1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус – образование за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од cresa-jagoda, 18 март 2020.

  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Нас ни ги откажаа вежбите.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  2. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Добро е. Јас не сум за воопшто да нема испитна , барем да се одложи на некое време , сега е баш пикот што дојде многу покасно од што мислевме. На нашиот факултет 90% закажувале онлајн. Јас чекам за уште некој предмет официјална информација.
     
    На ElenaOfRivendell и злоба им се допаѓа ова.
  3. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    На нашиот факултет, ние студентите креиравме анкета за гласање викендов, дали да се одржат вежбите или не.
    80% од гласовите беа за не, ја проследивме анкетата до професорите. Вежбите ми немаа никаква смисла. Станува збор за вежби кои се одржуваат по 2 часа, најмалку 10тина дена, а според нив треба само 2 дена да одржиме. И? Која е поентата? Да се каже дека вежбите се одржани? :?:

    Факултетот да “излезе во пресрет“, им овозможи на студентите кои што гласале дека сакаат, да можат да одат.

    Не е решен проблемот со тоа што таму ќе бидеме со маски.

    Исто направивме и за испитната сесија анкета, дека сакаме писмениот дел да се спроведе онлајн, а усниот доколку се појават услови да е со физичко присуство. Што дури сметам и дека тоа е возможно да се спроведе онлајн. Ќе видиме што ќе ни одговорат.

    Ама додека молчиме, исто како да сме го прифатиле тоа што ни го кажуваат.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    И кај нас се повеќето онлајн, освен некои што едноставно не можат да се полагаат онлајн. До душа ете хемија ќе го полагаме на факс, а теорија е, можеби може и онлајн, ама сепак, само неколку предмети ни се со физичко присуство.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  5. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Мене ме фаќа паника зошто нема добра организација и структура. Работава е плукни па залепи. Еве го први дојде уште немам списоци, а рекоа ќе објават до крај на мај.
     
    На cresa-jagoda, raww, chocolateheart и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    И мене исто оваа ме плаши.
     
  7. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Иста приказна и кај нас, немаме никаков распоред.

    Ја прочитавте новата информација за студентските домови?

    upload_2020-6-1_12-59-7.png
     
    На cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    ^ Ајдее и сега студентиве што треба да патуваат да се снаоѓаат како знаат и умеат за да дојдат на испити.
     
    На chocolateheart и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Нас ни пишаа да си ги носиме индексите за потпис во терминот на вежби. :) :)
    Не ми се верува значи.
     
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Ozbilno? Nas nisto ne ni kazhaa..

    * Izvinete za latinica, ne mi raboti na pc fontot.
     
  11. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    До потпис им е дојдено? Срамота.

    Минатата година студирав на УГД, не е лошо електронскиот систем каков што е таму да го прифати и УКИМ. Кое олеснување е само!!
     
    На cresa-jagoda, злоба и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Да, сега не известија.
    Катастрофа...
     
    На cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    10.447
    Пол:
    Женски
    Веќе нема никаква смисла да се полага физички со 89 нови случаи и растечка бројка.


    Студентите немаат превоз до Скопје (или градот во кој што студираат)
    Студентите немаат каде да престојуваат за време на испитите
    Студентите и професорите од цела држава НЕ ТРЕБА да се групираат во затворени простории, а чекање во групи за да се влезе во училна секако е групирање ПО ХОДНИЦИ

    Пандемија е, нека се скрати нешто од материјалот за полагање, не е тоа најбитно нешто на планетава во моментов.
    Треба да изнајдеме решение како да не го изгубиме семестарот и да ги положиме испитите, притоа да не се изложуваме на вирусот.
    Такво време дојде...
     
    На Coachella, Knudle, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  14. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    2.522
    Јас стварно не знам како планираат да го изведат полагањето со физичко присуство кога има ваков огромен раст на бројката на новозаразени. Еве јас студирам на Економски и голем дел од предметите ќе се полагаат со физичко присуство поради големиот број на студенти. Прочитав дека студентските домови нема да ги отворат. Како ќе полагаат тие студенти што се од други градови? Кој ќе им ги покрие трошоците кои во никој случај не се мали, плус тука е и проблемот со гужвата што ќе биде во автобусите. Испитната ни почнува задутре а сеуште нема никакви информации. Па како треба тие луѓе да се снајдат? Зарем секој ден ќе одат натаму-наваму за да можат да присуствуваат на полагање и во меѓувреме ставајќи се на ризик дека ќе бидат заразени. Не викам дека треба скроз да се откажат полагањава ама барем нека се одложат за некој период кога ќе има ПОНОРМАЛНИ и ПОМАЛЦЕ РИЗИЧНИ услови.
     
