И јас сум против онлајн да биде наредниот семестар бидејќи овој сега ми беше најнепродуктивниот семестар ever. Ама не можете да споредите отворени кафичи и клубови со факултет. Одењето на факултет ќе биде задолжително, во кафич не мора да одите. Плус вие ако се пазите, доволно е 1-2ца колеги да не се пазат па да настане беља. Премногу ми е криво што пропуштаме лабораториски, неопходни се, ама дали би се затворила у просторија со 30 души (значи задолжително, не по избор) што не знам ни каде биле, ни што правеле, ни дали се болни или не, па јас искрено не би. Предавањата нека бидат онлајн, колоквиумите може да ги распределат како и сега, дел онлајн дел со физичко присуство а за вежбите стварно не знам алтернатива.
На мене професорите скоро ни ич не ми се достапни. Знам дека се зафатени и со други обврски, ама со недели ми немаат одговорено на некои пораки. Порано кога ќе одевме на факс, ќе ги барав во канцеларија и ќе им кажев дали имам прашања. Сега овака стварно ми отежна, имам толку многу прашања со матријалот ни google неможе да ми помогне.
Мене искрено повеќе би ми одгповарало да е онлајн студирањето од октомври. Факултетот ми е таков шо немам потреба од вежби, предавањата се состојат од раскажување на испитниот материјал. Не ми менува дали сум во амфи, дали слушам од дома. Полагањата онлајн исто така не беа лоши, немаше циркузи, се си беше регуларно. И како второ, не живеам во Скопје, такада да седам дома и да студирам би било супер за мене од финансиски аспект. Ќе се спасам од плаќање кирии.
Јас кога бев да земам оценки на факултет професорите не носеа маски. И влегувам на една во канцеларија маската на раката и беше, а студентите сите носеа маски. Професорите се утепа од пишување статуси дека мора да се носат маски, а они не го ни прават кажаното. Ова стварно ме нервира затоа што на мојот факултет има заболи и имам родител што е хронично болен, а страв ми е јас да не го фатам вирусот па на моите да го пренесам.
Дали ќе одиме во средно, или пак дома онлајн? На вести како да рекоа ќе се оди со маски, и часевите по 20 минути..Глупости
По 10ти август ќе се знаело така пишуваше. Нешто читав дека може и комбинација да има онлајн и физичко. Ќе видиме во секој случај.
Не е одлучено конечно, ама само онлајн нема да биде сигурно. Или физичко или комбинација. Во секој случај, се' e подобро решение околку само онлајн.
А ова го тврдиш од сопствено искуство како моментален ученик/студент, како родител на основец/средношколец или..?
Одамна излегов од училишните клупи и одамна дипломирав, а не сум ни родител. Сепак, тоа не ме спречува да имам свој став во врска со темава. Ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство, ако добро се испланира не гледам причина за загриженост. Поголем ризик, според мене, е затворањето на децата дома, да не ги набројувам причините пак зашто се кажани безброј пати. Освен тоа, се' друго е отворено и функционира нормално, училиштата не смеат да бидат исклучок. Поздрав
Во тој случај во реченицата ти недостига едно мислам или сметам, бидејќи вака звучи ко тврдење базирано на лично искуство. Од друга страна пак кога нешто мислиш дека е така, значи се базира на претпоставка. Поздрав. Во однос на темата, еве јас од искуство ќе кажам дека едвај издржав двочасовно полагање со маска и ракавици, бидејќи многу одзема од концентрацијата. За деца не верувам ниту дека ќе биде возможно да се допридржат до носењето на маска цели 4-5 часа, но ќе покаже времето.
Еве и јас ќе споделам искуство. Полагањата ни беа усно онлајн, за мене многу лошо е затоа што ме фаќа трема и се бунам. Таа една глупача од професорка ни пишува на Теамс ќе било полагањето, ок уклучувам, ја чекам едно 20 минути ни пратила мејл дека на Гугал Мит ќе биде. Значи паника ме фати! Како може бе такви глупости да ни изведуваат пред полагање?
Ма немој како може ние сите да се акаме на работа секој ден а учениците студентите настава да имаат online. Ние ќе работиме а тие наместо да почитуваат дистанца ќе се собираат групно ќе прават забави и што не а ист ризик како и во школо.( Online настава само за ученици до 5 оделение ништо више се друго у школо).
Зошто сите ученици и студенти ги редиш во ист ќош? Да, има и такви кои не почитуваат мерки, но добар дел се совесни. Зарем сега совесните треба да се изложат на ризик поради вина на другите?
Сакав само да кажам дека од online настава нема ефект, истите тие што нема да бидат во школо ќе акаат некаде групно и иста е веројатноста да заболат, Ова иди ем необразовани ем заразени.