Изостанување на родителите од работа зарем нема да има и кај онлајн наставата. Како да остават дете само дома. Тие родители ќе треба да бидат ослободени. Пред месец дена ги викнаа на работа и тие секако се снаоѓаа за чување. Но чување и учење од дома не е исто. Па дури и да е ослободен родителот, што во приватен сектор на постои како термин бидејќи тие родители добиа отказ, затоа ќе речам да има можност родителот да работи од дома, дали да работи или азбука да учи со детето. Никогаш не треба да се гледа само поповолната ситуација за нас. Има семејства со 2-3 деца. Ај замислете да треба сите да слушаат онлај настава, пр сите се основно училиште. Родителот и така го отпуштиле во меѓувреме бидејќи станал терет за фирмата зошто не се знае до кога ќе трае ситуацијата. Од каде тој родител да најде пари за 3 компјутери. Има и семејства со минимални примања. И немојте само дека државата ќе обезбеди бидејќи да сакаше да биде така до сега ќе превземеше нешто. Зарем не мислите дека родителите на помали деца се дискриминирани, нормално освен на оние кои се под буџет будејќи тие користеа мерки без проблем. Ситуацијата е далеку од комплексна. И децата повеќе почитуваат мерки, но земаат за пример од нивните родители кои не почитуваат. Неможе да бидеме вечни заложници. Еве темава не е за градинките но незнам што е различно од пред 2-3 месеци што сега треба да се отворат во период кога сите сметаме дека ќе биде пострашно. Разлика има само што поминаа избори а администрацијата им требаше за таму. Онлајн наставата е тешко применлива за мали деца. За тинејџери па да не збориме, за нив летниот распуст почна уште во март.
Д-р Данаиловски: Не е време за отворање на училиштата, децата под 14 години два пати повеќе го пренесуваат вирусот
Едно е реорганизирање за чување дете, а друго изостанување поради двонеделна изолација заради контакт со заболен. Што мислите, колку пати ќе треба да се повтори тоа изолирање. И не сум ни градинките да почнат со работа, но таму барем има избор, не е задолжително, а училиштето е задолжително.
Ќе има настава од септември. Во 3 смени ќе работеле школите. Скратени часови. А малите класови ќе си имаат најнормална настава со маски и често дезинфекцирање. Секое дете на посебна клупа. Во големите класови можно било на пола да се делат пола у школо пола од дома да следат настава и да се менуваат.
Уште нема сигурни информации дали ќе биде семестарот онлајн или не. Кај некои факултети слушнав известиле дека зимскиот семестар онлајн ќе биде, точно ли е?
И ја така разбрав за ФИНКИ, за другиве искрено не знам, ама се надевам дека предавањата ќе се онлајн за сите.
Известување за почетокот и завршувањето на пријавувањето на учениците за добивање на еднократен надомест до 3.000 денари за купување на училишен прибор http://mon.gov.mk/content/?id=3270
А шо бидна со еднократната помош шо беше ветена за студентите, а можеше да се искористи во прилог на партиципација за семестар?
http://mon.gov.mk/stored/document/upatstvo za apliciranje.pdf Според сликите би требало да има, изгледа само уште не е објавено.
..... членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика. Мислам за март просечна нето е околу 26,000.
Да изгледа, оваa страната digitalizirajse не е достапна, а рокот до 17.08. изгледа во 5 до 12 ќе се отвори ко и се останато.