    На Knudle, cresa-jagoda, Принцезичка1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Решенија во цела Европа има, само кај нас единственото решение што е од нивна страна е полагање со физичко присуство. Да не се наруши угледот на факултетот де.

    Па колегите од Скопје што ми се ќе имаат проблеми да стигнат до факултетот, а не јас што сум 150км оддалечена.

    Како и да е, дупка во образованието има, и тоа голема. Не знам колку сте задоволни и од начинот на тоа како професорите се грижеа за нас, ама јас не можам да кажам ништо позитивно. Цел април стоматолозите не работеа, со што беа толку зафатени за да не ни одржуваат предавања?
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  16. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Кај би можеле да се обратиме за да не се полага со физичко присуство? Нема смисла ова веќе...
     
    На Knudle, cresa-jagoda, Принцезичка1 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Дискутирај со колегите, со координаторите. Обидете се да направите анкета за тоа што мислат и останатите колеги од твојата генерација, а и постарите и пратете ја кај професорите.
    На Google Docs има можност за правење на анкета, со креирање на прашања.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    Состојбава е веќе загрижувачка, а факултетиве (барем мојот) си ќутат и немаат намера да преземат нешто. Сега прочитав и за студентските домови, раазбирам дека и нивното отварање претставува ризик, но воедно дали размислиле дека има студенти што немаат друг избор освен да престојуваат во дом или да патуваат секој ден понеколку саати. Да не зборувам за тоа што меѓуградските линии се редуцирани и дека трошокот за такво нешто ќе биде дупло поголем. Јас секако не престојувам во дом, ќе се снајдам за испитнава, но мене исто така патувањето од станот до факс ми е 20+ мин. во еден правец, со градски автобус. Да не зборувам за тоа што ќе ги доведам во ризик и цимерките и родителите, а најпрво и самата себе која имам проблеми со дишните патишта. Кој ќе ми гарантира мене за моето здравје и за здравјето на тие околу мене? А сигурна сум дека има и други студенти што се во полоша состојба од мене. Не можеа ли да организираат онлајн полагања за сите факултети, па уште и задолжителни вежби ставиле. Многу сум изреволтирана од околинава во која живееме, а уште повеќе од ваква држава на која најважни и се изборите, а како луѓето ќе се изборат со оваа ситуација е најмалце битно.
     
    На cresa-jagoda, Принцезичка1 и christinnn им се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    За кафичите и за кладилниците нема гајле, ама студентските домови да не се отвараат никако а? Побитно е некој да се коцка изгледа, од образованието и сместувањето кое следува со него.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    ***Oд УСС-УКИМ***
    Почитувани студенти,

    Според најновите информации студентските домови нема да се отворат.

    Продолжува очајната комуникација на МОН во однос на прашања кои се од есенцијално значење за студентите. Потребно беше навремено и официјално известување до сите студенти од страна на Министерството.

    УСС-УКИМ во меѓувреме презема два чекори како би се олеснила ситуацијата за студентите кои студираат надвор од местото на живеење:
    1. Ваучерите за сместување и партиципација мора да се реализираат што побрзо;
    2. Поднесовме дополнително барање за ваучери за превоз за студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

    Во врска со испитната сесија сите информации можете да ги добиете од вашите колеги во факултетските студентски собранија. Согласно моменталните важечки прописи, испитите можат да се организираат и со физичко присуство и онлајн. Автономија во однос на ова прашање имаат професорите, кои заедно со студентите треба да го изнајдат најсоодветниот начин за реализирање на испитот.

    УСС-УКИМ на следната Ректорска управа ќе поднесе барање за продолжување на сите рокови за запишување на семестарот, полагање на испитите и флексибилност при уписот на условните предмети. Очекувањата се дека барањето ќе биде одобрено, па ниту еден студент нема да биде оштетен доколку поради објективни или субјективни причини не полага во јунската испитна сесија. Сесии ќе има доволно, ќе сториме се за студентите да можат да ги полагаат предметите и после септемврискиот рок.