Ќе пробам со студентски правобранител. Ако полагате секаде онлајн , би требало и кај нас да е така. Ви благодарам сепак
100 ИЛЈАДИ МЛАДИ ЛИЦА ОД 16 ДО 29 ГОДИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПАРИ ЗА ПРИБОР, СТУДИРАЊЕ ИЛИ СМЕСТУВАЊЕ И ЗА УЧЕЊЕ ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ, КАЖА АДЕМИ
Се е ок, ама малку не се реални. Се даваат пари на луѓе коишто земаат социјална помош, имаат ниски примања и слично. Некој што има малку повисоки примања не добива ништо, а на крајот на денот пак ќе има помалку пари бидејќи гзот го поти. Оној што имал ниски примања до пред корона као да не му требале пари ? Тој и пред корона имал исти примања, а оној што сега си ја изгубил работата нема да добие бидејќи претходните месеци имал добра плата. Ок.
Ама сега има избори и помош заради кризата со корона како изговор, во обична состојба немаат некаков изговор за да ги даваат.
Нека им даваат, кога знаат дека има луѓе што за тие пари ќе се излажат и ќе ги гласаат. Искрено не ми ни требаат нивните пари фала богу, ни па ќе сум дел од ова, не спаѓам у тие групи ама чист поткуп за гласови им е ова. Толку се очајни, мерките им се исто очајни. Што не помагаа цело време кога се на власт, што само пред избори? Мижи Асан да те баам работава. И ова нема да го спроведат ко шо треба, толку се способни.
Јас сметам дека високото образование е пред колапс и НИКОГАШ сме немале услови за ништо. Хемичарите кога се жалеа дека работат во тие гадотии таму од титово време на МОН не им трепна око! Жал ми е што мој блиски сакаат да се откажат од факултетот ради фрките што ни ги прават.
Јас би го избиришала високото пред образование, зашто целото ни е катастрофа. Инаку дали ги видовте барањата на УСС, не занм колку ќе се исполнат, ама ако се исполнат ќе биде супер.
Има за нив други мерки, треба само да аплицираат. https://www.facebook.com/avrmakedonija/posts/2629606920643254 За тоа дека да немаше избори поинаку ќе беа работите и јас мислам така.
Како да не, ќе ги исполнеле. Еве трчаат нешто да направат во полза на студентите. Пак ќе повторам, УСС нема никакво влијание! Од почеток, верглаат во празно, ниту една релевантна институција не ги има слушнато нивните предлози. За жал, се гледа колку нашата држава издвојува за студентите и колку ги цени. Само ми е смешно шо овие од УСС се убедени дека некој ги слуша и дека всушност прават промении!!11
Да, https://www.docdroid.net/aA2CSXA/ba...EN6lVQD4el8BKO12NQA521qj-JVPKwrj539RsOFawkh68 УСС имаат повеќе влијание, не некое за пофалба, ама барем го има, за разлика од ФСС што не се слуша воопшто. Нешто од нешто се реализира од УСС, сесијата да трае по месец и половина, платежните картички и ваучерите тие ги побараа, а на власта како топло лепче им дојде идејата пред избори. Колку толку се трудат нешто да направат, некоја промена, сепак се на самиот почеток и е прва година, уште кај нас не се спремни институциите да слушаат некој друг глас, освен тој над нив.
Дур ги спроведат работите што ги имаа у план и ги ветуваат, дипломи ќе земеме. Не ги ни читам ја тие веќе, безвеза се, со месеци истото го зборат и џабе, како ќе им речат така прават, не се борат нешо посебно. Според мене џабе се формирани и УСС и ФСС. Useless se.
Се знае каде се крати. https://www.radiomof.mk/obrazovanie...no-izvisija-so-krizniot-rebalans-na-budzhetot
Кога најавија дека студентските може да се искористат како карантини, веднаш отидов и си зедов се, до последно парталче. Иако не се искористија, знам дека после никој нема да одговара ако ми исчезнат работи. Жално е тоа што ги снашло, во оваа криза и лични работи да ти украдат. Eдит: и јас не сум во Стив, ама со помислата дека секој што бил во мојата соба претходно може да си има клуч, не ми се оставаат работите со месеци таму...
Јас пред околу две недели се иселив, последна од моите цимерки. За среќа, ништо не ми фалеше... Не сум инаку во Стив.
Еххх си го имав замислено ова, еве сега гледам дека се остварило. Баш паметно. На Медицински што полагаа вчера другарки не се баш задоволни. Јас наредна недела имам со физичко присуство. Вие како? Споделете искуства.