Како не им текна досега да ги стават во школо и преку лето за да не акаат? Не знаев дека ако сме во школо автоматски не се збираме никаде
Ама нивното собирање е незадолжително. Не мораш да се собираш. А на школо мораш да одиш, во затворен простор со 30 други деца. Веројатно јасно е дека протоколи и слично нема да се почитуваат, да не зборувам дека со часови од 20 минути нема многу да се постигне...
Само млади се групираат. Во право си. Затоа сме до тука. Една па образована нација што сме во обични услови. Пола на школо одат колку да немаат неоправдани.
Со тебе очигледно не може човек да се разбере бегаш од сите можни теми на дискусија и идеш на друга тема колку да се најдиш во муабет.
Уф е вакви мислења просто обожавам. Уште па и делов, ученици до 5то одделение ОНЛАЈН. Иди прочитај во другите теми какво им е мислењето на родителите за наставата на децата до 5то одделение. Никој не е крив што има пандемија ама има такви што се криви што сеуште се шири низ Македонија и не се намалуваат бројките. Жал ми е ако немаш избор да работиш од дома па мораш да се "акаш" на работа, ама баш ме интересира дали истово ова ќе му го кажеш на член од твоето семејство кој е ученик или студент. Јас со луѓето што сум во контакт, знам дека ги почитуваат мерките колку што може највеќе и не идат на забави. Ни јас нити тие ќе сакаат да бидат затворени во иста просторија со луѓе што не се прибрале дома. И за крај, лесно ви е да зборите вака од страна. Не дај боже дома да ја осетите паниката дека некој можеби е болен, одма друга песна ќе пеете.
Јас како студент ќе знам што и како да си носам. Ќе се придржувам до мерките и ќе си одам со страв на факс. Оди докажи му на мало дете. Многу е лесно вака да земам јас жена да се споредувам со мали деца. Знам јас да дискутирам, ама со мислења што држат вода. Никој не те тера да одиш на работа. Тие деца мора да одат на школо. Ајде ти како единка кажи кое е најдобро решение освен "ако можам јас да се акам од работа, може да одат и на школо".
Ти кога се акаш на работа сигурно имаш колеги што не почитуваат мерки, исто и ќе биде и на училиштата и факултетите. Спомнав дека кај мене на факултет професорите маската ја носат како алка.
Најдоброто решение според мене е до 5 ОДД online сите други на школо или факултет бидејќи таа возрасна група не почитуваа мерки ни вака ни така.
Со учениците има можност наставата да се спроведе на друг начин, вашите работни места, за жал, не го дозволуваат тоа. И сите не се дружат, конкретно моите деца се дома, излегуваат само со нас во природа. Сметам дека здравјето е најважно, тој што не почитува мерки, секако нема да ги почитува. Со започнувањето на настава со физичко присуство се загрозуваат оние што ги почитуваат мерките, кои со тоа сакаат да се заштитат себеси и своите блиски.
Тоа што го кажа ти дека почитуваат мерки е 1 процент а вака 100 проценти необразована и пак заразена нација.
И зошто тој 1 процент, иако според мене е повеќе, да ризикува? И што кога здравствените капацитети ќе бидат надминати? Сметам дека онлајн наставата ако е добро осмислена, може да биде ефективна, нема да изгуби образованието на квалитет.
Ако заболениот не носи маска, да. Затоа избегнувам маркети каде што вработените не носат маски и им дозволуваат на муштериите да влегуваат без маски. Со настава со физичко присуство не станува збор за можност за заразување, туку сигурно ќе има заразување. Мислиш дека децата над 5 одделение ќе ги носат маските? Ќе ја користат секоја можност да ги извадат затоа што нема да можат да издржат толку долго со маска. На секоја појава на симптоми сите ќе треба да се тестираат и да седат дома во изолација. Значи пак ќе се губи настава, а тоа ќе повлече и изостанување на родителите од работа. И што со оние деца со хронични болести? Што со наставниците со хронични болести?
За да стигнеш до најобичен маалски маркет не верувам дека влегуваш да се возиш по автобуси кај што ризикот е многу поголем отколку самото влегување во маркет. Е сеа замисли 80 од 100 студенти во една група само да се возат во автобуси редовно. Хаос е мал збор.
Сите се за онлајн, а никој не размислува за студентите кои имаат практични вежби кои им се есенцијални за понатаму во студиите и работата. Тоа што може да биде онлајн нека биде, ама не сакам да имам дупка во знаењето. Сфаќам дека е ризично, ете предавања нека бидат онлајн, ама барем вежбите некако да се спроведат физички. Сепак сме доволно возрасни да не ги вадиме маските... За основците слободно може онлајн според мене, ама за тие над петто одделение.