Еве кај мене на факс пишаа соопштение дека имало вработен кој бил позитивен и сесијата ќе се одложела за 14 дена? А што правиме со овие 4 дена што се полагаше со физичко присуство? Немам коментар.
Нека ја организираат онлајн ако можат, барем колку што можат, ако пролонгираме постојано, ќе одиме до бескрај.
Епа за ова зборував уште од самиот почеток! Да речеме дека се почитувал протоколот: маски, ракавици, дезинфекција... кој ќе биде крив ако поради невнимание се зарази некој друг од персоналот или пак студент?! УКИМ игра на многу ризична карта.
Не сакам ни јас да се пролонгира, сакам да се заврши што побрзо, но ни ова не е начин. Два предмети организираа онлајн, два морало со физичко присуство, и петиот беше со физичко, во вторник требаше да се полага, но сите заедно одлучивме да не одиме, па се решија да го преместат онлајн. Ова е за нашата година само, другите исто полагаа со физичко присуство претходниве 4 дена. Дизајн и технологии на мебел и ентериер. И јас поради ова најмногу се нервирав, среќа што за прв пат сите бевме сложни и не отидовме во вторникот да полагаме, но знам студенти од другите години што беа. Значи сега кога видоа дека никој не отиде да полага, можело да се организира онлајн, а претходно не можеше...
Со скоро 200 заразени на ден полагање со физичко присуство е неодговорно...еве ќе се случи нешто вакво со заразен, а кај нас што сме по стотици души во генерација пријавени за полагање, мислам дека шансите се 100%, и што, на сред сесија ајде во изолација? Нема друго освен онлајн, нема.За предмети што се практични и кои стварно не можат онлајн да се полагаат, нека бидат премести за понатаму.И така сме свесни дека тие предмети се во помал број, еве на некои од нас тука тоа ни е еден предмет.А особено на факултетиве од општествени науки, слободно се може да биде онлајн.
Прво на ПМФ, сега и кај вас, а и сигурно има на другите факултети. Значи треба да направаат тестирања на сите вработени на универзитетите.
Да да, те разбирам. Немам премногу против физичкото присустви. Ама во оваа ситуација, навистина треба да се потрудат да организираат онлајн, барем некој од предметите што ви се во тие две недели, се пролонгира цела сесија за две недели, не е малку.
Убаво ќе беше ако предметите кои бараат физичко полагање, ги ставеа втора декада. Колку-толку би биле подоцна. Секако, тоа што може онлајн, нека биде онлајн.
На никој не му е гајле за универзитетите, го влечкаа проблемот што ќе прават со нас до крај, и после испадна ај нека си одлучуваат сами факултетите, не се замараме.Сега уште да тестираат, аха.
Само шо постираа во групата на ФСС на Медицински, дека се разгледува можноста за сите испити да бидат онлајн поради бројот на новозаболени.
Едно општо прашање до сите. Дали професорите ви кажаа кој матријали да ги земете за учење пред да почне пандемијава? Мислам повеќе на тие предмети каде ви бараат книга или копија од скрипта што ја нема вo pdf формат. На ПМФ многу знаат касно да ни ги дават матријалите. Сега сред сесија е, а еден професор уште не ни ја даде скриптата.
Кај нас на медицински, повеќето ни пратија pdf, а за другото си кажаа од каде треба да се набави. Макар и во предметните програми си пишува според која литература да се водиме.
Кај нас тоа што е во програмата не е точно. Воопшто немаме пристап кон матријалите и мора професорот да го прашаме или воопшто не ни ги дава на време. Иначе повелете да го изругате УКИМ: https://docs.google.com/forms/d/e/1...YbRVBQrg7sKDzyAFXdZnqjd6rs8Q/alreadyresponded
Не дека на сите е точно, ама во глобала е. Културна е ептен анкетава за да се изруга, само последното прашање така дава убав простор
Оф топик, али мислам дека треба да се стави многу повеќе внимание на ова! https://www.radiomof.mk/prikazni-ko...entki-ucenuvani-i-voznemiruvani-od-profesori/
Здраво Дали почнавте некој полагање со физичко присутство? И како стигнувате вие од други градови? Јас студирам во Битола , а живеам на 80тина км од Битола. Полагањето ми е со физичко присутство. А овие од факултетов мој имаа изјавено дека доколку некој живее подалеку од 50км, ќе има исклучок и ќе може да полага онлајн. Е сега, му пишувам емаил на еден професор дека немам ниту превоз,ниту сместување за да стигнам на полагање,па дали ќе може да полагам онлајн,одговор НЕМА ! А полагањето е за 2 дена Ми го ускратуваат правото да полагам. И каде можам за ова да се обратам? Освен кај дотичниот професор??? Многу се нервирам. Најголеми идиоти испаднаа овие од факултетиве значи.