Тоа значи дека парите ќе може да се извадат од сметка и да се употребат за нешто друго? Тој дел не ми е јасен, мислев ќе биде исто како со картичките, ограничено да може само за факултет да се употреби затоа. И тој дел со потврдата знам дека треба да уплатиш па да добиеш потврда затоа и прашав затоа што ми е нелогично ако се чека на овие пари за да се запише семестар
Прочитав вчера во еден документ дека ако аплицираш за финансиска поддршка за партиципација парите ќе бидат исплатени на образовната институција, ако аплицираш за студентски дом на домот, за приватно сметување на сопственикот на станот. Така да, ако не за овој, најверојатно ќе се употребат за следниот семестар.
Не. За студенти чии родители имаат ниски примања. Ако си студент и паралелно работиш не знам дали те следува.
Затоа и прашував. Не ми беше логично да дадат кеш па да се трошат на други ствари пари предвидени за факултети. Наместо да беше аплицирањето во август/септември па кој не добие да си плати, они вака зезнаа. Оние што уплатија нема да ги добијат парите назад
Само домовите и инструкциите да не се направат на Тошо дека не, они такви пари не примиле за да си ги пикнат во џеб, па студентот пак да плати. Веќе видовме таков случај со стотина газди на компании, така да не ме чуди.
Не знам што им беше финтата што вака касно е аплицирањето кога роковите за плаќање за партиципација веќе се при крај. Значи или си платил на факултет на време па џабе ти е да аплицираш за ваучер или ќе ризикуваш да не платиш на време за да фатиш ваучер. Државава ни е у-ж-а-с-н-а.
Дали ако имаш презапишано предмети одобруваат еднократна помош за партиципација? Или ако си 6та година да речеме (а студиите се 4 годишни)?
Колкави треба да се примањата на родителите за да ни одобрат еднократна помош за партиципација? Не знам дали да аплицирам.
За изјава за користење на личните податоци на студентот и неговото потесно , напишавте дека лично Вие изјавувате или родител старател дава согласност? Бидејќи кога аплицирам за стипендија/студентски дом секогаш давам изјава дека јас давам согласност и има потпис на кандидатот, а сега тука долу пишува изјавил родител - старател.
Сега читам наставниците од дома ќе предавале да се штедело греење. Замислете сега колку продуктивна ќе биде наставничка/професорка која живее во стан со уште 3 минимум, во кој нема посебна соба за да се тргне на страна... Па дали се овие нормални!!!
Додека Мила збори дека ќе штедат пари и нема да загреваат училници за еден наставник, они пренасочиле заштеда и купиле лаптопи (од по 900 евра)за секој пратеник...