Ќе се стиснат заби и ќе фаќаме услови, нема друго чаре. И се 6ки нека ми бидат, и просек нека ми пропадне, јас не губа година ради некои си глуперди.
И ја сум за тоа дека мора сесија да има. Ни се натрупаа предмети, нема веќе време за одложување. Онлајн да е ќе е многу подобро ама и да речат физички ќе полагаме ќе си одам јас на полагања. Ама ќе има сесија, не верувам да нема, само 5 до 12 може да известат дека онлајн ќе е нешто пример.
Мора да има сесија, не е толку едноставно да се укине. А и не би сакала да изгубам година заради ситуацијава. Подобро со 6ки ќе бидам отколку да ни се укине цел семестар.
Ако се укине цел семестар уствари наместо 8 ќе учиме 9 семестри ама затоа што е летен 10 ќе не фатат или две години плус од тоа што треба бидејќи се брани дипломска во парен семестар.
Три сесии за да презапишеш, но не и за да фатиш услов. Во смисла може нема да презапишеш, ама можеш година да изгубиш. Некои предмети важат и повеќе, зависи од факултет и предмет.
На тетовскиот универзитет ќе полагаме онлајн . Лошо е само што не известија во последен момент па многу студенти или немаат лаптоп или немаат интернет. Сите студенти бараат да ја одложат оваа сесија за неколку дена за сите ученици да имаат можност да полагаат ама никој не обрнува внимание
Не верувам дека има некој што сака цела јунска сесија целосно да се одложи, туку испитите што се предвидени да се полагаат оваа недела на факултет, барем тие да се полагаат онлајн или истите тие да се полагаат во некој термин од 15ти јуни.
Жал ми е што само нашето усс се бори САМО за испитите да не започнуваат од 7:30 со физичко присуство, туку маалку покасно, наместо за онлајн. Испитната почнува на 10ти јуни. Шта речи.
На УГД ние ќе полагаме онлајн, завчера ме известија, од понеделник веќе имам еден испит. Ептен ми се погоди, сега да требаше да полагам со физичко присуство немаше да отидам. Покрај ситуацијава со бебе дома и вирус надвор побитно ми е здравјето отколку факултетот. Ниту време имам да седнам да учам, ниту би ризикувала да одам во Штип кога сега е таму главно жариште на вирусот. Баш убаво онлајн ќе полагаме и ќе немаме штета од тоа. И јас би се согласила да добијам и пониски оценки и просек да расипам, само да ги исчистам испитите и побрзо да го терам факултетот. Не ми се оставаат за следни сесии и да ги влечам.
Ако може да прашам на кој факултет студираш, и дали до сега држевте некои вежби, доколку имате такви на вашиот факултет? И не сфатив, ако немаш време за да научиш, како ќе полагаш? Да не ме сфатиш погрешно, не ми е јасно дали доколку полагате онлајн ќе полагате подоцна и ќе имате време да се спремите? Ви одложија ли нешто? Кај нас изгледа нема да одложуваат повеќе..
Koга веќе ти е дојдено преку таквото од менување ставови, менување датуми и начини на полагање, праќање мејлови по сите професори... Eве таман мислев си направив убав распоред, испадна се' ќе биде онлајн и ќе се менуваат и датуми.
Кај нас 90% се закажани онлајн испитите, баш ги гледав распоредите на сите години и по другите смерови исто, има по некој професор со закажан термин со физичко присуство, ама најверојатно до 15 и тие ќе се префрлат онлајн. Јас најверојатно нема да имам потреба да одам до Скопје, барем Јуни не.
Кога ве известија дека ќе се онлајн? 100% е сигурно? Кај нас не попуштаат и сеуште ургираат полагањето да е со физичко присуство од понеделник..
Засега првата декада ќе биде така, за понатака ќе се види ама сакаат да биде онлајн сѐ, не им се ризикува за физичко. Еве понеделник имам испит кој требаше да биде физички, денес ни рекоа ќе биде онлајн.
На туризам сум. Вежби правиме онлајн, во word и ги испраќаме на професорот. Немам време да научам сега за повисока оцена. А онлајн полагањето ќе успеам мислам барем за 6ка ако не за повеќе. Материјалот го разгледав кога полагав колoквиуми, голем дел ми е веќе познат, па мислам дека онлајн и со малку знаење би поминала, додека со физичко присуство, испитите кои се полагаат усно ќе ги зафркнев.
Ние од Укло веќе почнавме со полагање со задолжително физичко присуство, без разлика од кој град си, од првите колоквиуми ми останаја уште два кои ги полагам од понделеник, па после 5 дена пауза па почнуваме со вторите