Многу нормално дека нема да функционираат платформите кога се бира квантитет а не квалитет. За да изработи платформа победува оној со најмала понудена сума и затоа ништо не ни функционира
Дали може од УГД да споделат како било онлајн полагањето? Имам некои прашања, некој ако сака може да ми одговори. Дали тестовите беа исти како во нормални услови? Чисто ме интересира, да имаме у предвид секаква можна ситуација. На пример анатомија 1 имавме елиминациони тестови со 12 прашања на заокружување и 8 прашања т.е табели кои треба да ги пополниме. Дали на истиот принцип би ни дале онлајн тест, за да знаеме шо би очекувале? Или имавте нешто сменето и поразлично? Исто 1час ли траеше полагањето? Усно би одело на камера муабет со професор само 2ца или повеќе вклучени би биле? Дали бевте навремено известени за тоа како ќе изгледаат колоквиумите и колку време ќе трае полагањето? На Тимс ли се полагаше? Ја сум за онлајн полагање, но да не биде нешто сменето и да сме изненадени зашто не сме знаеле као и шо ќе е, па да е во наша штета.
Ако беше за онлајн што не кажаа досега да му се сневиди? Барем два предмета ќе си исчистев ако можеше да се полага. Макар што и онлјан знае да ти снема нет или да падне системот или друго. Ама веќе го претераа. Не знаеле како? А што, чекаа последен момент за да мислат како? Еднаш мораше да одлучат и им текна сега.
Баш така, ако беше за онлајн да полагавме и до сега, три колоквиумски не полагавме, ќе ни биде се на испит, за што, за онлајн да ги полагаме? Да беше за онлајн ќе завршевме со колоквиумите до сега. А и нема секој баш услови за онлајн, мојата цимерка и колешка, живее на планинско место, ај што и паѓа нетот на секое, туку и често струја знае да снема, такво е местото.. Професорот сигурно нема да ја чека да и дојде интернет или струја.
Колоквиум е потешко. Кај нас платформата е направена само како квиз. Имаше тип прашања и одговори да се поврзат. После имаше точно/неточно и тип прашање со повеќе точни. Земите во предвид дека оваа програма е направена откако е создаден УГД. Ние и лани полагавме на таа програма кога немаше Корона. Така да, онлајн полагање не ни беше нешто ново. Тешки се, да. Резултати одма дава после завршеното полагање. Имаш пример 20-30 прашања за 30мин. Треба да си уклучена пример у девет, тогаш ја даваат лозинката и одма почнуваш. Има pros и cons секако. Е сеа некои бараа во исто време додека полагаме да сме вклучени на тимс со камера и микрофон. Поголем дел не бараа. Испит одеше на тимс усно околу 5-6 студенти. И, да. Знаевме во колку полагаме, колку трае и колку прашања се. Мене вака ми е потешко пошто времето ми ствара стрес. Инаку да се едитирам. Значи реално, според мене квиз е најдобро решение. Не може есејски пошто така професорот ќе изгубе многу време. А, и така многу е полесно за препис (мое мислење). Од друга страна ако се дава оценката автоматски може и еден збор да згрешеш и да ти даде нула поени. И многу не е фер спрема вас. Пошто немавте ни многу предавања онлајн како што знам. А, имате пре пре премногу материјал. И испадна на крај дека ни министер, ни професор, ни асистенти не ни излаваат во пресрет. Нас сега ни е втора кол.недела и за една недела треба да полагаме и практични и колкоквиуми. И тука не е многу организирано.
А за иклучоци не знаат... Инаку ќе завршевме со некои делови од одредени предмети, сега вистина не е фер во јуни да биде онлајн, а во април не можело. Смешно е.
Во однос на едитираното од @GirlRose за оценката автоматски, на ПМФ имаа математика квизови, само точниот одговор да го внесат и пример ако имаа внесено 2 им беше грешно, требало 02 и слично.
Нели во НАТО влеговме, па ЕУ е следно? Како очекуваат да не примаат кога неможат basic работи да направат? Сега недела пред сесија ќе се решава што да се прави со студентите. Искача како да се натрапници за нив, матуративе се побитни од нас?
Епа тоа е, за нив беше лесно, откажи и готово, шо ќе се замараш. А за нас треба замарање, па ајде одлагаа. Едит - а мене ме интересира како онлајн ќе цртам огромни структурни формули? Не е само NO2 да пишам него големи органски формули и по неколку во реакција. Па со двојни врски, со секакви чуда. Пола од времето ќе го изгубам. А со пенкало на лист и со маус на компјутер голема разлика е.
Ние па баш утре ќе правиме колоквиум со 40 прашања (во времетраење од 45 минути) од кои 20 прашања ќе бараат да внесеме точен збор. Една буква да се лапне/згреши или грешка при членување и ете 0 поен.
Бројкиве на нови заразени ме плашат искрено. Не ми е ради мене, повеќе ми е страв што ако се заразам јас ќе ги заразам и моите дома. Ајде јас не сум во критична категорија, но имам родители кои се повозрасни и нормално се во ризична категорија. Се надевам дека ќе биде онлајн, премногу е ризично.
Со волку новозаразени секојдневно, ако и покрај се јунската испитна сесија биде со физичко присуство, а не онлајн, одлучена сум дека нема да одам на факултет за да полагам. Поважно ми е здравјето, отколку испитите.
Од ФФС ова така? Браво, шо ти значи правници, колку убаво напишано и срочено у еден пост ама се опфатено, камоли кај нас вака чил и убаво на смирен тон да пишуваа. И го пратив на колешка, вика не студирам на правен ама и мене ми разјаснија многу работи, свака им част.
Многу сум збунета. Сега факултетите сами си одлучуваат, а треба да пратат одобренија до Комисијата за заразни болести да се одржи сесијата физички?
Од ФФС да, искрено ептен сум задоволна, многу се имаа заангажирано уште од сам почеток. Спроведоа анкета, дадоа целосна листа на тие што гласале, со бр на индекс и што гласал (беше наведено дека вака ќе ја објават), пред секој состанок со факултетската управа објавуваа точки што ќе ги предложат итн итн...Overall, одлично се поставија.
Браво. Ама вие и закони си знаете, не може да ве зафркаваат, ете шо убаво си пишале минимум 10 дена распоред пред полагање иначе нема да полагаме и крај. Кај нас генерално сме незадоволни од ффс, многу работи ветуваа и нишо не напраија. И не се вака одлучни, како ќе им речат, не се бунат ич... Али добро кај се нафатиле на тоа, сепак покрај толку испити и со тоа да се бавиш на медицински, не може да се побуниме, голем дел не би прифатиле тоа ради обврските. Така да што е тоа е. Постирај пак ако има нешто вака за испитната, супер објаснување беше.