Дечки јас морам да прашам. Дали на било кој факултет се знае дали првин ќе се полагаат колоквиуми или директно ќе се оди на испит? И ако се полагаат колоквиуми еден, два, три или колку и да се од еден ист предмет, како е планирано тоа временски? Дали ќе има простор помеѓу или еден по друг ќе биде, и која е смислата ако се полагаат еден по друг кога нема да има време ни да се повтори материјалот? Ако имате одговор на било кое од прашањава би ви била благодарна доколку споделите.
Ќе има 3 сесии во јуни. На секој втор ден ќе се полага предмет и секое полагање ќе се рачуна како сесија. Така барем на, се шалам иначе, да не биде ептен приметно ако го ставам на крај од реченицата. Тие информации ги имам јас.
Оваа година 1-ви април за нас студентите трае два месеци. Додуша од мојов факс никогаш не сме биле ко што треба за нешто известени, а сега ова и ко нов левел иде па си реков да прашам барем кај другиве факсови како е. Забавно ќе биде и во јуни и во август/септември со „толку многу“ инфо што имаме.
Ништо не се знае. Ама тоа што се знае е дека ние на Медицински повеќе ќе бидеме оштететни отколку што ќе имаме било каква корист. Ветуваа дополнителна сесија, НЕМА. Ветуваа полагање и во прв и во втор рок, НЕМА (професорите не можеле да постигнат). Ветуваа само усно полагање, кое и после три месеци дискутирање, не знаеме дали ќе постои или ќе мора да полагаме и колоквиуми. Не дека во нормални услови ни беше идеално, ама барем од април месец имавме распоред за сесијата и знаевме кој предмет кога да го полагаме. Ниту распоред, ниту план, Н И Ш Т О. Ниту може да се организира човек, ништо. Учиш едно, мислиш на друго, а другите пет чекаат на дневен ред да дојдат. Барем гратис соба за на психијатрија да ни дадат после сесијава. Црно ни се пишува. Ааа да, одлуките се менуваат од час во час! Не знаеме што ни носи утре!
Треба да ви овозможат барем само со усно полагање да минете. Аман не мора и колоквиуми, мислам состојбава во која се наоѓаме и времето кое е на располагање не дозволува да се мине се' што требало да се заврши во изминатите месеци а не било возможно. Не за џабе е предвидена програма по која ќе се совладува материјалот и соодветно на тоа колоквиуми, но кога тоа не може да се реализира во целост како што треба тогаш навистина е потребно да се промени принципот на испитување на знаењето на студентите. Сега баш прочитав за кај нас неофицијално јуни тешко дека ќе се полага нешто, бидејќи се' уште биле во неизвесност како ќе се движи бројот на заболени. Не знам што се случува, ама изгледа можно е да има повторно некакви рестрикции и пак се' да се смени во последна секунда. '91 минута пенал на нерешено е ситуацијава.
Ништо од сесијава а? Еј, што уста ќе беше ова бре.... Загреани од јануари......ама сесијава си пее: "не може ми нико ништа, јача сам од судбине ".
Не можам да се досмеам на муабетот што го правевме во јануари Пеперутче. Ама не се предаваме ма, ќе положиме па ако треба светот да се преврти.
Искрено дечки, што гледам ова по социјални мрежи како се бунат студентиве за физичково полагање некако ми е булшит. Се жалат за тоа, а пред тоа постираат како одвај чекаат да се отворат кафичи и кафани. Значи проблем им е да полагаат во простории соодветно со мерките, а не им е проблем да киснат по моловите и да седат по кафичи? Ене, поминете у градски парк утре и ако не видите барем 10 колеги од факс у групи јас глава сечам. Мислам дека сите кренаа узбуна поради физичкото полагање поради можноста за онлајн и праење триста далавери у позадина за да положат полесно, сите добро ги знаеме нашиве студенти и нивниот потенцијал за снаоѓање и препис, а и неспособноста на професорите општо да раководат со онлајн платформиве (со исклучок на некои). А за неорганизираноста на надлеживе нема воопшто да коментирам, среќна сум барем што ја преместија сесијата од 15ти да почнува, наместо на први и што имаме колку толку време за подготовка. Нас нè известија дека распоред ќе има по завршетокот на рокот за пријавување на испитите, бидејќи чекаат да ја знаат конечната бројка и по тоа да се организираат за предавални и слично. Што значи да не очекуваме распоред пред 5ти јуни.
