Професорот нека се стави како organizer и нема да ви се случуваат овакви фрки. Ако не е ставен тогаш секој може да мјутнува, да трга од час и цел клас ќе го јадете стапот за глупоста на некој друг!
Значи нема таква опција за attendees Ти благодарам сепак Само една професорка секогаш така прави, ни кажуваше дека токму поради тие причини така прави. А останатите професори воопшто не ги интересира и не реагираат
На братучетка ми цело одделение забелешки во дневник им ставиле зошто некој ги мјутнувал и наставниците и учениците. Секој класен час само ги криват за глупости, наставниците не треба да паѓаат на ниво на децата, треба да знаат како ќе прават глупости и да ја користат апликацијата како што треба.
@злоба Се слагам, ама и денешните деца се доста лигави. Се прават демек хулигани со такви работи. Те и ние сме на тимс (факултет) па не се прават такви глупости. Нема врска дали е професорот organiser или atendee само ќе го слушаат, ако побара камера и микрофон да вклучат ќе вклучат и крај. Доста безобразни се децава денеска поголем дел, без култура.
Зависи до воспитувањето, наставнициве бар нека не паѓаат на нивно ниво, зошто и тоа сакаат. На факултет, нормално дека ќе биде различно возрасни сме, децава се веќе друга приказна. Ние како возрасни можеме да учиме, да слушаме предавања на исто место, поразлично е за дете, ќе му се здосади нормлно глупости ќе сака да праи, на крај само зависи од воспитувањето.
И после зошто никој да ги сфати како возрасни зрели индивидуи? Понудени се измени во бројот на предмети кои ќе ги полагаат, понудено е да дадат идеи за побезбедно спроведување на матурата, ама нормално дека тоа не им одговара затоа што се знаеше што е целта уште од самиот почеток на побуниве. Едноставно не сакаат да учат, тоа им е маката и никој не може да ме убеди во спротивното после ова. Со толкав број на заболени на дневно ниво, интересно е како не им беше страв да се пикаат во гужвиве на протестов, ама им е страв да полагаат таму во јуни месец на 2 метра оддалеченост. Мизерија.
Избегнувам да генерализирам но, средношколците претераа! Укинување на матура воопшто не го решава проблемот, напротив отвара низа на други проблематики кои дополнително ќе треба да се решаваат. Наместо да лобираат или протестираат за подобрување на онлајн наставата, решавање на грешките и проблемите поврзани со неа, тие се запнале околу нешто шо е есенцијално. Според мене, неопходни се реформи не само во однос на матурата него околу целиот образовен процес. Не можи да се промени матурата, а да нема промена во курикулумот, тие работи се доста поврзани и треба да бидат предмет на нивната дискусија, а не најлесната опција - укинување на матура. Од друга страна, сметам дека средното образование не треба да биде задолжително. На тој шо не му се учи, нека биде занаетчија и чао пријатно.
Едно не ми е јасно кои им се аргументите пред МОН, зошто да се укине. Единствено што прочитав е поради пандемијата и онлајн наставата. Да, онлајн наставата е со намален квалитет, но не е на ниво на таа од март месец. Впрочем ако не се одржува или ако има лоша реализација слободно можат да се побунат на надлежните институции. Но, никогаш не сме виделе дека се бунат за подобрување на квалитетот на онлајн наставата. А пандемијава најдобар аргумент им е, со самото тоа што го наведуваат и тоа што на многу од сликите маските не им се правилно наместени, кажува многу. Реално, не мислев дека некогаш ќе ги пофалам на МОН, ама искрено сум изненадена на навременото отворање на темата за матура. Ако не се лажам понудено им е да полагаат по скратена програма, а за безбедноста на полагањето не се ни сомневам дека ќе ја има (на секое полагање ја имало). Занчи уште сега го решаваат проблемот за да имаат што поконкретни информации порано. Пак уште силни со јајца по министерство фрлале, на што личи тоа.
Мене ме интересира дали ланските средношколци се инволирани во ова сега пошто лани и такви ветувања даваа. Нека имаат матура па колку сака нека е од злобно од моја страна. Видовме ова без матура колку е ефективно. Скоро па ич.
