предавања ке изодат електронски ,ама полагање како? еве од зимски семестар што имаме предмети рок е до септември да се положат...
Dali ima oficijalni informacii shto ponatamu so obrazovanieto i shkolskata godina? Dali ke ima promeni vo platite na nastavnicite? Realno brojkata na zaboleni bese mala koga se stopirase nastavata, a sega sekoj den rasne taka da ocekuvam vonrednata sostojba da se prodolzi.
Јас средно кога бев не одев на настава од април месец па се до крајот на учебната година. Бев 3та година. Тоа беше поради здравствени причини. Директорот бараше вонредно да учам за тоа изгубено време. И класната и цел клас и наставничкиот колегиум беа против него зашто сите знаеа за мојата состојба и колку беше тешка. Во меѓувреме ми даваа литература читав решавав тестови пополнив време а материјал не испуштив. Е сега за два месеца што ќе им бидат изгубени ете од летниот распуст нека земат еден месец секако ми праќаат материјал учиме читаме пишуваме праќаме слики од домашните учителката прегледува... Кога ќе дојде време да продолжат таму само ќе преповторат од ученото и тоа ќе биде. И што дека ќе ги пуштиме на школо после овие 14 дена Недај боже го фатат вирусот секако дома ќе седат. Боље седи дома здрав одколку да седиш дома болен. Начин секако се наоѓа. Нема со месеци да седат дома.
Се уште нема официјално известување за продолжување на учебната/академската година, но се по извесно е дека ќе се пролонгира. Кој е ефектот од досегашната одлука, ако мерката за запирање на наставно-образовниот процес (14 дена) се укине во ек на ширење на вирусот?
Да не има некој сознание како ке се одвива оценувањето бидејки од денес почнавме со онлајн настава,и дали доколку не продолжиме со школска година ке одиме и во јуни јули на училиште или ке повтараме година или пак како што разбрав ке ни биле ставени оцени од онлајн настава ????
Не сакам да кревам паника, меѓутоа состојбата нема да се промени ни во април, а најверојатно ни во мај. Оцените од полугодие ќе бидат отприлика и крајни оцени со простор за онлајн поправка кај соодветните професори. Не верувам дека годината ќе се води како изгубена, а епидемијата ќе трае и во летните месеци што значи најверојатно нема да има надополнување на часовите во текот на летниот распуст.
Така им налагаат сега изгледа од горе, па се што ќе се воведе сега од едните контра да се оди од другите. Поубаво е-настава и да си ја завршат како така годината, отколку да повторуваат. И така дома си седат не е лошо да не го поминуваат залудно времето, а и ќе им се отргнат мислите и на наставниците и на децата од реалната ситуација што е многу подобро од неправење ништо. Не знам мое мислење е дека треба да гледаме за сите не да се контраат на секоја мерка што ќе се донесе. Наместо да шетаат, нека се прави нешто попродуктивно и затоа и плата зимаат покрај другото. Замислете да помине ова до летото и после 1-2 месеци држени децава дома у четири ѕида да мора и цело лето да го поминат со учење или да одат во училиште.
Ти благодарам,колку толку ми олесна барем нема на тој пекол во лето да се оди на училиште или пак полошо,да се повтара годината..само му се молам на Бога што побргу да заврши овој вирус..
Некој да не има овде што учи на УГД, конкретно Туризам? Не ми е јасна новата алатка Microsoft teams. Се најавив, ама таму нема ништо. Додадена сум во некои тимови и толку. Ништо нема споделено, никој ништо нема прикачено. Да не јас правам нешто погрешно?
Од каде ова??? Се уште нема никакво официјално известување за продолжување на наставата, а не па за начини на оценување. Иако се поизвесно е дека нема да продолжи. Никој не прашува кој во што верува и што може да биде најверојатно. Да се избориме со корона лудилото, а за конкретни одлуки има релевантни фактори. Не е ништо страшно да се реализира наставната програма во летниот период. Нели здравјето е пред, се... Или
Споделив мислење според информациите што ни се достапни досега. Го истакнав точно тоа за кое ме напаѓаш односно дека е многу веројатно дека наставата нема да продолжи. Според тоа изведов заклучок дека најверојатно оцените ќе се тие што се. Потоа се замислив за тие што не се задоволни со тие оцени, а бидејќи секако веќе мнозинството наставници и професори им испраќаат инструкции на учениците, истите ќе можат да се консултираат и за оцените. Според тоа, го истакнав мислењето во кое што верувам логички следува, а тоа е дека годината нема да се води како изгубена (бидејќи после ова, кога животот ќе продолжи, не би било идеално решение учениците да имаат повторена година). Со оглед на тоа што пикот допрва следува (на светско ниво, не само кај нас), а вакцина нема во догледно време, заклучив и дека нема шанси да ги вратат учениците во клупите за време на летниот распуст. А кога евентуално вакцината ќе е достапна, ќе треба време додека се вакцинираат сите. Затоа и во друга тема истакнав мислење дека не очекувам целосно разрешување на настанатата состојба барем до октомври. Околу последната реченица што ми ја упати ќе ти одговорам - се разбира, лесно е да напаѓаш странец на интернет и да ставаш зборови во туѓа уста, како да не им е на сите во моментов приоритет здравјето. Срамота е да инсинуираш дека на некој му е поважно било што друго освен општата состојба на здравјето на луѓето.
