Џабе не мачат овака, нека ми стаат 6ки се и ај чао, и овака горе доле ништо не научив семестаров само набубав што можев колку за пролазни. А па највеќе ме мачи тоа што изгубивме шанси за полагање во текот на семестарот. Сега само зафрканции и стресови за глупости имам! Сметка од психијатар ќе барам да ми платат.
Досега три пати полагав онлајн, два од ист предмет беа, имам уште едно од истиот, усно е. Другото го полагавме со пишување на лист по што одма моравме да пратиме слики од листовите на меил. Ова што беше усно беше со вклучена камера, тројца полагавме и наизменично ни постави по неколку прашања. Немаше простор за препишување особено што дел од материјалот мора да го сфатиш логички. Еднаш сред полагање почна да ми сецка интернетот, професорот ми рече само ако нешто има проблем, не се секирајте, ќе се пуштиме од почеток. Среќа повеќето професори ми се вакви, без глупи услови и барања како она поназад со огледалото. Скоро сите кај мене преместиле да биде онлајн, освен еден предмет кој морало да биде со физичко, а што ми е оставен за август.
За предметот со физичко присуство, во 6:00ч ќе тргнам накај Скопје, а дури во 17:00 ќе сум дома. За само 1 час полагање.
Сигурна сум дека голем дел од нас ја користат платформата teams за предавања и полагања па имам едно прашање. Не можам никако да ја уклучам камерата, а наредно полагање во петок ми е повторно на оваа платформа усно и ми е страв да не не ме остават да полагам ради ова. На првото полагање за малку да се зафркнам, имав среќа шо професорот беше постар човек и не сакаше многу да се замара, ме испраша и без камера уклучена, али за сега ми е ептен страв. Прашањето ми е како да проверам дали би функционирала пред да треба да се уклучам на полагање, да си проверам? Ја симнав платформата и на мобилен за секој случај, ама сакам со лаптоп да полагам, попрактично е. Прошлиот пат одблокирав се, и микрофон и камера заедно. Микрофонот си профунционира, камерата не сакаше никако да се уклучи. Знае некој како да го средам ова?
Пробај со некоја колешка на chat да направите повик, види како ќе ти профункционира за на полагањето да знаеш.
А да пробаш преку browser да ја отвориш? И јас ја имав инсталирано и рандом ми се гасеше апликацијата, и многу ми кочеше. И потоа прогав преку Google Chrome и сега немам таков проблем. Можеби ќе ти работи и камерата преку гугл хром, пробај.
Најдобро би било да се ставиш самата во call и да испробаш се дали е во ред или со некој колега. Пред да влезеш во разговор ти дава опција дали сакаш уклучена камера и микрофон, но можеш да ги уклучиш додека си и во разговорот. А за преку телефон, не знам дали можеш да се уклучиш али испробај си! Ако не ти работи камерата како што треба тогаш однеси го на поправка да види што е проблемот.
Камерата си функционира на лаптопот, океј е. Отидов на самиот meeting за во петок, и пред да одам во join ја уклучив камерата и ми излезе како шо треба. Ама на само полагање не знам.. Како да направам сама повик со себе?
Имав сличен проблем при полагање и јас, на почетокот професорката ме гледаше со прекини и колку можеше ме испраша, а подоцна не можеше да ме види, и јас не знам зошто. Имаше проблем со камерата. Денес баш полагав повторно со истиот лап топ и исто ми беше страв да не се повтори тоа, но се беше во ред за среќа. Претпоставувам заради оптеретеност на системот се појавија тие проблеми, бидејќи го имав уклучено лап топот на полнач, плус слушалки, па дури и хотспот од телефон, бидејќи ми беше страв да не снема интернет од рутер. Денес ништо од тоа немав. Како и да е, мој совет е да го наполниш лап топот претходно, да го исклучиш од почнач, и да полагаш без слушалки, ако претходно си полагала така. Не знам дали тоа е проблемот, но јас мислев заради преоптовареноста на системот е така. Или може имаш проблем со интернетот. Освен овие работи, друго не знам што би можело да биде. Се надевам ќе средиш.
Сеа пробав со колешка, океј беше камерата се пушти. Се надевам на само полагање нема да ми прави проблем. Фала ви на сите.
И јас имам едно прашање. Кој метод на учење го користите при жешково? Значи буквално седам, читам, а мозоков ми е во лер. Станувам порано наутро за да учам демек додека е посвежо, ама се стоплува неверојатно бргу. Преку ден мислам дека ништо не ми влегува во глава, едноставно како да не функционирам. Веќе не ми текнува друга опција, освен целосно да си променам начин на живот идниве денови т.е. да спијам преку ден, а да учам навечер.
Еве денес маж беше на натпревар по математика за основци, а е 30+. Како?! Му праќаа задачи да решава. И испити онлајн велите?! Се исполутив зошто учествува во нефер натпревар.
Гледав, онлајн регионален, ако за тој зборуваш, државниот ќе бил со физичко. Имаше прилика да видиш како ни е полагањето онлајн во кратки црти.
Абе ајде, мизерни сме. Родителите се мизерни. Гледам у ждм на фб исто прашувале, па има и поддржувачки демек - браво како и текнало, снаодливоста била битна. Вистина?! Колку сте па вие паметни се гледа по заклучокот си велам, натпревар е, нека се снаоѓа просечен ученик, ама на натпревар?! Од таквите "снаодливи", а глупи, си патиме. Да, да, може да си снаодлив, а глуп зошто не размислуваш за последиците врз некој друг, е затоа си глуп. Колкава неправда, колку дудуци ќе освојат нешто што не заслужуваат. А така креаираме генерации што ништо не ги задоволува зошто од дома лажно ги прават посебни. Па кога ќе ги удри реалноста, станува баш страшно. А една па и коментар, какви се овие задачи, јас на пример нема да ја знам да му ја објаснам на моето дете, не се нормални. А задачава дропки за 6то... Немаме зрелост за онлајн оценувања.
Поголема глупост-АМИН! Инаку на 15 август Државен е закажан 15АВГУСТ Импровиззации за фалби по социјални мрежи демек моето дете е СПЕЦИЈАЛНО Бљак!
Прочитав пред некој ден, во Америка наставата наредна година ќе била онлајн, ама еве, се надевам кај нас ќе биде по нормална. Завршив испитна онлајн, мислам дека бели влакна добив од сите стресови, а идејата да имам онлајн настава, редовни колоквиуми за цела година.... Ме интересира туѓо мислење, како ви звучи идејава за цела година? Има ли надеж да е по старо, нешто да ме држи позитивно.
Јас сум за во живо, дефинитивно. Мислам дека голема дупка ќе ми остави семестаров, независно што го научив цел материјал. Едноставно не ми е исто некако..
Се молам на Господ здравје од октомври сите да си почнеме на факс и да си бидеме присутни таму. Ова вака не е тоа тоа.