Се смени уредбата, секој факултет може да си одлучи како ќе ги спроведе полагањата. Дали сите ќе бидат онлајн или сите на факс, или пак некои онлајн, некои не, останува на факултетите засебно.
Кај нас на факултет искочи распоред за јунската испитна сесија. Со испити почнуваме на 8 јуни. Тројна испитна сесија. Прво ќе ги полагаме предметите од летен семестар. Па од зимски. Па пак од летен. Се полага до 20 јули физички.
Срамота е ова шо го прават. Беше ветено дека работите ќе течат шо е можно побрзо за со цел да излези распоред порано, ама изгледа си го продолжиле викендот.
Како мислиш остај да помине испитна, стрпете се? А за време на испитна каде да се сместиме? Ова е проблем кој треба да се реши во најкраток можен рок. Едит: Дали мислите дека газдите на становите кои ги рентаат студентите ќе прифатат некој ваучер со оглед на тоа што не сакаат ни во УЈП да не пријавуваат дека го издаваат? Дали тоа ќе биде пропаднат ваучер бидејќи тие саакат да видат пари на први?
Кај нас веќе излегоа некои датуми. Али за да направам план, треба да ги видам сите Инаку за онлајн полагање единствено би полагала некои да речам, полабави предмети, што се изборни и помалце битни или со презентација само, каде што и да ти снема привремено интернет, нема професорот да ти земе за зло. Баш имам таков предмет кој е со семинарска и што ќе треба да ја презентираме и веројатно ќе бараме да ни е онлајн зашто и онака и во предавална ќе збориш според презентација, вака дома со скрин шер.
Женски, како сте задоволни од вашите факултети и како тие се справуваат со оваа ситуација? Кај нас е донесено од 1 јуни да одиме на вежби, низ клиниката да се врткаме. Од 12 јуни испитна сесија, со САМО 1 шанса за писмен испит од 40 минути, па ако се положи - усен испит. А да не зборувам за тоа дека ние реагиравме за онлајн предавања да почнеме, и тоа од почетокот на месец МАЈ. Датуми здравје, следната недела. Ха ха. Наместо да ни олеснат, тие ни отежнуваат. А проблемите што се во врска со превозот и престојот, не сакам ни да помислам. Ами грижата за здравјето каде е??? Престојувам во студентски дом, не знаеме ни дали ќе се отворат, а доколку се случи тоа, не верувам дека ќе има некои мерки. Во февруари, седев во читалната и размислував да одам да се побунам за да не снабдат со сапун во кујната, не само заради ситуацијата со вирусот, туку хигиена пред се.
За никаде. Пола и повеќето од предметите ќе ги положевме до сега, место цело лето да му ја мислам дали ќе фатам услов. Професорите ги заболе наискрено, предадоа тоа што требаше колку да се каже. Не ни дадоа ништо да полагаме само 1 предмет положив. Еден мој другар вика дека овака намерно правеле колку да добијат повеќе пари зошто нели платите им ги скратија. До душа не знам дали е точно.
Каква е ситуацијата? Излегоа распореди? На мојот факс сеуште нема ништо, само дека сесијата е од 8 јуну до 17 јули
Дали продолжување на вонредната состојба ќе значи дека нема да може да се организираат испити со физичко присуство?
Aман уште не сфативте што е вонредна... Вонредната е поради тоа што собранието е распуштено, а нема услови за избори и за да може владата да носи одлуки. А како ќе се одвива полагањето ќе си одлучи секој факултет посебно ама сепак треба да следат протоколи. Кај нас излегоа датуми по едвај неколку предмети, тие што планирам да ги полагам нема ниеден датуми, чекале протокол.