Оваа недела имавме 2 полагања онлајн, супер беше, немаше никаков проблем со спроведувањето, задоволна сум јас лично многу, немаше проблем со пуштање на тест, испраќање и слично. Следната имам еден во амфитеатар испит, еден усно на факс, па ќе видиме како ќе е. Се надевам ќе има придржување до мерките.
Еден другар требаше да полага онлајн, па кога се уклучил професорот ги прашал дали имаат огледало ставено позади нив и скоро никој немал и ги паднал туку така. А ништо не им кажале за огледало!
Претеризам, требало барем да им ги каже условите пред полагање. Јас вчера полагав онлајн усно. Не знаевме на која платформа и одеднаш професорката праќа линк од зоом, а ние на теамс имавме предавања. Како што имам лаптоп како желка и телефон полн со меморија, се вознемирив дали ќе можам да стигнам да се вклучам. Од пребарувач не можев да се вклучам, како за среееќа лаптопот беше многу брз, ја инсталирав апликацијата и стигнав. Никакви проблеми немав со конекцијата, си течеше како разговор во живо. И положив, што ми е многу битно.
На мојот факултет се' полагаме онлајн. Во однос на спроведувањето на полагањето од технички аспект се' е супер, нема никакви проблеми ни со конекција, ни со камери и слично, но тежината на испитите е малку поголема за разлика од оние со физичко присуство и времето е пократко, што мене реално ми е проблем бидејќи сакам да се сконцентрирам повеќе. Ват д фак... зошто?
И мојот лаптоп е многу спор едвај функционира. Јас полагав по еден изборен усно и на професорката и се исклучи микрофонот БАШ ВО МОМЕТОТ КОГА МИ ГИ КАЖУВАШЕ ПРАШАЊАТА!
Досега полагањата ни биле онлајн, од техички аспект се' е во најдобар ред, ретко некој да има проблем со конекција или слично. Но од начинот на спроведување не сум задоволна, ама воопшто, никаква контрола, демек ограниченото време е пречка за препис, како да не. 80-90% положеност, кого залажуваме со бројкиве, кога во живо под 50% е, сега со карантинов сите се запнаа да учат? Смешно е, и муабетите дека тој што препишува, препишува и во амфи, од 300 студенти 350 и во амфи препишуваат? Знаењето е за нас, ама и незнаењето е.
Факт е дека се препишува и ќе се препишува на мртво. Еве на пример јас полагам утре онлајн, без камера и микрофон. Професорката праќа линк од тестот на microsoft forms и како шо рече само времето е “пречка” за препишување. Ако е испланирано и за 30’, може некој да препиши.
Тоа го зборувам огромен дел одат на варијанта препис, кога се може, не можам да ги обвинам студентите, искористиле прилика. И да немаш книга фатено, ако некој ти ги слика одговорите, положуваш.
Полагав јас online писмено, поголем хаос не сум видела.... имавме 50 прашања за 30 минути, тестот каснеше преку 15 минути, кога се појави на Teams појавуваше грешка, па ајде конечно почнавме ама во таа збрка не ни видов колку е часот за да знам уште колку време ми е останато, ниту имаше стоперка да одбројува, ниту професорот кажуваше уште колку време е преостанато (иако напомена дека ќе ни кажува). Ако не стиснеш submit до 29та минута, автоматски го паѓаш тестот. Положив среќа, но сето ова ми дојде стресно и нервозно, особено што беа многу прашања и не знаев дали ќе стигнам да ги решам и размислам сите бидејќи ме бркаше време. Како за прво, воопшто не сум задоволна, можеби подобро ќе беше да имавме прво еден пробен тест, само да видиме како би се одвивало сето тоа и што да очекуваме, ама искрено едвај чекам да полагам на факултет како човек.
Јас забележувам дека не само кај мене и на другите факултети. Имам другари на Градежен што ги испопаѓаа по сите предмети. Ги пријавија па да видиме што ќе бидне, а они уверени се дека нема никаква разлика да направи.
Згрешија со ова вакво он лајн полагање. Секој професор ќе знаеше колку студенти има пријавено за испит..ќе спремеше пример 60 наслови и ќе ги поделеше по студенти, ама не да расксжуваат туку да сработат проект по тој наслов. Барем ќе се раз-гуглаа студентите секој по своја тема и ќе научеа збор повеќе за таа област.Па покрај излагањето секој во одереден термин за своја тема ќе одговатжра и на 5 блиц прашања од книгата.
Кај нас испитите се онлајн усно. Многу студенти сме, ама сме поделени во две декади и иде некако. Не се минува баш лесно.
Ехеее на ѓаволот дупката ја знаат децата Го гледаш седи пред тебе седи и одговара усно, ко некој доктор на науки има знаење а тој со бубица во средно уво
Море и професорите не пијат нафта. Посебно оние кои се со репутација престроги. Може на сред полагање да му текне да ти каже "потргни си ја косата од увото" или "заврти ја камерата" (во случај ако има излепено листови). Испраксирани се на препишување и професоритe
Ова мораат да го решат. Јас сум за онлајн настава, ама да биде со истите правила како и да е во училница. Секој наставник да предава, тестира и прегледува како што прави и офлајн. Исто и во основните школи. Од 12 наставници, само една им предаваше онлајн, и сите другите на крајот, од ракав истресија оценки.
Хаха се смее во ФИНКИ. Секој предмет ми е полагање + проект, не знам како ќе ги завршам (нормално имаш обврски преку семестарот да завршиш вежби кои еве траат веќе цела јунска сесија).