Според став 3 од членов, испитите и колоквиумите ...блаблабла за што одлука донесува единицата (единицата-факултетот) јас го разбирам и толкувам дека секој факултет ќе си донесе одлука за сесијата и испитите. Ако сум грешка, исправете ме. Едит: Сметам дека сега Комисија за заразни треба да излезе со протокол за спроведување испити физички, кој протокол понатаму секој факултет ќе го доработи и приспособи на своите можности, простории, видот на испити и секако во најдобра опција за своите студенти. Се разбира, се надевам ќе се прифати и барањето испитната да почне од 8ми па натаму, ќе се остави доволно простор да се направи протоколот а и ќе се следи бројот на новозаболени. Во меѓувреме, се надевам ќе се среди транспортот за студентите од други градови и престојот тука.
Прееска требаше да имаме предавање онлајн ама професорот имаше проблем со компјутерот. Неколку пати се уклучи ама брзо се исклучуваше. На крај ни пиша да го одржиме друг ден предавањето. И ако вакво нешто му се случи на студент на онлајн полагање, ќе поверува ли професорот? Ќе можеш ли да докажеш дека стварно си имал проблем?
Не знам како е со другите факултети, но на мојов факс едвај еден професор се нафаќа да одржи онлајн предавање и тоа по предмет што може да се помине и без истото. Дали кадарот им е необучен за вакво нешто или едноставно не сакаат да се замараат и да се малтретираат, еве не знам. Мислам дека токму од оваа причина и се форсира на физичко присуство. Кој се разбира да пушта zoom или да се труди да научи, па згора на тоа да губи време еден по еден да одговараат и да ги пази. Свашта.
Така е, секој универзитет одлучува поединечно, а ако универзитетот го остави тоа прашање отворено (како што го направи тоа УКИМ), тогаш секој факултет ќе одлучи поединечно. Е сега независно од тоа, заради фактор што зборуваме за виша сила - епидемија на вирус кој е закана за здравјето на студентите, Комисијата мора да подготви протокол за организирање на сесија со физичко присуство. Ама пред да се случи тоа, Комисијата прво треба да направи проценка дали таква сесија претставува ризик од дополнително проширување на заразата. Според мене, Комисијата е таа што го има последниот збор, таква ми е логиката. Е сега не верувам дека факултетите би дозволиле воопшто да нема сесија, не им одговара тоа финансиски, имајќи во предвид колку заработуваат од казнени сесии и пријави за испити и слично. Ќе видиме што ќе се одлучи до крајот на месецов.
Комисијата кога веќе ,,даде амин,, за одржување избори, не знам зошто и за нас не може да се приготви еден протокол
Пак ќе повторам, горе-доле немам позитивно мислење за онлајн полагањето, еве студенти се жалат за нерегуларности во изведувањето на онлајн наставата, и јас можам исто така да потврдам дека одвивањето не е беспрекорно. Меѓутоа, сакам да потенцирам неколку моменти од почетокот на пандемијата, кога веќе беше очигледно дека нема да се вратиме во амфитеатрите за скоро време. Имено, во тој период произлезе потребата од алтернативен начин на спроведување на наставата за со цел да се спаси семестарот. По одреден период ФСС на медицински заедно со деканатот излегоа со став дека ќе набават платформа за онлајн настава и дека плановите за нејзино изведување се во изработка, а потоа излезе некој првичен распоред. Во меѓувреме се правеа напори да се стапи во контакт со професорите, ако добро се сеќавам деканатот испрати мејл до сите професори, на кој мејл НИКОЈ НЕ ОДГОВОРИЛ. После тоа ФСС излезе со став дека не можат да стапат во контакт со професорите и дека тие НЕ СЕ ДОЛЖНИ да одат од канцеларија до канцеларија и да бараат од нив да ни одржат предавања. Од тогаш па се до денес, нередовно се држеа предавања, се откажуваа во последен момент, се закажуваа 5 минути пред нивното одржување, професорите не се снаоѓаа за најосновни работи, многу слаба интерактивност и сл., дополнително по сите предмети не ни беа доставени материјали во електронска форма, па мораше сами да се снаоѓаме. Мене ми е трагикомично, после сите овие перипетии, УКИМ, а како шо ми се гледа и ФСС да бараат да се одржи регуларна сесија како ништо да не било. ФСС па уште и потенцира дека уредбите завршуваат со крајот на вонредната состојба, а испитната е после тоа.... Баш онака си замислувам како вирусот на 31 мај си ги пакува куферите и од 1 јуни ние комотно си одиме на полагање. Повторно ќе потенцирам дека и со соодветен протокол, поради специфичноста на ситуацијата, активностите ќе се одвиваат многу отежнато, тој еден месец шо го дадоа за полагање е деф малку, а притоа ризикот на кој сме изложени е навистина голем. Значи не треба многу за еден студент да се зарази, па дури тогаш ќе биди шо ќе биди. Со овај пост сакав да потенцирам дека поради незаинтересираноста на мнозинството професори(барем мене шо ми предаваат), деканатот, а богами и членовите на ФСС кои патем ни се колеги, студентите ќе го сносат сиот товар па и на крај и криви ќе испаднат! "Шо сме праеле цело време? Кој ни бил крив шо не сме учеле? Не ни се учело, па сега сме биле со намера да ги откажеме испитите.." Ова не е прв, а ни последен пат кај шо студентите меѓусебно се обвинуваат и препукуваат, поради тоа што државните институции не си ја вршат должноста.
