Еве кој сака да гледа, најдов. Па добро објасни нешто, бар знаеме теорија дека ќе е онлајн, на вежби може нешто скратено ќе идеме ко анатомија иако што сакаа на крајот да отидеме ама се одложи нели иако претежно ќе се онлајн со видеа. @Kimberly11 нема за другите ама сигурно и вие нема да одите бар на предавања.
Колку што видов не кажаа, само рекоа дека во исти дилеми се и другите факултети на кои има вежби кои бараат физичко присуство. Ама другото беше конкретно за МЕДФ, таму и беше снимано..
Луѓе пробав сега да се уклучам на Teams, ја пишувам лозинката, ми пишува your password has expired. Дали и кај вас е вака?
Да, треба да си ја ресетираш лозинката, со заборавена лозинка ќе средиш. Само линкот за ресетирање на мејл може да ти е во спам или слично место.
Најверојатно за да би имале време да се подготват, се одложи почетокот да биде на 1 октомври. https://sitel.com.mk/vladata-gi-objavi-protokolite-za-osnovnite-i-srednite-uchilishta
. Ова најверојатно по моја претпоставка се однесува на воведување на две смени, со цел помал број ученици во училишта каде што бројот е поголем. Најлогично е така да е, веројатно и е тоа...
Не го прочитав линкот, но сигурно се однесува за училишта кои одат двосменски. Една смена ќе одат во два термина, и другата смена во два. Значи вкупно 4 смени најмалку ќе треба, а во некои училишта дури може и 5 или 6.
Девојче ич не знам, ја видов објавата на фејс па решив и овде со вас да ја споделам дека од пред неколку часа е, а редовно ја читам темава. Колку што пишува толку и јас знам...
Леле што е ова Еден ден кажуваат онлајн настава за ученици над 3 одделение, друг ден кажуваат сите со физичко присуство. Наставата треба да почне за неколку дена, а овие не одлучиле дали почетокот ќе биде за 2 недели или месец дена. На никој не му е гајле што некој треба да бара сместување и да одвои пари за истото.
Непродуктивен дел од денот е за учење. Ај средношколците одат во смени и јас сум одела, ама концентрацијата при следење настава во тој период од денот е многу помала, ама се издржува некако. Ама за основците против сум да одат толку касно во училиште. Наместо да спроведат квалитетна онлајн настава, тие ќе си играат со смени во кои учениците нема ништо да научат. Убаво што сподели. Инаку прашањето не беше кон тебе лично упатено. Само гласно си размислувам и прашувам некој можеби ќе знае да каже.
@cresa-jagoda протоколите се за настава каде ќе има исклучок, во општини каде што еп. состојба е стабила и/ или нема активни случаи. Иако не ми се допаѓа баш оваа можност.
На антена 5...κажаа за попустите на училиштен материјал. Заштеди до 14.500 ден. Аκо сфатив κаκо што треба, сега е редот родителите малκу да се дружат меѓусебно.
Од први септември конечно почнуваат со работа читалните Мене ме израдува оваа вест, само не знам зошто се чекаше до сега