Зошто за "работа од дома" и наесен се залагаат само општински работноци, администрација, наставници? Оти им одговара, капацитетот на работа им е сведен на 20% одморени се, не патуваат до работа. А плата цела! Дали слушнавте некој што работи во пекара, шивачка, мајстор за плочки, електричар да вика да не се оди на работа? Секако дека не. Секој што си го печали лебот од труд и мака, ќе најде начин да функционира и со вирус и без вирус. А наставниците, МОН, и цела администрација што земаат плата од данокот што го плаќа приватниот сектор ќе навиваат да седат дома.
Брука невидина од страна на МОН и БРО. Наместо реални и продуктивни обуки, со обучени презентери, посебно за наставници кои послабо ги владеат IT алатките, тие воведоа онлајн обука за начин на користење на IT алатките. Па побогу нема шанси да разберат сите како треба да се користат зададените алатки во ИКТ настава. Некои едноставно немаат големо ИТ познавање, па им треба всушстинска обука, да видат face to face, како се тоа функционира. Ти се плукнам и во образование, и министри и се.
Вие кога бевте ученичка родителите не ви помагаа дома? Се од наставниците на училиште научивте? Па и 8 годишно дете еден материјал што има..
Едно е родителот да му помага на своето дете, да му дообјасни, ако има нејаснотии, да напишат домашна. Друго е родителот по сите предмети сè од почеток да објаснува (да предава), комплет цел материјал и плус за секој предмет да пишуваат домашна. Има разлика. А родителите во поголем дел од случаите беа од вторава група, зашто наставниците праќаа само домашни и ништо друго (чест на исклучоци кои држеа настава). Наставниците се тие кои го водат образовниот процес, родителите помагаат. А од март месец цел "товар" е на родителите, а наставноците си земаат цела плата за никаква работа. За ова се буни членката.
Секако дека ми помагаа, ама има разлика од тоа да ми објаснат нешто и јас да му го предавам цел материјал. И мене ми треба време да ја проучам лекцијата, па да смислам како да му објаснам. Не сме сите родени/учени да бидеме наставници и да знаеме како да предаваме. Јас ја сфаќам лекцијата ама не умеам да му објаснам убаво да разбере. На почетокот се обидував после работа да седнеме да учиме, ама едноставно беше тегнење, карање да биде концентрирана, сто пати ме прашува прашања за играчки, што значи дека не ме слуша друго си мисли. Немам авторитет да бидам наставник. А ако велиш дека на 8/9 години материјалот е без везе, не е така. Баш сега се градат основите на знаењето, се учи таблица, читање, множества.. Ако го испушти се ова, односно не го разбере, моето дете од старт ја губи можноста за квалитетен ученик. И не е фер. Иста плата земаат а целата тежина на наши плеќи.
Не мислев дека е без врска материјалот, туку дека нема обемни предмети со лекции од неколку страни. Сега се уште ги учат најосновните работи. И во никој случај не ги оправдувам наставниците, туку сакам да кажам дека помошта од родител дома треба да се подразбира а не да претставува огромен терет. Плус, може и во школо дур одат да не сфатат некоја лекција (па и повеќе), тогаш пак треба од 0 да објаснувате дома. И пак ќе кажам, бидејќи неколку пати истото го видов низ форумот, не може да се очекува од деца, поготово помали деца се' да научат од наставници. Потребна е и помош од родител или евентуално приватни професори ако некој може да си дозволи.
