Па добро, до некаде и разбирам факултетиве да имаат различна настава. Ти на медицински немаш како онлајн вежби да имаш или да полагаш, има предмети што можеш да ги учиш и полагаш онлајн, но мислам дека голем дел мора да има физичко присуство. Од друга страна програмери и сл. мислам дека можат 100% онлајн настава да имаат или некои слични факултети, историја на филозофски пример и сл. Така што не е тоа толку чудно, зборам за високо образование, ни за средношколци не е трагично онлајн да учат, но најмаливе, основците, е најголем проблем да ги организираш така, и за нив мора да има заедничка одлука за сите.
Не собирав потписи, пријавував електронски испити, кога завршив почнаа и електронски да полагаат. Само во индекс собирав оценки, ама имав и е - индекс. Присуство со кликање се регулираше. На Правен ЕКТС најдобро функционираше.
Ова на УКИМ? Повеќе не е така, пријави за испити и семестар носиме на студентски прашања, собираме потписи и оценки во индекс, присуство се регулира со потпис на список итн.
Сега нејасно ми е прашањето ако вака функционирал УКИМ, кој ја зезнал работата, затоа што сега не е вака
Не функционира баш така. Прошлиот семестар не можев да го заверам пошто немав собрано потпис од една катедра. Ќе утнев и рок и све, па казни ќе плаќав. Има полно професори шо се појавуваат еднаш годишно на факс, па бркај ги да ти се потпишат. Оваа година потписите во индекс беа услов да завериш и запишиш семестар, а минатата година услов беше да имаш 14кредити, или два предмети положени со оценка и потпис во индекс. Инаку немаше да завршиш никако работа. За пријави носење да не правиме муабет, која гужва се прави на студентски прашања, хаос. Џабе пријавувам во ајноу, кога ако по грешка ми ја изгубат пријавата не ме пуштаат да полагам, или во најлош случај не ми го признаваат положеното. На полно колеги ова им се случи. На сам почеток на пандемијата, наместо да си почниме рагуларно со онлајн настава веднаш, ние чекавме скоро месец дена да се смилуваат да ни држат предавања. Од четири предмети, само по еден предмет си имавме редовно предавања од почеток и беше се' супер. По другиве предмети се молевме, се влечкавме да почнат да предаваат. После тоа почнаа некако редовно да предаваат па завршивме со материјалот до средината на мај. Дали повеќе материјал предаваа, еве не знам, ама им требаше прилично многу време да се средат. Излеа УКИМ со тек на времето наместо да се подобрува, тони се' поќе и поќе. Најдобар универзитет, мај ес.
Во однос на факултетите, си останува на секој факултет да одлучи поединечно или ќе има одлуки/протоколи на ниво на УКИМ?
Со оглед на тоа што секој факултет си одлучуваше за испитите поединечно, и за наставата би требало да биде така, по некоја логика.
На факултетот кај што имам дипломирано, а е на УКИМ, џабе што пријавувавме електронски испити кога пак треба да однесеш пријава за испит, без која не може да полагаш. На пријавата ти ја впишуваат оцената и пред дипломирање може да се случи да ти ја изгубиле пријавата од студентски, а како ги губат стварно не ми е јасно, и да маваш професори по факс. Без сите писмени пријави не можеш да дипломираш. Зошто ни служеше електронското досие кога без оцена во индекс џабе ти е внесена електронски, исто како да ја немаш. Не можеш семестар да запишеш. Пријава и заверка на семестар мораш на студентски инаку ке си платиш казна. Потписи мора да собереш инаку пак казна. Се на се катастрофа, далеку се од електронски организиран факултет. Колку да се каже, да се најдат у муабет.
Кажаа дека ќе даваат по 100€ ваучери со кој ќе може да се плати партиципација на факултет или сместување, никаде нема информации за тоа.
Веројатно ќе има на страницата http://www.digitalizirajse.mon.gov.mk/ моментално има само за прибор за средношколци, а има уште три можности за конкурирање за кои сè уште нема информации. Додека почнеме се надевам ќе пуштат.
Тоа сакав да пишам сега и јас, значи има објаснето како да се аплицира ама нема никакво соопштение да кажат пример од кога до кога, кој се има право да аплицира и слично. Ми падна чудно зашто ставиле упатство како да аплицирате, а нема ни конкурс објавено. И јас се надевам дека до 20 Септември ќе заврши и аплицирање, и објавување на тие што ќе добијат финансиска поддршка бидејќи ќе испадне сами да си платиме па они да ни вратат после.