Немав таква информација, знам дека се објавуваше уште во јуни, јули. Мислев да не сум пропуштила. Ти благодарам на инфо.
Дали на сите факултети се чека одлука за укинување на приватните квоти (ваљда само оваа година или семестар) и да нема презапишување на предмети?
Покрај ова, во исчекување сме и за крајната одлука околу презапишување предмети, преминување во кофинансирање. Во тек се преговорите. Барањата се доставени уште во јуни. Ова го пишаа кај нас, би требало за сите факултети да важи.
Нас една катедра пред да полагаме преку координатори не известија дека кој нема да положи и во септември сега си го презапишувал предметот. Исто, немаме никакво известување ни околу тоа со кофинансирање и такви ствари.
Чудно искрено, дека гледам највеќе се борат оваа одлука да биде изгласана поради тоа што некои факултети имаа само еднаш можност во сесија да полагаат. И многу студенти може да паднат во приватна квота од тие причини..
А што се случи со најавите дека ќе следуваат ваучери пд 6 000 денари за упис на семестар, и ваучери за сместување во студентски домови? Споменаа и после како да заборавија.
https://www.fakulteti.mk/news/27092...YWlP9aVNEUSkGYjphOpcXM9FZf9PttrJgsqlxnMRrb4dI Само ова го пишува за студентите: Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите. Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.
Знам ама ова не се однесува на моето прашање. Ова се тие студенти што не добија 3000 денари, што поднесуваа жалби и на нив ќе им бидат исплатени. Они уште во мај најавија дека за студенти чии родители имаат ниски примања, ќе има ваучери за покривање на трошоците за студентските домови и за упис на семестар. Сега ни збор нема за тоа.
Јас како шо сфатив бројката 884 се однесува на тие студенти што ќе им се покријат трошоците за патување или сместување. Можеби и грешам.
Јас сфатив дека тие 884, се студенти кои ги исполнуваат барањата за во студентски дом, ама поради ограничениот број на легла ќе добијат ваучер за сместување/превоз. Фактички, студенти кои се примени во студентски, но нема да добијат легло, ќе добијат ваучер.
А како и кога планираат да ги пуштат парите? Затоа што уписите веќе се почнати, знам дека и веќе уплатија за сместувањата во студентски
Па да, рекоа за студенти ќе има ваучери од по 6000 денари за да си ја платат партиципацијата за семестар. Јас за тоа прашувам цело време.
Утре на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2020/2021 година. Негувајќи ја традицијата за свечен пречек на новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови. Во таа насока, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе присуствува на првите академски часови на студентите на: · Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој ќе се одржи на отворено на платото пред Факултетот, со почеток во 11, 00 часот, и на · Филозофскиот факултет кој ќе се одржи на отворено на платото на Факултетот, со почеток во 12, 30 часот. Од правниот факултет информираат дека настанот се организира согласно применливите протоколи, а ќе биде емитуван во живо преку Facebook страницата на Правниот факултет и преку ZOOM платформата. Ректорот Јанкуловски, исто така, ќе се обрати онлајн и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет. Инаку, првиот час и наставата во оваа академска година на дел од факултетите на УКИМ ќе се одвива целосно онлајн, но на дел од факултетите поради природата на наставните содржини и на методите на нивното изучување, наставата ќе се одвива хибридно, и онлајн и со физичко присуство. Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, ректорот Никола Јанкуловски, симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ©Makfax.com.mk
Активни се аплицирањата за еднократна финансиска поддршка на https://www.digitalizirajse.mon.gov.mk/.
Им текна. А овие што веќе си уплатиле, што ќе биде со нив? И бараат потврда за редовен студент а таа потврда не се дава додека не се уплати за тековен семестар.
Сите имаме веќе уплатено, освен таму кај што е флексибилен рокот како на УГД. Тие што сме уплатиле и ги исполнуваме условите, ќе ги добиеме средствата. Подобро нешто отколку ништо. До 10ти октомври се аплицира, факултетите издаваат потврди ако е запишан семестарот.