Не контролира никој, немаше кај нас на факс никој. Ама носевме маски. Само еден институт на шалтер за резултати здравствени работеше и тие изреагирале дека сме се собирале пред нивниот шалтер, без никаква дистанца и дека сите ги ставаме у опасност. И одма се стопираше одењето на факс од утре. Се надевам ќе се опаметат дека ако е вака од 30тина луѓе за индекси од 2 групи, со 300 од генерација на полагања ќе е ужасно. И по наш и нивен ризик исто..
101 нов случај денес, ни нема рамен никој. Уште важи полагањево физички? Супер, очекувајте 200 новозаболени дневно. И се уште не ми е јасен распоредот со полагањава, тие што денес и утре ќе полагаат физички, тие ќе го кркаат стапот а другиве (нели ако донесат карантин викендов, а ќе донесат) за време на карантин како ќе полагаат? Нели ќе треба да прават нов распоред за полагање факултетиве? Не знам зошто едноставно не ја укинат сесијава или нека направат онлајн. НЕМА друга опција, како не разбираат од УКИМ и министерствово за образование. Срамотилаци, дно. Немам коментар.
Полагањето верувам ќе биде со протокол, а и реално, како што имаше напишано некој член погоре, полагањата не се задолжителни, ако некој се плаши сега, може да полага наредна сесија, никој не е присилен да полага сега. Баш и некои членки се изјаснија дека тие не планираат да одат да полагаат сега, што е сосем океј, секој нека си прави како што му одговара нему. Јас сметам дека тоа што може да се полага онлајн - нека се полага, ама одредени предмети си бараат физичко присуство и тоа е тоа. Јас лично ќе одам и на тие со физичко присуство, ама не мора да оди и некој кој се плаши и не сака да ризикува, ете може подобро да се спреми за септември ако смета дека не е погодна ситуацијата за физичко полагање. Со среќа нека ни е на сите..
Полагањата не се задолжителни точно, но реално, ако не одам да полагам сесијава автоматски ја губам. Нели беше, еднаква можност за сите. Како што имаш ти право на 3 последователни сесии, имам и јас. Реално, тоа беше најголемото оправдување да не спроведат онлајн сесија, бидејќи не сите имаат пристап до брз компјутер/интернет. Плус, не го споменуваат проблемот со студентите од други градови кои престојуваат во студентски домови. Што правиме со тие што ја губат сесијата поради немаат каде да престојуваат и немаат финансиски средства да си доволат да патуваат секој ден или да изнајмат стан. Еднакви можности за сите студенти. Мхм, важи!
Ем што немаше можност за колоквиуми, не верувам дека сега некој ќе пропушти плус цела сесија и све ќе си натрупа во септември. Јас имам практичен испит по еден предмет во понеделник кој мора да биде со физичко присуство. Се пријавив и почнав да го спремам па најверојатно и ќе одам да полагам. Останатите веројатно ќе ми бидат онлајн.
Јас сум во студентски, среќа што немам многу физички полагања, можам да си дозволам неколку пати да платам апартман. Треба да ни исплатат ваучери барем за патни трошоци ако за ништо друго. Ама не е фер ич, некои вежби имаат и мораат да се постојано во Скопје, а нема секој финансии да си дозволи да плаќа апартман/стан. Против физичко полагање немам ништо, баш напротив,ама не е фер да отворат кафичи и кладилници, а домови не.
Работата е што некои предмети за кои мора да положиш колоквиум од практичен дел за да добиеш потпис, закажаа колоквиуми сега, а истите ако ги пропуштиме автоматски го презапишуваме предметот. Па ние до јули може да се плашиме џабе ќе ни е.
Со толку новозаразени секој ден ти немаш ништо против полагање со физичко присуство, туку си ЗА? Браво Против сум што ги отворија кафичите, кафаните, кладилниците, моловите, ама за среќа не беа до толку забегани да ги отворат студентските домови, каде не може протокол да се спроведе, каде не може да има дистанца, каде неконтролирано ќе се шири уште повеќе вирусот. Доволно излезе од контрола моментално ситуацијата, уште студентските домови ни фалат сега и физичко присуство на факултетите.
Имам против ако полагаме сега а не полагаме сега. Секако за мојот факс кажувам. На другите не знам дали се полага физички. Ако не се отворат домовите - или да ни платат сместување и пат, или да ни одложат физичките полагања доколку се може. Едит: И напишав погоре, тоа што може нека биде онлајн, некои предмети едноставно не можат да бидат онлајн.
Ние имаме неколку со физичко, неколку онлајн. И не знам зошто, бидејќи од тие што се со физичко, максимум 2 предмети не можат да се полагаат онлајн.
Ние имаме онлајн полагање задутре и никакво дополнително инфо за истото. Само дека е онлајн. За ништо не не' бива.
@cresa-jagoda кај мене цел факс си се за полагање со физичко присуство, некои дури сакале да одат на факс у пандемијава, да учеле како да се штитат. Шо вика една колешка е кој толку сака, за нив нека е у живо у амфитеатар, ја нејќам, здравјето ми е пред се, нека ми организираат онлајн, 400 евра си платив година, имам право на безбедност и здравје. И така е. Ама тоа е. На крај нас нема да не прашаат, како сакаат ќе одлучат. Од се срце се надевам дека ќе им текне дека здравјето е пред се.
Чекај, за кај се брзаш? Инфо ќе објават во 23ч на денот пред полагањето, а на самото полагање ќе падне системот и ќе ви го одложат или ќе ви закажат физичко полагање.
Многу убаво кажано. Тоа дека секој си бира за себе е точно, но на многумина оваа сесија им е клучна, некои студенти можат да паднат година, некои ќе треба да презапишуваат предмети, па и цели семестри ако не одат на сесијава. Со тоа што не одиме, сами си правиме лошо, а со одење го ризикуваме нашето здравје и на тие околу нас. Јас лично сум многу против полагање со физичко присуство, но доколку мојот факултет одлучи така, ќе одам. Толку се трудев до сега и сега не можам да си дозволам да не се појавам на презапишаниот предмет и да паднам во приватна квота.