Пред околу еден месец полагав по еден од најтешките предмети за мене, 3 дена пред полагањето не спиев, буквално душата ми излезе, и на крај на сред полагање ми се исклучи лаптопот и не ми се уклучуваше. А ептен се израдував кога ги видов задачите, си реков супер, 99% ги знам, сигурно ќе положам ете ми вредел трудот. И таман решив неколку, ми се исклучи. Не можам да опишам кој нервен слом го доживеав. Му пишав на професорот, му објаснав што се случи, не ни ми врати, само ги постираше резултатите после некој ден и си имав 0 поени. На друго полагање, на еден студент му се исклучи интернетот, па пуштил хотспот од мобилен и се уклучи пак (буквално за 1 минута). Професорката запримети (нели на zoom им се покажува кога ќе влезе некој), му се изнавика и го банира, иако тој кутар и објаснуваше што се случи и 1000 пати се извина. Џабе. Ете затоа од старт бев против онлајн полагања, не секој има исправен компјутер и интернет дома. Цел труд ти пропаѓа во вода заради нешто за кое што не си крив.
Можеби е булшит за голем број од студентите. Јас реално сакам да полагам со физичко присуство, полесно ми е, навикнат сум, адреналин фрчи и не ми е голем стрес. Проблемот е што нема план. Не се знае ситуацијата на студентите, особено за транспортниот систем. Како ќе биде ? Ако испуштам автобус џабе ми е сесија.. Ако во автобус пуштаат по половина тогаш најверојатно нема да стигнам, особено што нашиве распоредите ги даваат од вечерта за сабајле. Тоа е проблемот за одредени, не проблемот за онлајн/физичко полагање, материјал или страв од закачување на вирусов.
Леле Денес еве на предавање, ми кочеше вифито и не сакаше да ме уклучи на зум. Одма за две минути инсталирав интернет пакет на телефон и се пуштив со 3G. И претходно ми се случуваше на сред предавање да ми падне интернетот или нешто апликацијата да се закочи па да морам пак да се уклчувам и онака си викам леле професоркава да не се изнервира сега. Ние воопшто онлајн не полагавме. Требаше еден колоквиум, ни откажаа неколку саати пред да полагаме. А практичен испит кажав поназад - не може ни онлајн, а во лабораторија треба асистентот да се залепи до тебе кога ќе те проверува на микроскоп. Имам и од претходно предмети нецелосно положени (само пракса) ама овие од овој семестар се лесни и со двеве сесии таман све ќе си исчистев. И со еден асистент и професорка ќе зборев веќе за тема за дипломска. Сега ај ситуацијава, али и овие што не се замараат дупло ја усраа. Туку на темава
И јас исто повеќе сум за со физичко присуство, но ако и само ако има услови за истото. А моментално нема и тоа е факт, и се ќе биде набрзина решено и одлучено во 15 за 12 и на крај ако ситуацијата не се подобри ќе мора повторно во последен момент да се поместува цела сесија. Затоа или онлајн со добра организација и професорите да имаат разбирачка дека може да има и технички проблеми или пак ако веќе не сакаат онлајн полагање, да се помести додека е со време целата сесија или пак трета опција да стават дополнителна сесија. Ама на крај ништо не е важно, како ќе кажат тие од горе е само битно. А ние до 15 јуни ќе си се прашуваме дали ќе полагаме и како ќе полагаме
Јас колку што ги читав коментарите по фејсбук, дојдов до знаење дека повеќето ''се плашат'' од вирусот или не знам што друго и се споредуваат со матурантите, а исто срање се и едните и другите. Мислам дека ако однапред се направи добар распоред за полагање и соодветни датуми, не би требало да биде проблем за превоз. Ако го земеме предвид Скопје, ЈСП веќе почна со нормализирање на автобуските линии. Сума сумарум, срање сме. Крај краева, нека не однесат у ливада, нека стаат столчиња и маси и така да полагаме.
Знаеме дека има повеќе типови на студенти, така да тука нема дебата. Работата со транспортот беше за студентите од други градови, а и лично сум засегнат. "Сума сумарум, срање сме. Крај краева, нека не однесат у ливада, нека стаат столчиња и маси и така да полагаме." - Да Хаха реално, допонителна сесија не треба да биде опција, туку треба да ни е загарантирана. Инаку кај нас имаше реализирано онлајн полагање, па не знам зошто факултетите не разменат искуства. Проблемите со предавања и вклучување/исклучување, материјали и слично кај нас ги нема, полагањата се одвиваа преку интегриран систем кој наметнува рестрикции на локална машина, со камери и индекси. Може да се препишува ама се минимизира, сепак поголем стрес од такво полагање здравје.
Знам дека мислеше на транспорт меѓу градови, но, испитите се само две недели од определена декада и верувам дека не би било проблем да најдеш сместување за тој период за да не одиш наваму натаму цело време.
А студенти има само од Скопје?Или ЈСП ќе пушти линија и за тие од Струмица од Охрид...? Меѓуградски сообраќај нема.И во нормални услови одвај до карта се доаѓаше а сега? Студентите некогаш беа главна движечка ила во општествата.Студенски немири променувале историја. Не дозволувајте да си играат и со вашето здравје ,и иднина ... Мора да сте погласни и поистрајни во барањата за олеснување (дополнителни сесии,ослободување од услови за наредна година ,партиципација и сл). Овој семестар уреднобгобплативте а за возврар добивте што.По некое онлајн предавње презентација и сл. Барајте си ги правата.