Некоја конкретна што ќе важи за сите нема, но според тоа што на медицински ни најавија комбинирана, значи секој факултет посебно ќе одлучува.
Кај нас кажаа дека ќе биде комбинирана, со тоа што сите предавања ќе ни бидат онлајн, а дел од вежбите ќе ни бидат онлајн, дел ќе ни бидат на факултет.
Од 1 септември читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работат од 8 до 19 часот, од понеделник до петок. За работа на читалните ќе важи посебен протокол, за да се овозможи заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот. Како подготовка пред отворањето на читалните во целиот објект се отстрануваат сите места за седење кои се надвор од читалните; на јасно видливи места се истакнуваат информации според кои – се забранува присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор); предмети (чанти, ранци) не смеат да се оставаат на подот; вратите и прозорците не смеат да се затворат; храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите; означени насоки за движење во објектот каде што се наоѓа читалната; задолжително носење маска за лице во просториите на читалната; масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метра и е ограничен бројот на посетители во читалните (во читалната 1 на прв кат има 30 седишта, а во читалната 2 на втор кат – 25 седишта); вратите и прозорците се оставаат отворени, истите се фиксираат; пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките; пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на рацете; секое место за седење се нумерира; автоматите за самопослужување на пијалаци и храна не се во функција. За влез и излез од објектот важат следните протоколи – пред секое влегување се дезинфицираат рацете; лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задолжително носи ракавици, маска и очила/ визир за заштита; пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот; на пријавница се покажува членска карта и се добива соодветно место за седење; се евидентираат времето, име, презиме и податоци за контакт; странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со SarsCoV-2 и дали има забележливи симптоми; напуштање на местото за седење се најавува на пријавница. За одржување на хигиената во објектот, санитарните простории ќе се дезинфицираат на секои 2 часа; по напуштање на местото за седење тоа ќе се дезинфицира и ќе се распределува по изминати 10 минути. Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба; се внимава на редот, мирот и одржувањето дистанца надвор од објектот; се работи според претходно утврдено работно време (од 8 до 19 часот од понеделник до петок, сабота и недела читалните не работат); списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивните информации за контакт се чува две недели. ©Makfax.com.mk
Став на УСС-УКИМ за реализација на наставата во зимски семестар 2020/2021 Секој факултет автономно, согласно структурата и наставните методи кои се практикуваат, треба да одлучи за начинот на кој ќе ги реализира предавањата и наставните активности во зимскиот семестар. Ваквата одлука треба да биде донесена во инклузивен процес и консултација со Факултетските студентски собранија, како тела кои ги застапуваат интересите на студентите во рамки на факултетот. Информациите за начинот на реализацијата на наставата, вежбите и консултациите со професори, студентите ќе ги добијат од Факултетско студентско собрание. Во комуникација со новата министерка за образование и наука, го пренесовме ставот на УСС дека студентските домови треба да се отворат и да бидат достапни единствено за студентите од факултетите кои ќе донесат одлука одржување настава и вежби со целосно или делумно физичко присуство. Дополнително, УСС-УКИМ од Универзитетот побара да креира решение за унифицирана платформа за далечинско учење достапна за сите факултети и сите студенти, на која ќе бидат редовно споделувани материјали за учење, видео-снимки од предавањата, можност за online консултации со наставните кадри, како и други активности поврзани со наставата.
Сега прочитав дека платформата за онлајн настава која ја изработува ФИНКИ, би требало да биде готова за 20 дена
Не знам зошто не сакаат да не пуштат на училиште кога секоја вечер во сите училишта има луге и деца како да се одржува концерт некој...
Абе коа го глеав видеото си реков, стварно нема логика онлајн да следиме настава. Ама па после ми текна дека ако идам на факс ќе треба со некој ваков да се мешам. Епа богами нема.
Дали можеби некој од студентите на форумов земал ваучер со 6000 денари за партиципација за факултет? Што се случи со таа мерка?