На некои им рекле дека ќе биде индивидуално, секој студент посебно на камера со професорот, кај некои ќе објавиле електронски тестови кои ќе треба да се решат (само како ќе знаат дека не препишуват?)
Јас имам проф.по еден предмет што е доста постар , до сега требаше и во пензија да иде, мхм баш он ќе уклучува камера за да се гледа со студенти и така да полагаат, јас би се изнасмеала на камера, не можам да бидам озбилна, не само за овој проф, општо, камоли па така да одговарам...ајде тоа , како да најдам проф исто така постар што не користи емаил за да го прашам како ќе се полага? Лоша реализација многу лоша...
Ептен е лошо, особено затоа што има професори шо онака не уклучуват мејл за да одговорат, а не па во ваква ситуација да се цело време во контакт со студенти...
За оние што сакаат помош за математика или имаат деца на кои им треба повеќе внимание имате апликација Photomath, која не само што решава задачи туку ви дава објаснување и чекор по чекор решенија, плус имаш АИ учител кој море да ти ги објасни концептите. Има достапна е на повеќе јазици, мислам дека има и хрватски.
Да да, буквално сликаш задачата (може и рачно напишана) и ти ја решава со чекори. Моментално опцијата со АИ учител е бесплатна, но инаку е околку 600 ден. месечно мислам.
Неколку дена ја гледам тв училница и забележувам дека голем дел од наставните единици кои наставниците ги презентираат на децава ( до 5то одд) веќе им се изучени. Не знам која им е целта, но сметам дека кога веќе дошле да предаваат он лајн,подобро нека биде наставна единица која следи според редослед исто како што се одржуваше редовна настава, зададена од МОН.
На мојот факултет нема да се спроведе онлајн полагање, на испит ќе биде се, со повеќе термини за полагање.
Универзитетското студентско собрание на УКИМ го напиша следниов статус на својот фб профил: ‼НАБЉУДУВАЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ОНЛАЈН НАСТАВА‼ ☎️ Пријави неспроведување на онлајн настава ⬇️ Почитувани студенти, Комисијата за настава при УСС-УКИМ ќе го набљудува процесот на спроведувањето на онлајн наставата на Универзитетот и целосно ќе се вложи кон унапредување на истата. Сметаме дека спроведувањето на видеоконференциските предавања, таму каде што природата на предметот го дозволува тоа, мора да стане обврска за сите професори и асистенти. Предавањата се есенцијален елемент во студирањето и како таков не смее да биде заменет со комуникација на email, преку испраќање материјали за наставата. Технолошкиот развој ни овозможува целосно организирање и спроведување на наставата преку видеоконференциски платформи, а УСС-УКИМ е тука да им помогне на наставните кадри да ги реализираат предавањата користејќи ги овие платформи. Набљудувањето ќе се врши така што целосно ќе се вклучат студентите преку пополнување онлајн образец во кој ќе ни испратат информации за тоа кои професори, по кои предмети и поради кои причини не ги реализираат предавањата преку видеоконференциски платформи. Комисијата за настава при УСС-УКИМ ќе ги разгледа овие пријави и ќе отпочне соодветна постапка во повеќе чекори чија крајна цел ќе биде одржувањето на видеоконференциските предавања по сите предмети чија природа го дозволува тоа. Образецот за пријавување нереализирана онлајн настава, можете да го пополните на следниов линк: https://forms.gle/nH1os2utYq599z4A8
Луѓе сакам прашам за мислење, дали мислите дека до крајот на учебната година ќе може да почне наставата со оглед на тоа дека ситуацијата е постабилна, а во некои држави ќе почнат од 5ти мај, а негде 29ти април?
Имаше на претходните страни, некоја членка спомна дека на 20 мај можно било да почнат со работа училиштата, и да има настава до 20 јуни. Мене тоа ми е логично, ако тогаш заврши вонреднава.
Со оглед на тоа што крај на школска година е многу блиску, не верувам дека ќе се враќа цел процес на одење во школо, испрашувања и тестови само за да се одржат 2-3 недели.И така сигурно веќе имате оценки. Мене ми е мислата што со факултетите како и кога би продолжиле ние? Знам дека не е сигурно уште, ама еве со почеток на олабавување на мерките и тоа го размислувам ....
Мислам дека нема да се вратиме на факултет оваа година, освен за испити на крај, а може и тие ќе бидат онлајн.
Често размислувам за ова што ги одложија колоквиумите на факултетите или испитите. Не верувам дека факултетите немаа можност да организираат полагање на колоквиум со да речеме 4 студенти во просторија во исто време. Можеби ќе траеше подолго колоквиумска недела ама двојна сесија во јули и два колоквиуи никако не е решение. Според тоа што на нас ни го кажаа професори можно е да полагаме на почеток на јуни прв колоквиум на крај на јуни втор колоквиум. И во јули испитна сесија за предметите од зимски семестар и за летен испитна недела да има исто.
Ако биде вака тешко нас . Плус ќе мора тремини за лаб вежби да вметнат и кога ќе видиш цело лето на факс ќе сме. Ама сепак, мислам дека нема да имаме колоквиуми туку ќе одиме на испити директно во јуни. А и можно е да има три декади оваа сесија, па ете барем повеќе шанси за полагање.
Ние ќе имаме јунска и августовска како што си се нормално, ама изгледа ќе бараат и јулска и октомвриска. Не полагавме колоквиуми до сега, во јуни ќе ги полагаме.