Не знам што е проблемот? Јас накај 11 проверив за мене добро функционираше. Иначе ми пишуваше дека спаѓам во млади лица. Имаше и опција ако сакаш да се откажеш од парите.
Преоптоварен е сајтот сега, затоа. Дали сериозно ставиле опција да се откажеш од парите и дали некој би го направил тоа?
Исто од втор обид, изгледа меѓу првите сме биле. Даа хахахха, не знам кој ќе се откаже, ама ајде, живи да се.
Добро а што е со документите за идентификација? Пишуваше дека можи да се подигни картичката само со валиден документ за идентификација. Мене истечени ми се личната карта и пасошот и поради ситуацијата не сум досега појдена да вадам нови. Инаку јас сум на Стопанска банка и ми нема стигнато порака. На едно друго девојче што е исто на Стопанска му стигнала денес.
Па реално ниту можеше да извадиш нови, немаа материјали, само за премногу итни случаи вадеа. Инаку мислам дека им е продолжена важноста поради ситуацијава, ама не сум сигурна, прашај во МВР.
Има некаде листа со кои производи и места што може да се купуваат со платежната картичка? Страната е премногу “расипана“ за да ја разгледам убаво, едвај најдов дали ме има.
Само македонски производи и услуги. Пр. во кафулиња, ресторани, хотели, производи, за шопинг можеш итн.
Само со матичен број ти отвори ? Јас никако не можам да проверам со матичен , да не има и друг начин ??
Проверете на страната на Стопанска да не има некое известување. Знам дека за тие што се на НЛБ мора да се упатат на официјалната страна и таму да пополнат апликација за да почне да им се изработува картичката додека Комерцијална банка сами си ги изработуваат, праќаат порака и нема потреба од никаква апликација. Би требало да пишува на страната на Стопанска банка макар некое известување.
Ова сигурно ли е? Другарче нема трансакциска ама на страната му пишува дека преку НЛБ ќе ја дадат, па дали значи дека мора да аплицира за да ја добие?
За НЛБ знам дека мора да пополни апликација. Еве линк од официјалната страна на НЛБ, нека прочита тука убаво. Треба да внесе пак матичен број и ќе му излезе апликацијата. https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx
Женски, еве направив прашања со одговори што ги пронајдов на интернет, корисни информации се, може ќе си најдете одговор на некое прашање што ве мачи. ◘ Кои се корисници на домашната платежна картичка? Вклучени се четири категории граѓани. - Првата се граѓани со низок доход, односно приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 ден. во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи. Во оваа категорија 115.927 лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка - Потоа вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија. - Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. - Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19. ◘ Каде може да се користи картичката? - Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало продавници за храна и пијалоци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување. Продавниците ќе треба да обезбедат обележани гондоли-рафтови со ознака “КУПУВАM ДОМАШНО”. Со картичката може да се плаќаат македонски производи и услуги на физички и онлајн локации на деловни субјекти кои вршат одредените дејности, но не може да се вади готовина од банкомат, да се плаќа надвор од земјата, да се префрлаат средства кон други сметки. ◘ Одговори на прашања поврзани со банките. - Министерката посочи дека издавачи на Домашната платежна картичка се НЛБ Тутунска Банка, Стопанска Банка-Скопје, Комерцијална Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИ Банка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка, односно оние банки што изразија интерес за учество. - Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба. - Банките на своите интернет страни ќе ја објават постапката за комуникација со клиентите и начинот на нивната достава на картичките, односно доколку лицето е постоечки клиент на банката ќе добие смс порака кога ќе биде готова картичката и како ќе се подигне, а доколку лицето е корисник на финансиска поддршка и нема сметка во банката во која е распределен, банката ќе го контактира и ќе го извести за начинот на издавање и достава на картичката На корисниците ќе им бидат достапни и кол центри. - Картичката, банката ќе ја достави до адреса на граѓанинот или ќе може да се подигне во банка. Информациите се од либертас.мк П.с. мислам дека студентите на приватните факултети не се опфатени, пишете информации тие што студирате на некој од нив. Ако не ви следува објави членка погоре дека треба да пишува: Внесениот матичен број не е во листата на граѓани на кои им следи финансиска подршка со оваа мерка. Ако мислите дека ви следува според наведените услови погоре, обратете се на finansiskimerki@gs.gov.mk. Честитки, со здравје да си ги истрошиме некаде
2. Најдоцна до четврток 11. 6. Банката на својата интернет страница ќе го објави сервисот преку кој лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање. За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон во Банката, ќе им биде испратен и СМС со терминот и со филијалата за подигнување на картичката. Еве за тие што сте на Стопанска. Значи до утре ќе биде објавено
@chocolateheart ако може истово и во темата: Домашна платежна картичка "КУПУВАМ ДОМАШНО" Ти благодарам!
https://www.facebook.com/100801514873107/posts/146336603652931/ Сите од УКИМ што ве нема на списокот за 3000, пријавете се тука. Може ќе ги исправат грешките што не пропуштиле