Дечки мора да се вратиме во реалноста, тоа е. Да чекаме додека не умре вирусот, до тогаш да паузираме? Сите ќе сме претпазливи максимално, маски, ракавици, растојание, дезинфекција... Јас просто се чудам што се случува со Скопје, па на толкава организација по маркети и мерки на претпазливост е вака? Во мојот град е лом, ништо не се почитува, вирусот бил измислен. Имаме заболени, не дека немаме, ама не ме ни чуди бројката. Сега да не претеруваме и ние, малку реални да сме. Голем број од студентите се бунат за физичкото полагање, а цел карантин само шетаа, први беа на кафе со отворањето на кафичите, збиранки за забави по куќи ехеее. Сега полагањето во амфи им смета? Дај да не се лажеме. Не викам дека вие сте биле такви, ама ретки се тие што не мрднаа од дома, чесни исклучоци. Да има факултети каде што и следниот семестар го најавија онлајн, но тоа е заради партиципацијата која ја плаќаат. Ние плаќаме 200/400€, таму плаѓаат огромни суми. Е за да ги добијат тие суми, мора сè да организираат.
Јас не би си ја изгубила годинава поради вирусов, помалку ќе се заразам на факултет, отколку во мојот град. Баш како што напиша членката над мене, да не претеруваме. И реални да бидеме, ако речат дека на вежби, или пак особено на полагање дека не те примаат без маска и ракавици, да видите како ќе носат сите. Сигурно повеќе ќе се почитуваат мерките на факултетите, отколку што се почитуваат генерално.
Сеуште е укинат меѓуградскиот превоз така? И да е пак пуштен, не би се изложила да патувам со толку луѓе во затворена просторија. Немам положено за кола, нема ни кој да ме носи бидејќи татко ми работи 09-16h. Инсистирам и се карам со ФСС испитите да бидат онлајн. Некој ќе препишувал, не можело ова она. Јас мислам дека се може ако се сака. Има начин да се организира.
Сите информации за начинот на исплата и искористување на средствата од „Домашна платежна картичка“ ќе можете да ги добиете со внесување на Вашиот ЕМБГ на следниот линк кој ќе биде активиран на 2 јуни 2020: http://www.kupuvamdomasno.gov.mk/
Сите го објавуваат ова сајтов а не постои, не го отвара. Инаку, ова изгледа не важи за сите студенти, бидејќи прочитав следново „Младите со внесување на матичен број ќе можат да проверат дали им следува финансиска поддршка“. Исто така, имаа објавено дека ќе ни следи финансиска помош од 6150 денари за запишување семестар на студентите со родители со ниски примања. Кај е сега тоа известување, да не се предомислија?
Не важи за сите студенти, важи само за тие што се запишани на државен универзитет и услов е истите да бидат редовни студенти.
Не го отвара зашто од 2. јуни ќе работи. Убаво е напишано. Не е само за студенти туку за младите од 16 до 29 години, затоа ќе се проверува изгледа. Не се премислени, од влада треба да средат. Имајте трпение и за тоа ќе информираат. Звони им во влада тие ќе ти објаснат.
Кај мене веќе одамна си работи, комбињата возат со половина капацитет, и секој треба задолжително да носи маска, не е толку страшно.
Инаку ова вели за домашни производи...се подразбира производи што се произведени тука во Македонија, значи што не се увезени така?
Се мисли на Стружанка, Здравје Радово, Витаминка и Др. Пример ако земеш Стоби флипс ќе си платиш со картичката. А ако земеш смоки смоки нема да можеш да платиш со неа.
Сите објекти каде што може да се плати со картичката мора да имаат рафтови со производи кои може да се купат со таа картичка и да биде обелешано со „Купувам домашно“.
Да онлајн ќе биде кај нас, но разбрав дека од Ректорат има дадено насоки да биде онлајн насекаде така да веројатно цел УГД ќе биде онлајн. Едино нас ни спомна судска дека доколку дозволуваат условите од јули ќе биде физички но ако е точно дека денес има ~100 новозаболени, тешко дека физички ќе полага некој.