Мене искрено ме плаши тоа шо се уште, секојдневно има по 30-40 новозаболени. Испаѓа како ситуацијата да не е променета, а ние одиме full speed на полагање без притоа да се запрашаме колку се образовните институции компетентни да ги исполнат сите заштитни мерки. Бидејќи од последниот наставен совет на медицински, добив импресија дека професорите воопшто не се заинтересирани за таа проблематика, туку сакаат да се одржи регуларна сесија без многу да се замараат.
Зборев со другарка од фармацевтски, веќе имале распоред за испитна и од 15 јуни до 24 јули ќе им траела. Можеле да си бираат рок кога да полагаат и се ќе полагаат на испит, колоквиуми нема да имаат. Значи некаде веќе си е средено се и постигнат е компромис, а некои факсови им текнува 5 до 12, па ќе се вадат на глупости некои како не било можно, не можеле распоред да извадат и слично.
Идејата на фармацевтски ми се допаѓа, додека се занимаваат да прават распоред и слично. Сам си правиш распоред по избор. Браво за факултетот и професорите.
Мислам дека ништо посебно нема да се одлучи нареднава недела зашто факултетите ќе чекаат да видат дали ќе се продолжи вонредната состојба или не (мислам сите знаеме дека нема ама ќе си го користат тоа како изговор да го одолговлекуваат донесувањето на конечна одлукс за сесијава). Така да, ваљда ќе дознаеме на 1ви јуни, надежно
Нема врска, уредбата за полагање со физичко присуство е донесена, важи за време на вондредна состојба.
Веројатно мислиш обратно - уредбата за онлајн полагање е донесена одамна и важи за време на вонредна состојба. А новата предлог-уредба што ја спомнаа со протоколот за физичко полагање, не знам дали е усвоена се уште, треба да се провери на Службен Весник. Таа не би важела само за време на вонредна состојба, би требало да има продолжено дејство, со цел да се применува и откако ќе биде укината вонредната состојба.
Ја усвоиа петокот и министерот ја објави. Секој факултет сам си одлучува како ќе се спроведат полагањата, но најважно е дека со утврден протокол дозволено е физички.
А јасно јасно, значи не сум во тек деновиве ич што се случува. Ајде тогаш да си прочитам што има во неа
Половично спроведена онлајн настава - Факултетите молчат Еве, не бил само факултетот на кој што јас студирам.
Добри се овие од ПМФ, секој втор ден ново соопштение и еве го 26ти уште ништо официјално нема. Играње курташак на најјако.
На правен се изгласа од 8ми јуни да почни сесијата и ќе трае до 17ти јули. Утре детален распоред ќе сме добиеле. Јееј, конечно мрднавме од мртва точка.
Имаа вонредна седница денес. Деновиве сигурна сум дека ќе има за сите факултети, време е веќе. Читав некаде на фармација факсот од 15ти јуни им почнувала сесијата, секој факс различно.
Не сум студент, ама полагање со физичко присуство е лудило. Мислам дека треба да се изборите за онлајн полагање или да се полага цел август и септември. Зошто се толку против онлајн, кога со нови тестови и ограничено време за одговарање на прашањата нема да може да се препише.Во прашање се стотици и стотици студенти кои што треба да дојдат со јавен превоз од други градови, па истите да се прошетаат низ факултетите и вратат назад. Потенцијални нови кластери ли ке прават од факултетие? Не се нормални од УКИМ и не смее да им се дозволи ваков луксуз. Нели министерот кажа дека нема полагање со физичко присуство?
Август и септември треба да имаме друга сесија. Инаку се согласувам но и не само тоа. Меѓуградските линии колку што знам се укинати или се многу поретки. Студентските домови се затворени. Многу од студентите нема да можат навремено да стигнат на испит, некои треба во правец да патуваат и по 3 часа. Знаи рачунај ако треба од сабајле во 6 да појдам со авотобус за во 9 или 10 да стигнам на испит, потоа сигурно веднаш нема да имам за назад, па на автобуска да чекам уште 1 до 2 часа, за пак да патувам уште 2-3 часа, и да бидам после способна да се спремам за испитот кој е утредента или по 2 дена. Сите тие проблеми треба да бидат земени во обзир, не сите студенти се од Скопје.