И јас сум од друг град. Ќе патувам до Скопје исто како и вас , но веројатноста да закачам Корона е поголема во ЈСП каде се возат секојдневно луѓе од наголемото жариште, отколку во меѓуградски превоз од Битола, Велес, Струмица и др градови каде има помалку заболени. Поентата ми беше да се намали изложеноста на ризик колку што може.
Нас тек денес ни објавија распоред, сѐ со физичко присуство, освен еден предмет кој можеби ќе биде онлајн. Прво полагање ми е во вторник, не знам дали ќе одам зошто не ми е доволно спремен предметот, а не сакам да се изложувам на ризик ако сметам дека нема да го положам. На другите ќе одам и тоа е тоа. Ви посакувам среќа на сите и чувајте се Едит: Заборавив да напишам дека повеќето предавања се од 8 часот, што секако не одговара скоро на никој. Членовите на студентско собрание ни напишаа не кревајте паники, работиме на тоа, ќе средиме. Колку што средивте до сега, толку и од сега. Еден распоред додека го направија толку време им требаше, барем да го направеа како што треба. Ние роботи сме, можеме да спремиме цел испит за 4 дена, нема проблем.
Мене не ми е јасно како ќе се спроведуваат електронски пимените полагања. Еве конкретно на Teams. Ќе ни пратат тест и ќе треба да го потполнеме со вклучена камера или како?
Исто и кај нас денес, распоредот од убав - поубав. Поубав не можеше да биде. Никаква временска разлика во денови помеѓу испитите, ниту пак е продолжена сесијата како што требаше да биде. Да не им избега одморот. И со почеток од 7:30 ха ха.
На УГД што полагаа колоквиуми, беа вклучени на Teams со камера, а полагањата се одвиваа на платформата е - учење што ја има самиот универзитет. Така да, најверојатно вклучена камера и микрофон, а за дали тестот ќе ви го пратат таму или ќе биде на некое друго место, треба да си прашате.
Јас имам еден испит писмено на Тeams, ни кажаа само дека треба да се вклучиме 10-тина минути пред почеток и само го решаваме тестот, за вклучена камера не кажаа ништо. Имаме 30 минути за 50 прашања
Очигледно ништо не бидна се кажуваат дека денеска ќе биде ставен сајтот kupuvamdomasno.gov.mk дека утре или пак задутре во превод тоа е никад.
Не можеа да се стрпат да почне сесија од 15ти и не можеа. Со кој памет тераат студенти од понеделник да одат на факултет, во најголемата гужва? Демек сеа викендов со полициски ќе се среди ситуацијата. Ако се разболам, после испит ќе барам консултации на факултет со професорите. А уствари и најјако е што тие професори не тераат да полагаме со физичко присуство, самите тие нема да бидат присутни туку асистент ќе пуштат.
Што ако на пример сум студент што живее надвор од Скопје. И сега мојот град организира превоз само преку викендот, а имам полагање во понеделник во 8 сат? Што прават таквите случаи?
Ако е вистина информацијава дека има САМО 100 НОВОЗАБОЛЕНИ во Скопје, ќе пробам да се воздржам од било какви коментари на темава деновиве. Нема да доликува на академски граѓанин . Комотно можевме цел март да одиме на факултет, многу полесно ќе поминевме отколку сега.
Еве се мислам за понеделник, дали да одам. Ако се потврди дека се толку ќе пишам на колегиве да ја замолиме професорката онлајн да го одржи.
Нека има сесија, што ќе правиме ако нема... Ама нека дадат онлајн нека е, има решение. Ете во училиштата средно-основно веќе осмислуваат стратегија како од септември да се оди, веројатно прво полугодие или ќе е од дома или по пола клас ќе одат у школо поделено на 4ч, со растојание, така нешто... А, кај нас една сесија не може да спроведат и се убедуваме онлајн или не онлајн. Толку УКИМ испадна дно...
Полагањето испити на УГД ќе се одвива онлајн, по барање на студентите може и со физичко присуство Според претходно направената анкета, студентите на УГД генерално се заинтересирани за електронско полагање, но како што посочуваат во соопштението, секое барање за полагање со физичко присуство ќе биде разгледувано од телата на факултетот и Универзитетот и почитувајќи ги сите протоколи ќе им се овозможи полагање на студентите. ,,Студентите претходно треба да го разгледаат протоколот за полагање испити кој има строги правила за физичко полагање, со цел да бидат добро информирани и строго да се придржуваат до него”, нагласуваат од УГД. https://www.radiomof.mk/polaganjeto...-na-studentite-mozhe-i-so-fizichko-prisustvo/
Искрено, прво и најважно е сите да сме здрави и живи. Ако се бројките вакви какви што се, тоа е што е. Сепак, ние што сме на медицина ќе треба да имаме разбирање со оглед на тоа што здравствените работници ни се во дефицит. Ако работите излезат надвор од контрола (иако евидентно е дека веќе се излезени), најмалку важно ќе биде полагањето испити. Дај Боже да грешам....и ако ништо друго, барем некои предмети да ги направат да се полагаат онлајн.