Од една страна да, лошо е ама пак делот дека има и вработени заразени?? И планираа да не пуштат да одиме? Па заеби и протокол и се, не стапнувам на ПМФ па макар цела сесија да пропадне.
Дали има некој факултет од утре што ќе полага со физичко присуство или сите поместија или променија онлајн?
На правен, ама онлајн повеќето им ги ставиле. Не знам дали има некои што се уште толку тврдоглави да се иде на факултет уште од утре.
Што да очекувам веќе од професорине што на меил им е тешко да вратат Ќе си пукнам вака И да очекувам ли да спроведат онлајн испит?
"Ќерко без диплома си ништо во државава. Ќе студираш или ќе пасиш овци во планините? Сега ти бирај!" Па и да кажам не звучи баш лошо, на раат ќе ми беше душата.
Нема никакви промени на медицински, речиси се останува исто. Понеделник полагам клиничка биохемија, писмено во амфитеатеар, по 30 студенти во термин, терминот трае еден час и триесет минути, од кои, претпоставувам дека 30 мин. ќе бидат наменети за “дезинфекција” на амфитеатарот.