Ќе испадни дека тоа со сајтот било предлог... А не дека навистина ќе се реализира... Штом ги нема, очекувајте нешто вакво...
Еднократната помош им следува на сите редовни,активни студенти,така? Не треба да се аплицира или нешто слично?
Мене ми е премногу да очекувам дека факултетите и средните школи ќе испратат списоци на студенти и ученици до МОН. И овие преку министерство за финансии да се среди. Ние само со матичен број да провериме дали ни следува помош. Некако не верувам дека се толку многу организирани. Иначе да им следува на сите студенти по 3000 денари за македонски производи купување ако за тоа прашуваш.
52 од вкупно 76 нови случаи денес се во Скопје. Уште има потреба да се размислува за сесија со физичко присуство??
Воопшто не ни размислуваат за нешто друго. Барем кај мене на факултет. Од сам старт си беа јасни нема полагање онлајн и сега си се на тој став. Мислам дека да има 300 заразени на ден нема ништо да сменат во однос на полагање физички.
Истото и кај нас. Не верувам дека ќе има некакви промеми во однос на полагањето, ќе си тераме до крај на јули и тоа е тоа. Освен ако се донесе некоја мерка од владата, ма да баш се сомневам, бидејќи сепак им овозможија на факултетите индивидуално да си донесуваат одлуки.
Банана држава кажи и батали ги. Цел свет полага електронски, само ние северен фиром најпаметните се погодивме со 70+ дневно заболени да полагаме физички, браво. Ајде нека ни фрлат една нуклеарка да не снема од тука, ова нема смисла веќе.
Мора да се реагира, не знам со кој памет ве тераат да одите физички да полагате. Ако толку не се способни да организираат онлајн полагање, подобро воопшто да не се полага сесијава. Јас барем не би одела да не ми беше онлајн сесијава. Ма да ако навреме се фатеа за работа да осмислат начин за полагање онлајн, немаше да има ваков проблем. Имаа време од март до сега. Ама нормално, си спиеја на тоа уво дека нема да има корона до јуни
Воопшто не им текнува да одложат сесија или па да ја спроведат онлајн. Едино со телепортација ако може некако да стигнам до амфитеатар, качување во автобус ни на крај памет не би.
Ако е точно дека ќе има до 120 новозаболeни, подобро што нема да ги отвораат домовите. Замисли само да се заразат студенти и да ги стават во изолација таму, со тие услови.
Мене ова што викаат да бидеме солидарни и да им овозможиме престој на тие што се од страна ми е без врска. Значи солидарност да. Ама ако со таа солидарност се ставаш себе во ризик твојте и тој што ќе го примиш дома. Тогаш тоа не е солидарност според мене. Сакам да се реши проблемот ама со тоа што ќе примиме некој дома а постои можност или он или ние да сме асимптоматски заразени не ми е адекватно решение.
Кој тоа го вика? Не само од здравствена безбедност, туку и од општа безбедност не се прима секој дома.
А за професорите што се толку тврдоглави, што целиот испит им е теорија и неќат да го префрлат онлајн полагањето нека бидат казнети. Што логика има ти да одиш на факс, да се ставаш во ризик за да полагаш теорија? Нема логика и професорите што го прават тоа се себични!
Денес неофицијално 110-120 заболени, како да полагаме со физичко присуство на олкави бројки секој ден?! Сериозно не се нормални. Тоа што можи онлајн нека се полага онлајн, за тоа што мора физичко присуство нека се одложи за некој период. Како можеа матурантите да не полагаат, ние студентите што сме помалку?? Од утре полагам и страв ме фаќа...
Лудост е ова. Шубе ми е шо отидов на факс денеска. У тебе дишат, гужви, нема дистанца... Не ми се верува дека и покрај се запнале со физичко присуство да полагаме...
Па штом се исплашија одма и рекоа да не носиме индекси од утре, си мислам да не се премислат некои катедри за задолжително полагање со физичко присуство. Иако може и да се смири ситуацијата до тогаш, ама може и не.