Е буквално вака се понашаат. Инаку последната реченица го доловува токму она што се случува на сите факултети. Навистина поради неодговорноста и незаинтересираноста и на УКИМ и на министерството, сега студенти ќе си создаваат непријателства поради различна положба во која се наоѓаат. Повеќето од оние кои можат да допатуваат со приватни возила и имаат стан во кој може да престојуваат секако повеќе ќе се за сесија со физичко присуство, не мислејќи на оние кои ги немаат истите можности и ќе треба да се влечат по автобуси. Од друга страна и за онлајн полагања не се во состојба да ги искоординираат соодветно, а и многу професори верувам дека не се сложуваат и не се нафаќаат да одржат таков тип на испити. И од сето ова само студентите си го извлекуваат подебелиот крај како во поглед на физичко здравје така и во поглед на психолшки стрес и напнатост. И секако најмногу во поглед на знаење и резултати. Многу, многу ми е жал кога гледам низ што треба да минуваат сега особено оние кои се во првите години од студиите. Знам колку ми било тешко привикнувањето на факс и сите промени кои доаѓаат од животот во нов град и без овој хаос, а со ова верувам дека е уште покомплицирано и отежнувачко.
Верувам дека ова ќе биде најголемиот изговор на крај. Колку и да си учел, во вакви услови, психолошкиот фактор игра голема улога. Сите сме во кризава и на сите различно ни се отсликува ситуацијата. Додека некој нема никаков проблем да седи дома, да си учи, постојат и такви студенти на кои лошо му влијае целата оваа ситуација, па едноставно не можеле да се сконцентрират. Има и такви студенти кои се заразиле од вирусот, па наместо да учат, се лечеле од вирусот. Како и да е, прво и основно треба да имаат разбирање, дека материјалот ниту е предаден како што треба, ниту праксата е одржана како што треба. Апсолутно не укривувам никој, ама дека не се организирани, не се. И не ми се допаѓа објавувањето неофицијални информации кај нас во ФСС. Буквално на секој нов пост се стресувам. Се надевам ќе испадне нешто од сесијава, колку толку да си олесниме работа со некој предмет, а потешкотиите, тек допрва ќе ги почувствуваме.
Мене сега ми е јасно дека ние како студенти кои сме иднината на земјава, третирани сме како најнебитна и најпоследна алка во општеството.Зошто после сите сакаат да бегаат? Не знам еве и јас се прашувам, стварно не ми е јасно. За сите сектори можеше да се донесат одлуки, за нас ај ќе чекаат до последен момент и уште секој ден нешто ново ќе кажуваат. "Еве ви сесија за 5 дена, кој ви е крив што ве заебаваме цело време, ако сте си учеле ќе си знаете, баш ни е гајле дали можеби сте биле директно засегнати од вирусот или не, дали имате можности да полагате во условите кои ги кажуваме ние или не исто не нѐ интересира, битно нашите матуранти беа под огромен психолошки стрес и веднаш одлучивме за нив, вие не, вие сте имуни и на стрес и на корона и на сѐ, ќе си седите и ќе си ќутите во амфитеатар ".
Леле и јас. Огромен стрес ми прават. Таман ќе си речам леле супер се информациите, значи нема да е толку лошо. И за брзо време сосем спротивно од тоа. Стресови ми прават, до сеа не знам колку пати ме изнервираа. Веќе отрпнав и се трудам да не ги ни читам, ни сериозно да ги сфатам. Денеска затоа уште коа прочитав неофицијални информации бев ко нема нишо од ова да е. Не знам на другите факсови шо се одлучи и дали е подобро ама ова кај нас е циркус. А колку и да учиш толку обемни предмети во 2 сесии да се положат и супер да се знаат е речиси невозможно. Катастрофа... Ем ќе сме осакатени со знаење од овој семестар, ем па ќе е на наша штета ако не положиме некој услов и слично. Немам веќе зборови. Големо разочарување е ова.
Студиските програми и испитите ќе можат да се реализираат и со физичко присуство на факултет! Со цел нормализирање на процесот на студирање, односно реализирање на наставата на вообичаен начин прифатлив за најголем дел од студентите, како и во насока на подигнување на објективноста при проверката и оценувањето на стекнатите знаења, Владата на Република Северна Македонија денес ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба. Измените на Уредбата предвидуваат секоја високообразовна установа каде постои можност за целосна примена на веќе изготвениот протокол за полагање испити на високообразовните установи, освен организирање на далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација, да може да организира и реализација на студиските програми и проверка на знаењето со физичко присуство на студентите и професорите, a воедно и преку физичко присуство на вработените да се реализира работата на Стручната служба. Тоа подразбира дека високообразовната установа во меѓувреме може да организира и предавања, вежби, да спроведува форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуална настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно-научната и уметничката област, понатаму и да организира консултативно-инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагање на испити и колоквиуми, како и одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови во своите простории. Се разбира, сето тоа да биде согласно протоколот и сите досега изречени мерки за заштита од коронавирусот COVID 19. Полека, но сигурно воспитно-образовниот систем во државата се враќа во нормала и неговото функционирање се прилагодува на новата реалност. Работиме во интерес на сите засегнати чинители во овој општествен сегмент - секој да може непречено да ги оствари своите права и да ги исполни своите обврски. https://www.facebook.com/1744160292494320/posts/2680196938890646/ Еден ден нема испити, друг ден има испити. Може трет ден ќе слушнеме дека поминале испитите.
Прекомично е оваа , еднаш не затвараат по дома, оти е ризично нели, еднаш време е во нормала да се врате се и не тераат во Скопје сите да се збираме. Трагикомично. Немам зборови. А бројката на заразени ниту е намалена , ниту ќе се намали како што оди ситуацијава.
next level курташак си играат. Едит: https://citaj.mk/2020/05/22/vladata...GuigqVrj2PAXf4GRSNEFPbmDFDYWkIjMNXZv_LJLZTyt8