Како кажа Филипче, образованието може да се надомести ама здравјето не може да го вратиме. Не завршува нашето учење со завршување факултет, постојано ќе се усовршуваме и ќе учиме и откако ќе се вработиме. А и оваа состојба ќе потрае уште една година, максимум преку сила 2. Значи ние на клиника сигурно ќе фатиме вежби (иако викаат дека сонда не им давале за ехо да фатат на вежби не па нешто друго ама сепак кога не сум била на вежби на клиника не можам да зборам лично, ова само го прочитав на АСМЛ...). Ја да бидам искрена не ми фалат вежби. Некако не ми помагаа премногу во првата година, се сама си учев и од видеа на јт... Со исклучок на хистологија, но кај одредени асистенти. Вежби на кои презентиравме семинарски анатомија или вежби на психијатрија на кои пољубувавме врата неколку пати зошто немаше асистент? Или вовед/промоција презентирање семинарска? Или од делот физиологија на клетка кога 5 до 12 ги откажуваа или ќе ни пуштеа 15мин некое видео таму и ќе си одевме. И за вежбите многу зависи кој асистент е и колку ќе се посвети. И од предметот зависи. Ретко каде во првата година беа корисни и интересни. Добро мое лично мислење сепак. Може на клиниките е поинаку, па затоа и сакаат вежби таму. А и добро да видиш како е во клиника да си од страна на докторот. Зборам за наш факс секако и само за првава година, за другите не знам.
И мене, ама дека прва година и освен на анатомија другите беа како предавања.Вежбите понатаму стануваат многу побитни, а замисли оние што треба да одат на клиника колку ќе изгубат.Така што, јас стварно верувам дека ќе ни овозможат да имаме вежби, затоа што онлајн вежби е уствари скратено предавање.Скроз можат да се направат услови за вежби, со одредени промени од до сега како биле. А кажаа нешто и за факултетите штом спомнавте?
Па за 6та година мислам треба да се оди. Тие секако се како дипломирани и веќе треба да се обучуваат за работа. За останатите може и да се прескокне уште семестар/два, не е до толку сепак... Не кажале ништо за факултетите...
Во втора ке ти требаат вежби верувај, во зависност кој професор ти ги држи да има некои што за џабе одење ама мислам дека оваа година многу повеќе научивме на вежби посебно ако учествуваш во изведување на практичната настава...Така да мислам дека за ова треба да се буниме најмногу нема смисла вежби онлајн на ништо не личи
Ај предавања нека има онлајн, бар полагањата нека ни бидат на факултет. На мојот беа онлајн полагањата усно сите, јас неможам усно зошто ме фаќа паника и неќат ништо да средат, а има услови за да бидат во живо само несакаат. Плус читав на Медицина дека ви намалувале оценки, јас неможам да положам испит усно што професорката го фава писмено.
Медицина, анатомија, хистологија, патологија, физиологија, се клучни вежби! И асистентите се добри и полесно е за испит, а и понатаму за клиника. Вежбите на клиника можеби и не се баш најдобри, ама постојат и исклучоци. Вежбите е неопходно да се држат, искуство со пациенти, однос лекар пациент, начин на работа итн. И друго е кога ќе видеш некоја болест со свои очи (пр. СЛЕ или системска склероза, паркинсон, мултупла склероза, миастенија гравис), после кога учиш е многу полесно за совладување на материјалот.
Мене искрено, сите вежби ми беа корисни, освен вовед ете. И ми нема смисол да го учам тоа што го учам без вежби. Што ако научам се теорија, без да го видам тоа во пракса, според мене не оди едното без другото.
Баш сега ја гледав нашата деканка на вести, објаснуваше дека најверојатно теоретската настава ќе биде онлајн, а практичната би се изведувала дел со физичко присуство, а дел со снимени видеоматеријали од професорите на кои ќе има и пациенти, за кои веќе разговарале со катедрите. Спомна и дека за студентите од 5та и 6та би организирале интензивен курс понатаму наредна година, доколку биде стабилна состојбата, за да се надокнади нешто од изгубеното. Претпоставувам дека сличен став ќе имаат и другите факултети, а овие што имаат целосно теоретска настава сигурно би продолжиле исклучиво онлајн.
Јас не пратев, ама од што ми пренесоа, кажале дека цела година ќе биде онлајн? Не само зимскиов семестар?
Не кажаа ништо официјално, ќе се правеле обиди тие вежби што бараат физичко присуство, да се одржуваат така во многу мали групи, како и со видеа тоа што може и такви работи. Ова го кажуваше деканот на МЕДФ.