Не би да те разочарувам, ама се најавува дека на есен ситуацијата ќе е полоша. Лето е и има високи температури, а има поголем број заболени од пролет поради шетање и не почитување правила, ако е сега вака логично е да е на есен полошо. Мислам дека ќе изгубиме уште еден семестар дома, а ќе почнеме да одиме на факс од следниот летен семестар(до тогаш би требало да се појави вакцина). Генерално многу лошо за нас студентите.
Бар колоквиумите да ги полагаме во текот на семестарот. Јас имав само по 2 предмета полагања, а останатите ни ги ставија во сесија и стварно беше dick move. Сега за октомври ќе биде хоус и ќе има многу разочарани!
Многу е лошо, знам дека треба да сум реалистична ама со одењето на факс имав и причина да држам рутина секој ден, гледаш различни луѓе и многу други работи, се чуствуваш продуктивно. А да не почнувам па колку пропусти и проблеми имаше за онлајн предавањето во претходниве 2 месеци, и колку предавања воопшто не се ни одржија. Spoiler а и стварно не би издржала пак да го слушам брат ми на глас да учи математики Или барем полагањата да се со присуство, знам некој и така ги држеа, кај мене беше од дома и времето и денот само се менуваше. Професионалност никаква.
Дали сум за да се оди на факс од октомври? - Дефинитивно да. Дали тоа ќе е паметно? - Дефинитивно не. Не сакам да го ризикувам здравјето на моите најблиски, па и своето, ете денес починала 24 годишна девојка, за жал. Вирусов очигледно ќе потрае, ако сега летно време имаме вакви бројки не сакам ни да помислам што би се случувало на зима. Сега е лесно да држиме дистанца пред банки, маркети и сл, но кога ќе залади времето тоа нема да е изводливо. Исто и медицинскиот персонал ќе е преморен, ќе нема кој да се справи со напливот на новите случаи со Ковид и плус сезонските заболувања. Кажаа дека некои студентски домови ќе се пренаменат за да примаат заразени со Ковид. И министерот мислам дека рече да биде наставата онлајн од септември. Ќе мора да има поголема контрола врз професорите и казни доколку не држат предавања. Мора да има колоквиуми и испити со физичко присуство, а наставата да е онлајн. Многу беше лошо тоа што не можев оваа сесија да полагам колоквиуми. Само не знам лаб вежби како би ги одржале, ги пропуштив од овој семестар и не би сакала исто да се случи во наредниот. Нема да е исто нормално, и јас ги сакам дружбите на факс, но ќе мора да се приспособиме на новата ситуација. И најважно ќе е да има контроли, односно МОН да си ја врши својата работа и овој пат навремено да изработат протоколи за изведување на наставата. Да не чекаат 5 до 12 како за сесијата. За сè сме способни да најдеме решение....ако сакаме нели.
Се живо е отворено, ништо нема да смени ако одиме на факултет. Кога се друго си е отворено и гужви има насекаде, бар нека не ми останува дупка во студиите.
Какви собири има сите ко распуштени,ова е надвор од контрола. Треба да се забранат сите собиранки и да не пуштат нас на факс да идеме!
Како нема да смени? Пола Македонија ќе биде во Скопје, за викенди сите дома ќе одат, за студентските домови да не правам муабет. И во Србија им беше сè отворено, па ене сега враќаат полициски час. Пак ќе речам доколку надлежните институции си ја вршат работата, ниту ние ќе сме во загуба, ниту пак ќе има вакви собиранки како сега.
Кога ќе забранат групирање по 30+ души, и кога ќе забранат по ноќни клубови журкање, нека ми забранат и вежби на факултет. И онака се е отворено. Ако затворат, нека затворат се, и обратно. На факултет сум каде имам практични вежби кои се многу важни за понатаму, не би сакала да ги губам и следна година.. Инаку се согласувам, најмн. се криви надлежните што не казнуваат како што треба. Да казнуваа немаше да има такви групирања без контрола.
Точно, јас вината ја гледам само во полицијата бидејќи не си ја врши својата работа. Еве и на факс кога полагав, дел си ги тргнаа маските бидејќи им било топло, другите седнати заедно без маски....хаос. Никој ништо не превзеде, и во ЈСП е исто дури и полошо. Кога ќе има казни и кога ќе се почитуваат мерките максимално тогаш ќе можеме нормално да функционираме. Но, далеку е од тоа Македонија. Последиците секако ќе ги трпиме ние студентите....
Полагав јас. Бевме по тројца на камера + проф., не е ништо комплицирано, само пробај си пред полагањата дали ти е во ред камера, микрофон и слично.
Апликацијата знае да закочи на моменти и да се слуша испрекинато, или пак се случува проф да не те гледа. Онака е во ред.
Да се надоврзам на членката. Како што кажа таа, сецка апликацијата особено на десктоп. Затоа попаметно ти е да си ја отвориш преку browser, конкретно на chrome воопшто не ми кочеше.
Ако биде вака и од септември/октомври барем нека направат подобар концепт. Ова на ништо не личи, по некој предмет условите ти ги утежнуваат ептен, по друг дозволуваат препис и намалуваат критериуми. Паѓа интернет, кочи апликација, недај боже камерата да ти се изгаси по не твоја вина, леташ од испит. На полагање да не смее во соба да ти влезе некој, одма мислат препишуваш. Во виртуелна соба ако влезат повеќе души, збогувај се од предавање и вежби. И да, ко што вика @ElenaOfRivendell , се е отворено, дискотеки фул, ама на факултет не? Ок.
Мислам дека УКИМ ќе си направи своја платворма зошто пред некоја недела неможев да се логирам во Teams ми бараше да го пишам маилот за да ми се префрлат сите работи што сме ги работеле на платформата.
Ако од и наредниот семестар се одвива онлајн, размислувам да го ставам факултетот на пауза. Да бидеме реални, на овој начин не се постигнуваат најдобри резултати (за тие што учат). На предавањата нема интеракција, професорите си ја читаат презентацијата и сметаат дека тука завршила нивната работа. На мојот факултет, при секое предавање во живо сме имале и дискусии и решавање задачи, настрана вежбите што ги имавме покрај секое предавање. Значи секогаш имаше интеракција меѓу професорот и студентите за да се подобри начинот на којшто ние комуницираме и се изразуваме, бидејќи сепак студирам јазик. Потоа, јас секогаш учев во библиотека. За жал, читалните сега се затворени и морав да учам дома, каде што не секој има услови и работна околина. Ова особено се одрази врз моите оцени. Сѐ на сѐ, за мене семестарот помина ужасно, се чувствувам како ништо да не сум научила и ништо да не сум постигнала.