Во врска со Ворк енд Травел, за Америка конкретно, сега засега само интервјута за виза се откажани и се ставени на стенд бај. До кога, не се знае, но програмата како цело е активна. А ќе пишаат од амбасадата кога ќе се продолжи со интервјуата. Е сега, има дечки кои се откажаа, има и реботодавци кои откажаа договори и некои пробаа да најдат друга работа преку агенциите и/или сопствена понуда. Јер има некакви претпоставки и очекувања дека сезоната ќе биде слаба. Но само претпоставки и очекувања. Засега се е исто како и пред вирусот. Ова не се однесува за агенција од Македонија, ниту за амбасада на Америка во Македонија. Но би требало да е исто, бидејќи програмата е таа.
Нема да се дозволи губење година. Барем јас така мислам. Нема шанса. Греота е. Што со полуматуранти, матуранти. И онака повеќе од пола материјал е изучен. А има и програма скратена. Ќе учат по неа сигурно. И јас имам ученик дома и не би сакала да губи година,а и не верувам тоа да се дозволи.
Кај нас на факултет дојде известување дека првата колоквиумска недела е откажана (што е и нормално) и дека за одржување дополнително ќе нѐ известат. А требаше од 31.03 да почни. Е сега стварно не знам кога воопшто ќе има услови да се реализира. Со онлајн настава барем ние со факултет колку толку можиме да поминиме. Зафркнато е со овие факултети што имаат задолжителни вежби и за сите со полагањето. А и за практична настава нас ни бараат задолжително. Ситуацијава можи да трае неколку месеци, така да не верувам дека во скоро ќе можиме да полагаме. Дали е можно директно на испит да се полага? Мислам дека и в лето ќе треба да одиме (ако се потсреди ситуацијата дотогаш), ама што е тоа е. Здравјето пред сѐ.
Од ова онлајн настава нема аир и не може никако да ја замени класичнта настава и програма. Се надевам дека ќе ја продолжат школската година. Не верував дека ќе го кажам ова некад, али ми фали школото ептен.
Сметам дека нема да ја изгубат годината. Некаде почеток на мај би требало да се вратат на школо сите засегнати страни и претпоставувам ќе се одработуваат пропуштените часови во саботи. Така школската година би траела до крај на јуни, почеток на јули евентуално. Наставата ќе биде поконцентрирана во овие преостанати месеци. Ама и неформалното образование е добредојдено, а уште подобро ако родителите ги надгледуваат децата и им помагаат редовно во процесот на совладување на нови лекции покрај наставниците.
Ние оваа недела требаше прва колоквиумска да имаме. Нормално не се одржа. На тв гледам министерот вика нешто од понеделник онлајн колоквиуми да се полагале. Кај нас ништо такво известување не стигна освен некои линкови за онлајн настава. Не верувам да се реализираат баш тие онлајн полагања. Евентуално ќе биде од јуни испитна директ... Али само мое мислење, којзнае како ќе направат. Да се губи година, 95% нема. И онака мал дел уште остана до крај.
Не верувам дека до мај ќе се среди ситуацијава, со оглед на тоа дека пикот на заразени кај нас се очекува во април. Еве во Кина дури после 2 месеци се враќаат на школо, но повторно со маски и претпазливост. А кај нас едвај сега ставаме маски кога е најголема опасноста па камоли на крај. На факултет почнавме со онлајн настава по некои предмети, иако не е исто како предавање во амфитеатар сепак е најдобро решение во оваа ситуација. А за испити и јас мислам дека во јуни ќе полагаме, тешко дека би можело онлајн да се полага колоквиум.
Феминки гледам дискусија има за корона а не влегувам често на форумов па сега ја видов хаха. Сакам да прашам сега вака со прогласувањето на вонредна состојба дали некоја од вас има сознание да сподели околу наставата за факултетите и училиштата дали и таа дури трае вонредната состојба се прекинува или како? Јас сум студентка и кај нас на факултет, а ко што слушнав од колеги и колешки од други факултети уште официјално нема ништо истакнато. Некои кажуваат демек вонреднава е прогласена зошто собранието е распуштено и во интерес на владата да може да донесува интервентни одлуки така да многу не сум упатена. Некоја од вас ако знае поконкретно нешто нека сподели тука чишто како информација. Ви благодарам.
А чекај немате предавања ? Наставата беше прекината 1 недела и се си продолжи, а на факултет најверојатно нема да се оди уште неколку недели (па и месец)
Предавања ако мислиш на онлајн се уште не освен што од страна на некои професори ни се испратени презентации за да сме во тек со материјалот како треба да оди.
Нема да се повторува. Има еден член од законот кој ве штити во време на елементарна непогода бидејќи повеќе од пола школска година е помината.
На економски ќе почнат со онлајн настава а и министерот денес кажа дека тоа ќе се воведува кај сите факултети.
Тоа за онлајн полагањата беше за Американ колеџ, нивниот ректор зборуваше за тоа. А тој на УКиМ само кажа дека ќе разговараат како што за испитите и другите полагања на следни состаноци, засега ништо. Дека онлајн предавањата ќе станат пракса, тоа сигурно не. Сега не ги одржуваат сите, кој како, добра волја на професор. Полагања и тестови нема да направат онлајн, макар и со квизови со одреден тајминг, сепак не е меродавно да сме реални, од дома решаваш, не е исто, сите се свесни, евентуално во краен случај. За средните и основните училишта би требало да оценат по зададени домашни задачи, семинарски и слично. А за факултетите испити, со повеќе сесии и можности веројатно.
Онлајн настава дали и како ќе се одржува останува на професорите. Ние од факс уште немаме некоја официална информација. Само еден професор ни пиша да пратиме список кој би можел да следи па ќе нѐ известел, а останатите ништо. И ајде теоријата ќе ја совладаме. Праксата е проблем. Ако не си таму на лице место, дома тешко сам ќе совладаш.
Кај нас никој ништо не кажува, професорите не одговараат на мејлови, а не па да пратат материјали (по еден предмет немаме книги, на секое предавање дознаваме шо ќе се учи тој ден). За онлајн предавања никој ни нема спомнато, прашање е дали воопшто ќе се одржат и колку ќе се ефикасни.
Не знам што е толку чудно за онлајн наставата? Во Америка тоа е дел од секојдневието. Не знам што очекуваа нашиве универзитети, да се враќаме во 17ти век? Мора да се дигитализира и образованието. Јас се надевам дека онлајн предавањата ќе останат и после целава агонија. За полагање, доколку не се реши целава ситуација во најскоро време (а нема), ќе треба и тоа да се прави онлајн. Колку ќе бидат оценките реални, тоа е знак прашалник, но поместување на цела сесија во лето е најнеповолното решение. Впрочем и која е поентата да имаме предавања сега за нешто што би се полагало во август или септември?!
На ПМФ ни кажаа дека додека се овие 30 дена ке си седиме дома и следиме дел од предавањата електронски. До 18 април ке биде вака.
Добро е да се дигитализира, но прашање е колку од професорите ќе одржуваат онлајн настава. Не е онлајн само ако пуштат материјали за работа, онлајн е да го предаде тоа што го пуштил. Поентата е дека често се случува да слушаш предавања за нешто што ќе го полагаш многу подоцна, тоа за жал се случува на факултетите. Пример се предава за нешто Б, а се полага на колоквиум за А, тоа е така зашто предавањата за А поминале многу одамна, а за Б ќе полагаш потака.
Првично е така, ама секој ден ако ни расте бројката на заболени, има можност за продолжување на тие 30 дена.