Јако е што училиштата сега се на годишни одмори. Како да најдам потврда за редовен ученик? Ова е ептен непромислено. Јас пак ќе ја барам секретарката, но не секој ќе се снајде.
Видов дека студенти ќе почнат со аплицирање за студентски домови. Значи ќе се одвива настава со физичко присуство?
А како планираат да го спроведат сместувањето? Нема ваљда како до сега по неколку цимери во соба? Не сакам лошо да зборам ама студентскиве домови се можеби најопасни за отварање сега.
Jesus Christ. Пред да ме цитираш мене за нешто вакво да пишеш иди прочитај што мислам за отварање на школи и факултети.
Во студентски дом по четворица во соба нормално дека ќе бидат без маски. Плус сите тие може да се од четири различни градови, па мисли се ти дали сите пазеле дома или не. Неможе со маски и да спијат луѓето. И училиштата се опасни ако се отворат.
На брат ми му стигнало меил од факс (на приватен е) Ќе одат да слушаат предавања ама скратено ќе било и ќе имало хибридна настава. Не знам што планираат за државните и дали ќе биде исто.
Такво има во Американ Колеџ и ако не се лажам мислам дека е комбинација од настава во училница и настава од дома, онлајн.