"На денешната 80-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта“ велат од владината служба. https://meta.mk/osven-za-prvachinja...nlajn-predlaga-komisijata-za-zarazni-bolesti/
Еве како тоа оди во светот https://plusinfo.mk/zarazen-uchenik...berlin-a-uchebnata-godina-samo-shto-zapochna/ Ние сме на потег
Го ислушав министерот за образование и искрено ми се соплака... Не дека не ги знам состојбите во образованието и способноста на МОН,ама до олку хаотично не верував дека може да е.Ако го ислушате што сака меѓуредови да каже ќе видите дека МОН не е за ништо спремно ниту за онлајн ниту за физичко присуство.Ќе остават на општините и учиштата а тие тамбетер.Со блокирани сметки со незаинтересирани власти ... За физичко присуство им е страв да одлучат за да не превземат одговорност ако дојде до несакани случаи а за онлајн треба да обезбедат технички услови за кои пак ич не се спремни.. .Тешко на деца родители и наставници...
Не знам во кој дел си во образованиево, во смисла дали имаш деца или си лично засегната. Но од МОН апсолутно никогаш не очекувај ништо. Тие ќе си ја префлуваат одговорноста постојано и ќе се однесуваат како заштитени мечки. Сите одлуки им се максимално политички. Тешко на сите што сме заглавени во образовниов лавиринт.
Највеќе ми беше страв дека и на помалите тоа ќе го направат ко на нас студентите, шо дозволија секој факс самостално да одлучи како ќе одржува сесија. Сега и ова со секое школо и општина да одлучи само ако го спроведат ќе биде ужас. Мене многу ми е битно шо одлука ќе донесат, имам родител професор, брат во основно, јас сум студент, максимално ни е важно што ќе се одлучи и оваа неизвесност ептен не нервира сите. На татко ми цело време родители му се јавуваат од ученици на кои е класен за да го прашаат околу наставата, немаат никаков одговор ни тие, директорот вика чекаме од МОН, речете им ништо не знаеме и ние. Збунети родители, професори, ученици, ова е хаос..
Не се само технички неспремни. И кадарно се неспремни со постари професори кои нема шанса онлајн да држат часови. Имаа од март можност да смислат што да прават и да се спремат. Ама не. Бутај проблеми под тепих ко и за се друго во државава. Уницеф направи протоколи за учење од дома, други земји имаат одлични протоколи за одење на школо со ротации во смени. Меѓународна заедница им дава пари за да направат асалана онлајн платформа. Ама не. Се чека магично сами да се решат проблемите. И професорите си ќутат им одговара дома да седат, плата тече, ќе направат 1 презентација неделно (и тоа помладите и ИТ пописмените) и супер се погоди пандемијава за живеачката.
За неспремноста на МОН и Бирото за развој на образование веќе нема ни што да се каже - јасно е. Со месеци што правеа којзнае, нѐ држат во неизвесност до самиот почеток на учебната година, топло-ладно си играме. Дека најдобро се учи на училиште, а не онлајн и тоа е јасно, но многу други работи треба предвид да се земат. Мојот син е прваче, а јас сум бремена... единствен случај не сме сигурно, што е со децата кои имаат хронично болни родители, живеат со баби и дедовци?? Со месеци го учиме синот да носи маска, но кога ќе му стане мака си ја спушта, го чеша носот, полошо прави. Ќе ги почитуваат протоколите на училиште деца од 6 години?? Кој ќе одговара ако се рашири вирусот меѓу децата, а со тоа и кај родителите? Нека ги дадат со име и презиме тие што ќе донесат одлука да почне учебната година со физичко присуство да знаеме од кого да бараме одговорност ако се случи нешто лошо. Одговорност мора да носат креаторите на политиките во државава, па за животи зборуваме! Важно е образованието, но и здравјето исто така. Читам по коментари споредби дека и онака шетале, оделе во кафулиња, но никој не ги тера, самите го прават тоа, свесно со впуштаат во ризик. Сепак, нѐ има и такви што внимаваме.
Само да не ни ја одложат годината, како да кажам другото и онлајн да е на кого му се учи пак ќе учи, можам да кажам дека сум одлична (не со сите 5ки ама добро). И би учела и онлајн затоа што имам желба за тоа што го учам, и поарно е дома додека не помине пандемијата, да се тешиме последен месец да е...
Ќе го одложат почетокот на учебната година, веќе решиле, денес соопштија. А Влада колку што слушнав пред некој ден ако оди сè како што треба негде дури околу 20 септември треба да имаме. Ако не биде како што планираат кој знае кога...
Мајкрософт го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“ како успешен пример за премин од физичко во онлајн учење https://meta.mk/majkrosoft-go-izdvo...imer-za-premin-od-fizichko-vo-onlajn-uchenje/
Искрено верувам дека не е. Имаат многу подобар електронски развиен систем од УКИМ за жал и го користеа и пред пандемијава, се им е електронски нив. На УКИМ ништо не функционира електронски, заглавени сме во 20ти век..
Не ќе се тегнат ко УКИМ со месеци! Чекај чекај, прво плтформа да се избере, ајде Zoom, не не, ајде подобро Microsoft teams. Па убедување со професори, кавги во групи поради професорите шо апсолутно не се заинтересирани да држат онлајн настава, деканатот никаде го нема, изгубен во вселената... Па недела дена, се креираат профили, во меѓувреме убедувањето со “нивните екселенции” продолжува... Немам шо повеќе да кажам, многу ми е јасно зошто сме на илјадито место од Шангајската листа и постојано тониме.
Не носевте пријави, не бркавте потписи, оцени во индекс да ви пишат? Електронски само оцени ставаат кои секако немаат никаква важност без да ги имаш во индекс... И пријавуваме испити, кои па не тераат пред испит да однесеш пријава на факс физички за да потврдиш присуство... Ако ова е некаков електронски успешен систем на УКИМ... Мислиш гајле ќе им е? Па ќе се перчат како нивното физичко полагање што го држеле било поугледно од на другите факсови иако не одржале час, како тие биле најнај, со нив никој не може...