По полагањето имало пауза од 30 минути за дезинфекција, таков им бил распоредот за биохемија на овие од втора.
Ние денес бевме да зимаме потписи од стаж, еден човек ќе ги носи али ипак бевме 20тина души и надвор... Не може да запре времето, маска, дезинфекција и тоа е, не сакам одложување на работите веќе, а гледам по колегите едвај чекаат скоро сите веќе дипломи
Според мене, подобро надвор да полагаат. Некој викаше во парк да се полага и шала на страна, мислам подобро така. Се прашувам дали бар им даваат да седнат?
Се разбира дека седнуваме, има обележано места каде може да се седне за да се одржи дистанца. Воедно, овој амфитеатар на сликава и други два се доста големи, собираат +200 студенти а моментално смеат да влезат и полагаат најмногу 45 студенти. За секој испит во денот има три термини, така да со пријавување во iknow прават распоред колку студенти во кој термин може да се јават на испит и тоа однапред си го знаеме. Сметам дека се одлично организирани. Сепак, и од наша свест зависи колку ќе ги почитуваме мерките општо
https://www.vecer.press/од-следната-недела-на-kupuvamdomasno-gov-mk-и-domasiedoma-gov-mk-провер/ Maлку каснат а? Очекувано...
Според тоа што го кажа УСС, тие што немаат ќе им биде одбрана банка по случаен избор и да одат да си ја подигнат. Сега не знам дали уште важи, но вајда ќе ве известат!
Ке исплатат ли 100 евра за семестар како што ветуваа? За тие со кофинанцирање мислам важеше оваа мерка? Нигде нема инфо.
Страната www.kupuvamdomasno.gov.mk е активна, доколку сакате да си проверите дали ве следуваат пари или не. Само очигледно им е премногу преоптоварена па многу слабо отвара.
Се надевам да, штом започнаа со реализација на овие купувам домашно. Но, не се за тие со кофинансирање само, туку општо за сите студенти и средношколци од семејства со ниски примања.
Страната е активна, проверив за себе и неколку другарки пред неполн саат време. Проблемот е што е преоповарена. Така што ќе се почека додека да се растерети малку за да може да се добие пристап.