Е добро исто е да објасниш понекогаш некоја лекција и секој ден тоа да го правиш по сите предмети? Не е. Јас нормално дека и покажувам и проверувам задачи, учиме песнички заедно. Ама не можам јас да го и предавам материјалот ако претходно наставничката им го нема објаснето. Можеби некои наставници се трудат, можеби ќе успеат да предадат барем 40% од материјалот, ама нашава воопшто нема таква волја. Ќе се уклучи еднаш да им каже од која до која до страна да читаат. Домашното по слики го праќаме (кое патем јас го решавам). Епа да му се сневиди. Ниту имаат желба да се доедуцираат за онлајн настава, само да стигне плата. Од друга страна, децата на улица си играат во огромни групи по 15-20деца. Ама на школо е опасно - има вирус во школото. Сега сигурно ќе се јави некоја мајка што ќе рече никаде не го пушта детето, ама ете јас и 90% од околината ги пуштаме да си играат, возат точаци, играат криенка и сл. Битно ќе вергламе до догодина овде дека немаме услови за образование ниту физички ниту онлајн. На повеќето од администрација им одговара ситуацијата да остане иста и две години, седи дома земи плата.
Сеуште нема никаква конкретна информација за следната учебна година, конкретно за студентите прашувам? Цело време слушам на вести дека предвидено е само децата до 3то одделение да одат со физичко присуство, повозрасните повторно онлајн, ама уште ништо нема. Не можиме да се снајдиме со престој, не знаеме како ќе биди. Не можам уште од сега да барам стан, па да потпишувам договор и на крај да испадни да нема потреба да се оди на предавања. Искрено се надевам дека ќе направат да се онлајн предавањата (кај оние факултети каде нема потреба од практична настава). Ќе бидам спасена од кирии, 200е -/+ ми одеа месечно во Скопје, баш повеќе сконцентрирана сум кога ја следам наставата од дома отколку во амфитеатар, а тој е матријалот шо го предаваат, со единствена разлика во местото на предавањата.
Sea vo 15 :00 Vikaat deka ke ima detalni informacii ke imale razgovor pa ke vidime u 16:00dali ke kazat na vesti
Значи официјално онлајн е годинава за ученици од 4то до 4та средно? За факсови кажаа ли нешто? Не го фатив цел дел, ептен на крајот се пуштив.
Ни eдно единствено зборче за студентите, не не спомнаа ич. Ама најверојатно и за нас ќе е онлајн. Како шо слушав имало дилеми дали да е онлајн или со физичко присуство, ама решиле онлајн бидејќи здравјето и заштитата требало да бидат пред се', не смеело да се ризикува. Поради тоа е одлуката ваква каква шо е. Па според тоа најверојатно и факултетите ќе бидат онлајн. Не може едните да киснат на предавања со физичко присуство, другите од дома да си следат настава. Иначе, во тек било снимањето на наставниот материјал, се обезбедувала ит опрема за децата кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и главно тоа се спомна. А да, во руралните средини каде што има мал број на ученици, би било изводливо да се одржува наставата со физичко присуство. Оние деца кои патат од хронични или респираторни болести и оние чии родители не сакаат нивното дете да учи со физичко присуство, можат да ја следат наставата онлајн.
Не бе, кој ги ебе студентите? Остај ги факултетите на диво, сами ќе си одлучуваат за себе. А некои што мораат да реализираат вежби и лабс, што не направат некој софтвер за изведување на експерименти, или многу барам?
Од 1- 3 одд. физичко присуство или онлајн, по избор на родителите. 4одд- 4год. онлајн, по барање на некои општини може да се дозволи настава со физичко присуство. За факултети не спомнаа ништо.
Значи, се уште ништо не е одлучено. На две недели пред стартот на новата учебна година, во земјава се уште не се знае од κога и дали воопшто учениците ќе тргнат на училиште. Најмалите κоишто нема κој да ги чува, родителите треба да седат дома со нив. Имаше предлог да одат само до трето одделение, останатите да следат онлајн-настава, κојзнае дали ќе се усвои. Имаше предлог од петнаесетти септември да се тргне на училиште, κојзнае дали и тоа ќе се усвои , со оглед деκа бацилите на вирусот побрзо се шират на ладно. Или паκ ќе направат да оди κој саκа. Само неκа се побрза со одлуκите, оти во другите држави веќе се одлучни. Само уште κај нас се чеκа.