Ниту ставам зборови во туѓа уста, ниту напаѓам некој. Информациите што се достапни не се на база на официјално известување. Индивидуалните заклучоци не помагаат никому. Трпение и смиреност треба за се секаде, а во конкретната ситуација најмногу. Ако здравјето е приоритет, за се останато има време. Човекот учи додека е жив. Поздрав и убав ден.
Филипче прееска на Сител рече дека не е исклучена ни една можност, на прашањето за повторување на учебната година.
Сум на УГД но не сум на Туризам; на Правен колку што знам почнати се со настава уште пред недела две, во група кај мене на пример имаме известување нешто за почеток на онлајн предавања па ќе видиме како што ќе биде. Претпоставувам треба професорите да ставаат работи на неа така да најверојатно се е во ред од твоја страна.
Ме интересира дали воопшто и ако се почни, дали би имало колоквиумски недели? Или можеби директно на испит?... Тешко нас!
Кај нас на факултет се донесе Правилник за поставување во состојба со коронавирус. На Факултетско студентско собрание донесовме одлука за задолжителна online настава. Наставата редовно ќе се следи, и професорите мора да држат предавања. Колоквиумите ќе бидат преку изработка на контролни, семинарски итн. Испити нема да се полагаат online, туку кога ќе се создадат услови ќе има неколку сесии (најверојатно бесплатни). Денес се одржа првото online предавање, помина супер. На ниво на УКИМ веројатно ќе биде секаде вака. Таму каде што не се држи настава, нека поведат студентските собранија иницијатива за да не трпат студентите. Мене ми е вака ок, немам проблем воопшто со следењето настава. Основните и средните училишта треба уште повеќе да држат настава пошто кај нив е поспецифично, учениците мора да учат континуирано.
На кој факултет си, доколку не е тајна? И дали на вашиот факултет ќе ве оценуваат според семинарските кои што ќе ги изработувате? Ти благодарам.
Влада: Eлектронска настава и оценување на основците, гимназијалците и студентите додека трае вонредната состојба 24 март , 2020 Наставата, испрашувањето (полагањето испити) и оценувањето во основните школи, средните училишта и на факултетите ќе се одвива електронски додека трае вонредната состојба во земјава. Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за двонасочна електронска размена на податоци, а кои од нив ќе се користат, одлучува образовната установа (основно училиште, средно школо, факултет). -За периодот на организирање на наставата во основните и средните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците. Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот, соопшти Владата која на вчерашната седница ги донесе уредбите со кои стапуваат во сила овие одлуки. Со Уредбата за Законот за високото образование во вонредна состојба, освен изведувањето на студиските програми и проверката на знаењето на студентите во сите три циклуси на високото образование, се уредуваат и начинот на продолжување на мандатот на органите и телата на високообразовните установи односно јавните научни установи, како и рокот за важност на постојните акредитации, односно ре-акредитации на студиските програми. Според Уредбата, (ре)акредитацијата на постојните студиските програми на сите три циклуси на високото образование, чија важност престанала или ќе престане за време на вонредната состојба, продолжува да важи најмногу една година од денот на влегувањето во сила на оваа уредба. -Преку системот за далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација се спроведуваат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно-научната и уметничката област, консултативно-инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), како и одбраната на дипломска/и, магистерска/и и докторска/и задача/труд. Полагањето на испитите и колоквиумите ќе се врши со примена на средства за електронска комуникација под услов да се обезбедени соодветни технички решенија кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето, напоменува Владата. И работата на Стручната служба во високообразовните установи односно јавните научни установи ќе се врши со примена на средства за електронска комуникација. Високообразовната установа која до денот на истекот на мандатот на органите и телата, не извршила избор на нови органи и тела, мандатот им продолжува до изборот на нови органи и тела. Високообразовната установа е должна најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанување со важење на оваа Уредба да почне, односно да ја продолжи постапката за избор на органите и телата од став 1 на овој член. Одредбите од Уредбата за Законот за високо образование не се однесуваат на меѓународната физичка мобилност и учеството на меѓународни собири на студиската програма за трет циклус-докторски студии.
ЗНачи КОРОНАВА МИ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ ЗА УЧИТЕЛКИТЕ! Видете ја на МТВ 1 една учителка што не знае да пишува држи час за деца по математика!
Ама и објаснува..... Ова е типичен пример како еден наставник НЕ треба да одржува час/настава. Традиционален пристап,досадна и згора на се ни еднаш не се насмевна,ни па кажа шала.