Па не верувам, овој беше доставен од деканот така да конкретно важи за нас. Сигурно секој факултет засебно ќе си подготви протокол
Околу 140 новозаразени само во последните 3 дена, а некои студенти од утре на факултет. Со среќа нека ни е.
Богами ќе ни треба среќа за да не донесеме вирус дома да заразиме баба дедо. Што и највеќе ме плаши нив да не ги заразам. Со страв да одиш и да се вратиш.
3 месеца се пазиме и седиме дома за сега во 2 дена за вежби со извинение да си се посереме на совесноста. Мене искрено премногу ме плаши ова.
Мерки за како да се заразите полесно... Браво за министерството... Само после интереснотo е што никој нема да сноси одговорност...
Многу е лошо ова. Подобро и нека нема испитна ако не сакаат онлајн професориве. Среќа лаб вежби нема да имам сега, а не треба и никој да има реално. Не знам што ќе се случи. Едит: реално и нека се одложи или нека биде онлајн @нина122
Лаб вежбите да бидат во август-септември. Испитите или онлајн или кон средина на јуни да почнат (ако воопшто се намали бројката на заразени)
Борјан никаде го нема сега да каже нешто. Толку се трудеше испитната сесија да се организира со физичко присуство. Каде се сега да инсистираат предметите кој можат да се полагаат онлајн да се полагаат така. Со страв да полагаме.
Реално и за страв е.Пази ние по 15-20 луѓе стуткани околу масичка 45 мин. да си дишеме во врат. И што , џабе рекоа не се задолжителни кога прво мора за потпис да идеме() , а второ на наша штета е да не одиме да видиме во живо тоа што треба.... Да не сум скроз офтопик, искрено не знам како ќе го изведуваме ова со полагања и физички присуства и се, а броиме по толку многу заразени.Пред да дојде корона ни сапун немавме во вц, сега да очекуваме хигиена на највисоко ниво ми е превисоко очекување. А да, и ова ми текна да кажам, на некои поразвиени универзитети од нашиве, кај сега се полагаат онлајн туку и се планира цел нареден зимски семестар да биде онлајн.Дали ние премногу избрзуваме или нивното е непотребно, не знам што да кажам...
Јас денес одам за Скопје со страв.. Не знам како ќе биде ова со полагањето, ние почнуваме од 8ми со први колоквиуми.
Јас мислам ќе ни ја откажат сесијата сред јуни ако продолжи овака ситоацијава. Ќе не дозафркнат уште малку и таманка ќе биде. Кај нас рекоа дека требало да земеме потписи и пријави, значи ако го полагам испитот онлајн тогаш ќе треба да идам до факс за џабе. Бог да чува.
Премногу храброст имате, на секојдневно голем број на заразени вие доаѓате во Скопје и планирате да одите на факултет. Јас ни во сон не помислувам да се појавам на факултет во ваква ситуација. Ако нема онлајн полагање, подобро да пропуштам полагања, отколку да се ставам и себе и моите во ризик. Факултетот никаде нема да ми избега.
Ја ќе одам на факс ама со кола до таму барем кога ќе можам, среќа тато не е на работа, па барем периодов слободна ќе ми е колата за до факс (во ЈСП ми е повеќе страв него на факс искрено) и ептен ќе пазам се да е према мерките за заштита... Сега не можам да пропуштам цела година на факс само заради ова. Ако треба да се заразиш и у маркет можеш ако е така или од дома да ти донесе некој шо пазарел. На крај ќе мора да научиме да живееме и со вирусот изгледа. Опасно е, но не можеме да се затвориме дома со месеци, па и година и цел живот да замре и години на факс да изгубиме.
Јас морам за една недела да oдам во Скопје, испитна ми почнува. Од град со минимален број на заразени, морам да се селам во дувлото на вирусот. Самото полагање не ме плаши толку, ама како да се стигне безбедно на факс е ептен тешко изводливо.
Јас пак обратно, во мојот град имаше многу заразени, колку што имам шанси тука да се заразам, толку имам и во Скопје, до душа, таму можеби и помалку, со оглед на тоа што без маски нема да не примаат на полагање (за разлика од мојот град каде 90% не носат маски), а и ќе пешачам до факс.
Што се одлучи сега? Ќе се полага со физичко присуство? Конкретно некој за пмф да не има информација од кога почнуваат испитите? Пишувам емаил на проф , очигледно го мрзи да одговори, тек па да требаше он-лине да полагам , можеби ќе одговореше во 2021
На ПМФ од 8ми. Ама уште нема датуми по сите предмети. На биолошка катедра некои дозволуваат само физичко, некои даваат избор и онлајн.