како денес, често знае да снема струја, интернет и слично. Од технички аспект не сме доволно спремни. Препишувањето нема да го коментирам, тоа е друга приказна. Менталитетот ни е таков да направиме некоја превара. Ако се спроведе кај нас ќе биде тежок fail. Зашто за две недели не се реално способни да се организираат. Жална реалност.
Можам да потврдам за протоколот на онлајн полагање и претходно кажав дека имам другарка шо студира во Романија која шо веќе полагаше колоквиуми и допрва ќе полага испити онлајн преку сопствена платформа на факултетот. Потполно исто со 360 преглед на просторијата каде седиш, screen-share и сл.
Имаа време од 2 месеци да средат а не две недели.... Исто така ова требало наназад да се размислува од кога почна да се дигитализира се. Светов оди напред можеш сосема од една држава да работиш во друга преку интернетот а не да правиме муабет за полагање.
Јас ова го гледам како една голема можност да одиме напред, доколку постојано би можело да ги слушаме предавањата онлајн гледајте во колку голем плус сме,прво тие ќе се снимаат и ќе се поставуваат на некоја платформа па може и јутуб со тоа ќе можеш да ги погледнеш кога сакаш, доколку нешто не ти е јасно да го премоташ назад да го слушнеш и повеќе пати, потоа времето ќе си го распоредиш подобро со тоа што дури ќе можеш и да работиш па ако сакаш навечер да слушаш предавање или кога сакаш... Ова се само неколкуте предности на онлајн предавањето на студентите. Секако и професорите би имале корист од ова што и нивното време ќе биде подбро организирано, а не да заборават да ти кажат дека немаш предавање или па не можело да се стаса... За мене ова е еден голем плус кој треба да се искористи, и веќе присуството на фах да не е маст хев секако за исклучок на факултетите кај што мора.
Правила и протоколи се веќе смислени, како што можете да видите од искуствата на наши блиски во странство. Значи нашите универзитети не треба да измислуваат топла вода, на тацна им е даден протокол, тие само треба да го спроведат. Е сега, факт е дека не се трудат и одат по линија на помал отпор - најлесно е да си тераме како што било досега и да не менуваме ништо. Ама ако навистина светот се движи кон нешто што експерти го најавуваат како “new normal”, тогаш мора да размислуваме на прилагодување кон истото. Највредната вештина што може да ја извлечеме од ситуацијава е флексибилност, ама некој треба да сака да се адаптира. Инаку на тема препишување, напишав горе, а и членот кој го цитирам напиша, има механизми на следење и препишување тешко. Не сакам да кажам невозможно, зашто ако има студенти што нашле начин да препишуваат во живо, тогаш сигурно на некого ќе му текне како да го направи тоа и на онлајн полагање. Ама не мислам дека е полесно да се направи тоа онлајн отколку во живо.
@raww имаа два месеци да, ама не ги искористија. Сега имаат две недели, поминаа месеците, не можеме да ги вратиме. Ако планираат онлајн јунска комедија ќе сме. Едвај се натераа професорите да држат настава онлајн. За УКиМ можам да кажам дека само ФИНКИ и ФЕИТ беа најбрзи со настава и по некој "залутан" професор од другите факултети. Да не зборувам дека има факултети каде што нема ни трага ни глас од одредени професори, кои "не можеле" онлајн. И покрај скоро два месеци настава, сè уште има пропусти во нејзиното спроведување. И за да е поинтересно студираме на универзитет каде што пишуваме мејл за да добиеме одговор на претходниот мејл. Да, на тацна им се протоколите, ама некој треба да ги стави во функција. Убаво објасна @CharmedGirl не се трудат ни со 300 молби, ако можат да поминат така, зошто да не. Наместо да подобрат, тие ништо не прават. Уредбата со може, но не мора, за нив беше автоматски не мора. Помина што помина. Мора са се дигитализираме, и тој еден систем од iknow е катастрофален и ајде да не речам скоро без функција, кога сè правиме дополнително на хартија. Факт е дека се подобри онлајн предавањата, не губиш време за да одиш до факултет, можеш да го слушаш кога ќе посакаш, поголема организираност. Има премногу придобивки. Делумно го поминавме тестот онлајн универзитет. Единствено што треба е да се согледаат сите недостатоци и пропусти и да се подготвуваат кога ќе дојде вториот бран да се веќе спремни.