МОН треба да донесат одлука да нема физичко присуство на факултети барем уште недела-две. И онака цело лето ќе го изгубиме. Ако чекаме од професорите, можеме само да си пропуштаме испит за испит.
Некои од факултетиве при УКИМ има некаква иницијатива да се обрати на некој во МОН или УКИМ за ситуацијава? Пошо ко шо гледам сите на чат кукаме и после од понеделник вовче ќе праиме на факултет.
Кај нас физичкото полагање го сменија со комбинација од онлајн и физичко полагање и одложување на испитна недела да почне од 15 јуни наместо од 8 јуни. Лабараториските вежби само онлајн ни се. На ФЕИТ ова.
Што чекаат не сфаќам? Од понеделник веќе касно ќе е за било каква одлука, моментот е сега, утре најдоцна.
Треба да се бара на сите факултети да почне сесијата барем од 15ти. Нема смисол да почне од понеделник, освен ако не се полага се онлајн.
Ние учтиво замоливме професор доколку има шанса да се најде начин да го полагаме колоквиумот од вторник онлајн и подобро да не кажам каков одговор добивме. Затоа веќе не се ни надевам на професорите, мора некој над нив да донесе одлука. Ама МОРА. И да важи за сите истото.
Точно се согласувам. Но да не се надеваме напразно, видовме колку се ангажирани и колку се замараат за нас. Еве и сега уште полошо направија со целосен карантин, а Филипче вика се очекуваше дека ќе одат битно маски да се носат. Аха важи, ене сите носат и држат 2м дистанца. Дно од држава и образование.
Нас од 15ти ни ја одложија уште пред некое време, иако првично ни беше од 8ми. Едвај одложија, сакале на одмор да одат, ама битно одложија, да не се жалам.
Нит МОН нит УКИМ не знаат да се носат со ситуацијата. Ја префрлија топката на факултетите кој исто така не знаат да се носат со ситуацијата. Наоѓаат само решенија некој колку да се полага. Дали според закон има определено колку шанси мора да ни дадат да полагаме пред да презапишеме предмет?
Не важи ова кај нас. Само на 2 предмети дозволија да се полага два пати у сесија. Некои предмети и по 1 рок имаат само. Се ќе направат за да има повеќе презапишани студенти.
Е да тоа е лошото, факултети како Медицински, ПМФ, ФЕИТ (за овие знам само) преголем профит ќе имаат оваа година од нашето (не)полагање. Не можеа еден семестар да стегнат заби и да дозволат да нема услови, да не плаќаме двојно повеќе за предмет ако го презапишеме. А да не зборам па ако не положам 2 предмета, па тоа испод 20 илјади нема да ме фати уписот на семестар. Срам да им е кога и во вакви ситуации каде родители и без работа остануваат да бараат ненормални суми од студенти за упис (а како што знаеме многу студенти поготово тие што се почетници финански зависат од домашните, и тоа ПРЕМНОГУ). Па може некои и нема да можат да си дозволат да продолжат со студии ако се погодиле да студираат на гореспоменативе факултети. Фер ли е? Ни криви ни должни. Многу, премногу голема услуга ќе направат ако покажат грам човечност и ги укинат овие предуслови. Spoiler Имам другарки на Земјоделски и Економски, на нивните факултети нема вакви циркузи, а и еден предмет во година ако им е условен. (Мислам дека и ФИНКИ не плаќаат за презапишување ама не ме држете за збор)
Ич не сум зачудена. Очекував вакво сценарио. Никако немој да нема услови, мора пари да се прават. И ќе се најде тука некој да каже "кој ви е крив кога не сте положиле на време услови хехе, до вас е". Се дур има пола студенти со врски и на кои пред време им е загарантиран уписот у следна година и условите и се, џабе сме ние шо си збориме вака.
Ние не плаќаме ништо дополнително ако презапишеме предмет на ФЕИТ само кредитите си ги плаќаме стандард. Ама пола од предметите од 3 семестар натака се условни ако немаш положено тоа и тоа не можеш да запишеш тоа и да имаш преостанато кредити и така.
Барање од ФСС на ПМФ до деканатската управа Како студентско претставничко телo и имајќи ја предвид новонастаната алармантна ситуација со коронавирусот COVID-19 имаме неколку барања и предлози до деканатската управа: - Бараме првата декада на испитите со физичко присуство да не се одржи. Што предлагаме? Наместо со физичко присуство испитот да се одржи онлајн. Доколку не се прифати ова барање, истиот предмет за кој нема да се прифати онлајн полагање да се полага во сите три декади во август. Поместување на датумот за полагање може да доведе до преклопување со датум на кој се полага некој друг предмет и се создава дополнителен проблем. - Покрај првото барање, алтернативно решение е целата испитна сесија заклучно и со втората и третата декада да се одржуваат онлајн. Во март спроведовме анкета во која студентите се изјаснија дека не сакаат да полагаат онлајн, туку со физичко присуство приложувајќи повеќе аргументи. Сега ситуацијата е обратна. Причините за тоа на сите ни се многу добро познати. Факт е дека ова можеби не е најидеалното решение, но во оваа вонредна ситуација мора сите да се прилагодиме кон неа и да ги прифатиме промените онакви какви што се. Одложување на сесијата за еднa седмица или замрзнување на истата не е решение. Со одложување проблемот само дополнително се таложи и се создава непотребен стрес и неизвесност во целата оваа ситуација. За официјалната одлука дали ќе бидат прифатени овие наши барања и предлози ќе бидете утре попладне известени. Со почит, ФСС на ПМФ