https://www.radiomof.mk/da-nema-mat...oektna-zadacha-bara-sojuzot-na-srednoshkolci/ Многу бараат. Скроз одлични ќе паѓаат у кофинансирање, мора да има матура за да има баланс!
На матурантиве дефинитивно не им се учи, овој е впечатокот кој го добивам уште од мартот. И претходната генерација прескокнаа матура, ајде се прогледа низ прсти, не се снајдоа во моментот. Макар не е оправдување. Ама сега и оваа е ту мач, ХАОС беа уписиве годинава без матура. Смешки, пак само проектна бараат, ко демек на неа имаше пониско од 5 во поголем дел од слуаите.
Се согласувам во целост, само матурантиве ептен до израз доаѓаат со барањава и се тема на разговор, не дека другите помали и поголеми се разликуваат.
Кога можеа овие претходната генерација така да ја поминат зошто да не и оваа? Не дека ги оправдувам ама да полагаше претходната генерација матура во ред плус они имаа само 2 нецели месеци онлајн настава а овие сега што учат цела година онлајн ќе им биде.
Море немаат ни знаење од општа култура! Тоа не е ни просек. За жал сѐ почнува од домашно воспитание, родителиве не се замараат премногу со децава да им објаснат нешто. Јас сум ЗА матура, и ЗА приемен во средно и приемен за на факултет. Доста веќе со напумпаните петки, нека испотат г'з да се докажат што научиле сите години наназад.
Многу тажно и вистинито за нивната култура, ама според мене не е фер претходните се спасија а сега овие ќе ги терат да полагаат. Како и да испадне работата нема ништо лошо во тоа да полагаат.
Ако почнеме да збориме за правдините...боље да не почнувам На кратко, јас начекав и приемен за средно, матура + приемен за факултет, и последното- факултет учев по стара програма (не по ЕКТС) кога врвот беше да завршиш факултет за 5 години! Тоа беше рекордно време. А сега, по Ектс, како завршуваат со слушање 4та, така дипломираат. Е нема правда Најдобро никој да не се провлекула, имало-немало пандемија, животот продолжува. Се надевам годинава многу ја научија лекцијата и догодина нека биде подобро од оваа.
Лани кога ја укинаа матурата коментирав токму во оваа тема дека тоа е лошо и сите форумџики овде ме нападнаа дека матурата не била веродостојна и треба да се укине. Лани немаше матура, а само 2 месеци учеа онлајн.Оваа година ќе учат цела година онлајн+тие 2 месеци. Така да ако веќе почнавме така така и да продолжиме.Нека нема матура повторно.
Дека не е најверодостојна матурата е точно, ама па додека не се најде соодветна подобра замена (приемен испит) или подобар начин на спроведување, каква-таква ќе биде добра за селекција и рангирање. Споредена со хаосот од петките од средно, е премија.