Онлајн беше само оваа година, а тој што учел, учел и претходните три години физички, учел и онлајн. Изговорот им е трагикомичен. Ако толку ги мрзи, и толку им е тешко, да спремат еден македонски и еден англиски, кои притоа се учат од 1-во одделение (и скоро секоја година се повторува истото) ич не треба ни да помислуваат на факултет, бидејќи со таков mindset, многу силно ќе се удрат од земја уште на првите колоквиуми.
Тие им ја дадоа идејата. Нив им се поклопија околностите, неспремност и незаинтересираност на МОН, избори, па искористија прилика. Не е злобно напишаното, зашто видовме какви беа уписите и што се' се запиша по факултети, а секојдневно сме сведоци каков е пристапот на бруцошите кон студиите.
Со оглед на тоа дека има уште 5 месеци до матура, а нема никаква пречка за да си учат, и со оглед на тоа дека немаат никаква причина да ја откажат матурата, ќе биде срамота ако МОН им ги прифати барањата после тоа резилење со фрлање јајца. Се однесуваат ко хулигани. Нема да заборавам во 2015 кога се протестираше за матура (за математика). Не памтам ниеден ваков дебилен испад (исправете ме ако имало). Матурантите имаа причина да протестираат, спиеа со шатори пред МОН. Ние помалите тогаш се глупиравме не одевме на настава ама ниеден тест (а и екстерното) не беа откажани заради изгубени часови. Па и самите матуранти успеаа да ја завршат матурата иако поминаа скоро цело полугодие без настава. Ова е срамота што се случува. Ко што рече и ти, ако им е до лошиот квалитет на настава нека се бунат за тоа.
Ама ептен им е глуп изговоров, “лоша била онлајн наставата”. Па и кај мене на факултет не е баш розева наставата, ама пак седнувам, учам и положувам. Кога можам и јас, можат и тие. До волјата е.
Јас сум матурантка оваа година и се согласувам со сѐ што кажавте... Не ми се верува колку не им се учи, од мојот клас постојано ме замараат, за да им решавам тестови а бидејќи скоро секогаш ги одбивам веднаш навредуваат, па како можело да не им помогнам, па себична сум била работи од општа култура не знаат, бегаа од часови кога одевме во школо, а сега како неандерталци се однесуваат на часовите, мјутнуваат и деца и професори, се караат бидејќи токму тие биле испрашани. Мизерија... Се нервирам затоа што зависам од нивните глупости @ElenaOfRivendell Во право си за изговорот, поглупав изговор амин, секакви глупости се изнаслушав во последно време, а и на сите ни е јасно кои се најгласни за откажување на матурата. Тотално сум разочарана од мојата генерација. И на крајот имам исти оценки со простаци што книга не отвораат. Ученици што пишуваат "ѕит", "незнам", и што едвај се изразуваат на македонски јазик добиваат поклонети петки. Па уште и се караат, па како така петка да немаат, па крај на година било, не било фер така. Токму поради овие причини не сакам во државава да студирам. Уште повеќе се нервирам бидејќи ваквите сакаат на факултет да се запишат. Срамота. Немам коментар....
Заборавив да кажам, да прават роденден со еден куп луѓе и да седат во кафич каде што дистанца е непознат поим нема проблем, но проблем е да полагаат на дистанца и книга да отворат
Читам коментари од матуранти и да ви кажам нешто, ако ви е проблем тимс нема потреба да се запишувате на факс. Ако кенкате зашо професоро каснил да ви кажам дека на факс може проф да не се појаве на предавања и тој дел да не го ни разберете. Знам, не е интересно да сте заебаните, оние не полагаа ај и ние нема. Ама, ќе си полагате за жал.
На мој факултет во популарните смерови влегоа сите со 100 поени во државна квота, а други до 99 влегоа во кофинансирање. Има деца кои се мачеле солидни да поминаат, да си обезбедат место во државна квота зошто може немаат услови за повеќе да дадат и сега на крај сред пандемија да те стават во кофинансирање со 99 бода ради една четворка е лудило! А министеркава дури им вика полесни прашања ќе дибијат. Како не сваќаат дека поголема штета си прават, ако неќат државна матура тогаш си имаш училишна и ај чао.