Секој факултет одлучува посебно. Кај нас ќе се примени тоа. Види на страната на твојот факултет или прашај некого од студентското собрание.
Да прашам, некој од основните одделенија имате онлајн настава, нешто, нашата учителка ни кажа само да се повторува мак и математика затоа што скоро се е изучено. Отворив на новиот сајт, веројатно допрва ќе се ставаат видеа ама многу ми е не прегледно, зар не може да се направи нешто средено. Искрено,се чудам колку не спремни биле наставнициве, за едно современо образование треба да има унапред вакви подготовки за вакви состојби. Сега се виде во каков хаос ни учат децата.
Оваа е одлуката на УКиМ: „Проверката на знаењата преку колоквуми и испити не може да се спроведува со примена на електронски технички средства и истите ќе се спроведат кога ќе се создадат услови за тоа, за што одлука донесува единицата. По исклучок, проверката на знаењата од став 1 на овој член може да се спроведува со електронски технички средства доколку од страна на единицата се применат технички решенија кои обезбедуваат контрола врз работата на студентот и може да се утврди негова идентификација, за што одлука донесува единицата. За останатите начини на проверка на знањето (семинарски, есеи, проекти, уметнички настапи и др.) оценувањето се спроведува со примена на електронски технички средства, доколку тоа го дозволува природата на тој вид оценување, за што одлука донесува единицата.“ Што значи секој факултет посебно одлучува дали ќе има или ќе нема online полагање. Зависи кој каде е запишан и колку е возможно да се изведе ова. Се надевам дека само по некој предмет би било, зашто лесно се прават манипулации.
Ај ве молам кажете ако знаете некој од пмф, ништо конкретно не пишува на страната или да пишам на некој проф емаил како ќе се одвива полагањето ако е различно секаде????
На ФСС ПМФ во групата ви пишале дека ќе имате полагања, другарка ми кажа што студира таму, сега дали сите институти при ПМФ ќе применат, ќе ви кажат посебно сигурно.
Јас сум фрустрирана и многу незадоволна од организацијата на нашиот факултет и универзитет. Како најголемиот и најреномираниот уни во државата во дадена сфера кој има и треба веќе да има стабилна онлајн платформа до сега, обучувањето од дома засега е трагично. Сите вежби што треба да ги имаме, се поврзани со различна апаратура и треба да се направат во соодветни лаборатории. Присуството е задолжително. Кога би имале и видеа како се прават истите, пак не би било исто. Затоа што кога ќе излезам со дипломата, јас ќе одговарам за човечки животи после. Ако продолжи вака до крај, можеби ќе е подобро и за се нулизира семестарот. Кога не би имало услови некогаш да ги направиме сите испуштени вежби од самата институција, џабе ќе биде.
Апсолутно се согласувам, ова се е ок како предлог но за да се дојде до реализација далеку е тој пат, кај мојот факултет ниту известување ставиле ниту пак професори одговараат на е-маил а камоли па полагање, се надевам ќе се среди ова со коронава и ќе успеам да положам нешто, битно за пари кога зимаат се знаат да организираат како треба ама сега кој не врти нас , кај со пропаднати пари за предмети запишани кај па ни полагано. Ужас.
Почнаа да ни закажуваат онлајн колоквиуми, а никој не кажува како ќе се полагат и на кои материјали... Страшно
На УГД и ПМФ според досегашни кажувања на другарки таму што се. На други факултети на УКИМ никој ми нема кажано дека тоа ќе се спроведува.
Според неколку професори, школската година е веќе завршена. За оценување велат најлесно било. А и реално година да се повторува нема 100%, нема логика заради изгубени 2ипол месеци, цела година да се повторува. Како пошла работата до јуни епидемијата да заврши тешко. Во јули сигурно нема да учат, едино можеби наредната школска година порано ке почне. Единствено ми е жал за матурантите што ке ја пропуштат матурата, најубавиот период од животот за еден ученик и млад човек.
Како се одвива тоа полагање, преку камера со проф? подобро ќе беше да се полагаше кога ќе се создадеа услови за истото, малце е смешно ова.