Еи ама се попаметни овие годинешниве, со време си спремаат терен за неучење. Срцки тие најумни. Па пишале дека ова било барање на Сојуз на средношколци. Испаѓа сите ученици од прва до последна година се борат за препатениве матуранти. Солидарност што ти значело. Или сепак е револуција за сите во иднина да не полагаат? А еден Сојуз што е, со двајца без тројца членови. Е сеа знам одма ќе ме направите љубоморна дека тие се видоа со Филипчо, а јас не. Туку што да кажам, а да не се навредат. Луѓе почнуваат на факултет, завршуваат дипломски, магистерски и докторски трудови веќе осум месеци, полагаат, се влечкаат по преполни јсп и триста други врагови, ама средношколциве најзатекнати ги најде вирусов и онака стварно е најризично во јуни 2021 (кога бтв не знаеме можеби ќе се воспостави некаква контрола на глобално ниво) да одиш три пати на полагање во празно училиште. Ако вака тераат сега, не знам што планираат со животот во наредниве година-две. Апсолутно сум да има грижа за нивното здравје, но грижа ете може да е и некако онлајн. Макар што сметам дека така би имало преееемногу мамење, па не верувам дека ќе е изводливо тоа. Но со бедни екскјузес од типот „еве веќе со месеци имаме онлајн настава и не можеме да научиме вака“ се пример само за размазеност и ништо друго. Потпишувам дека трета и четврта се учат самостојно. Всушност јас цело средно го правев тоа, што поради наставниот кадар што поради сопствена желба. На 17-18 години да бараш некој да ти ги изџвака работите за да се натераш нешто да прочиташ е срамота. Пола и повеќе од материјата е веќе учена од основно и минатите две години, така што ваквото барање има само една единствена причина и позадина - да не се отвори книга повеќе од потребниот минимум за одличен успех и да се искористат бенефитите од учењето на далечина на најбалкански можен начин. Што и да се одлучи, со среќа со идни генерации кои нема да си знаат мајчин јазик, кои нема да имаат прочитано куп безвременски класици, кои нема да си ги знаат домашните автори, нема да знаат да состават еден службен меил, молба, записник, а да не зборувам пак за уметничко изразување, кои нема да знаат да решат една дропка, една равенка, еден лимес и веројатно ќе се гордеат единствено со англискиот кој всушност им е секојдневие, па затоа е научен. Каде бездната, таму и нашето образование. Три пати ура, за да нема матура. Чирс
Иако никогаш не отстапувам од своите ставови на форумов, сепак овде ќе направам исклучок. Кога започна целиот овој хаос ги поддржував матурантите кои сакаа да ја откажат матурата. Нормално, мислев дека барем приемни ќе имаат на факултет за да се направи некоја селекција, но заборавив дека ова е Македонија. Сега после речиси 10 месеци сфатив дека не сум била во право. Најоштетените од оваа ситуација се одличните ученици кои сигурно имаат стравувано за тоа дали ќе најдат место во државна квота. Бидејќи по дифолт сите сме одлични на крај од четврта, иако некои поим немаат ни што се учи тогаш. Друго, истите оние кои сакаа да се укине матурата сега бараат совети како да се препишува онлајн. Епа дечки како да ви кажам дека сте најлошата генерација во секој поглед, избегнавте одговорност, најдовте милион изговори, се запишавте на факс па сега уште и ве мрзи да учите. Не знам што очекувавте од факултетот, положени испити како петки на полугодие? А за оваа генерација го делам истото мислење. Дали некој нè праша нас студентите како учиме обемни книги и како ги изведуваме лабораториските вежби? Во ниеден момент не се пожаливме за полагањата, за онлајн наставата и полагањата од 3 саати со маска на тебе, а тоа на вас ви изгледа како невозможна мисија. Бидете зрели и соочете се со новава ситуација. Факт е дека мора да живееме со вирусов, а не да го користиме како оправдување за нашата мрза. Се надевам дека нема да го прифатат предлогов и дека нема да се упропасти и оваа генерација.
Резултати од Повик за доделување на финансиска поддршка за студенти за покривање на дел од трошоците при студирањето
Дали ви е цел Teams паднат од вчера? Не знам дали само се однесува за мојот факултет или цел УКИМ, неможам да се уклучам, а ми требаат матријали потхитно!
Од кој пребарувач се најавуваш? Имаше објави дека од Интернет Експлорер повеќе нема да биде возможно да се пристапи на Теамс.
Не знам дали прашањево е за тука Дали има опција на Teams да не можат да ме мјутнат останатите? Нели професорот не можат да го мјутнат доколку е presenter, но дали за attendees има таква опција? Многу се нервирам, некој постојано ме мјутнува на 2 часа додека зборувам
Мислам дека тоа може да го подеси само професорот шо го креирал meeting-от. После креирањето на meeting-от, постои опција да се едитираат пермисиите за истиот. Сите учесници треба да се означат како attendees и така им се одземаат некои од опциите, вклучително и таа за mute.