Штом приватниве така одлучиле, кои премногу се залагаа и за полагања онлајн. Државниве не верувам дека поразлично ќе постапат, плус сесијата со физилко присуство помина без поголеми проблеми.
Испитите со физичко присуство, бар кај мене, беа според мене добро организирани. На усниот бевме со маски и оддалечени. Еден имавме исто така во амфи, и бевме 26 души, а има седишта за околу 100. Така да, имаше и ептен дистанца, а носевме и маски и ракавици. Ако е наставата онлајн, се надевам дека бар испитите ќе ни се во живо.
Се надевам ќе биде и на државните така. Ама па и да има почитување на мерки од страна на студентите. Особено сега на нас што почнуваме од оваа година на факс ни е од големо значење да има и физичко присуство.
Само да се почне во октомври сакам ама баш размислував ако они почнуваат порано у септември и ќе им бидат скратени предавањата држи вода тоа за да успеат да постигнат се
Искрено сите бевме скептици за физичкото полагање, нема да се организирани и што не. Ама реално се беше под контрола и во најдобар ред, маски, ракавици, дистанца, дезинфекција на амфитеатрите по полагањата. Тоа е и причината поради која сум за физичко присуство од октомври, искуството покажа дека може да се организира.
Да одиш да полагаш еден ден и да се вратиш дома потоа е каде каде помал ризик отколку секој ден да одиш на предавања и да седиш на факс 8 часа како што е практика кај доста факултети. А и плус да се возиш во ЈСП за да стигнеш на факс. Извини ама не можеш да споредиш полагање од два часа со настава од 5-8 часа.
Моја грешка е што не напоменав дека не мора да е целосно физичко, но барем практичните, лабараториски вежби да се одржуваат, нека има комбинација од физичко и онлајн. Така автоматски се намалува времето поминато на факултет.
Не можете да генерализирате дека “кој сака ќе научи од дома”. Точно е дека тоа што може да се научи, треба, и нема изговор за неучење. Еве, јас научив теорија се, ама мојот факултет не е само теорија. Практични вежби, експерименти, не можам дома да правам. А потребни ми се. Не сакам да ми остане дупка во знаењето. Предавањата нека бидат онлајн, ама не би сакала уште еден семестар губиме вежби. Вистина е секако, дека има факултети каде што е се теорија, цимерката моја е на таков, комотно може да следи настава онлајн, и нема изговор ако не научи. Ни за мене нема за теоријата, ќе ја научам, ама вежбите на факултет се незаменливи и тоа е факт.
Во право си, за вежбите мора да се изнајде некакво решение. Кај некои факултети поважни се вежбите отколку теоријата и другите работи. Губење на вежби можеби сега нема да промени многу, но понатаму во животот кога ќе дојде време за нивна примена и тоа како ќе се увиди колку всушност се тие важни и колку многу било испуштено со нивното неодржување.
Проработи страната, www.digitalizirajse.mon.gov.mk Студентите уште не можеме да аплицираме, средношколците можат. Прашање,каде да се најдат документиве: Потврда за финансиска состојба на семејството Потврда за последна плата на вработени членови на семејството
Фала богу што им текна и на ова,ама да им дадат на сите што навистина немаат да не испадне ко со картичките и ваучерите некој да има а некој не.
За финансиската состојба на семејството, мислам дека се мисли на потврда од УЈП за вкупни приходи на двата родители или сите вработени во семејството, а потврдата за последна плата, мислам дека ја издава работодавецот.
Дојдов да спомнам за ова https://www.radiomof.mk/mon-go-obja...domest-do-3-000-denari-za-uchilishten-pribor/ Ама видов дека веќе има нешто спомнато. Само за средношколци важи?
Види сега, претходно се вадеа дека ништо не фукционира бидејќи владата е техничка. Решение беше „мора да има избори, се ќе се среди“. Сега кога ништо не е средено, проблем е што нема влада. Одговор: „абе претходно барем техничка имавме, па нешто фукнционираше, сега ни тоа немаме“