Штом “причина” им е дека “не чинела онлајн наставата”, баш ме интересира дали би се согласиле да полагаат матура само за претходните три години (кои беа физички),или и за тоа ќе најдат изговор? Не знам кого се обидуваат да излажат со тој изговор, штом можев јас сите предмети од семестарот да ги научам и положам со солидна оценка, без ниту една одржана практична вежба, и тие можат да положат нешто што го учеле од прво одделение. Бар нека си кажат дека не им се учи, нека не се брукаат со смешнине изговори и протести.
Едно нешто не ми е јасно Велат дека оваа генерација претставува генерација на експериментални глувчиња. Прво со екстерното тестирање, а сега со онлајн наставата. Сѐ што кажале досега е смешно и нема никаква смисла. Што очекуваат не ми е јасно? Божем единствените луѓе беа во државава што имаа екстерно тестирање и одржуваат онлајн настава. Цел свет учи онлајн сега. Не знам што да кажам повеќе. Изговорите им се толку бесмислени, доколку нешто паметно слушнам ќе си пукам во глава. Па до толку не сакаат да седнат да учат. Дно дна. Мама и тато нема цел живот да ги туркаат неспособниве, а и сега лоша услуга им прават, затоа што нивното (не)знаење ќе излезе на виделина, тоа нека им биде јасно.
Браво на новиве генерации, опасни се и сложни, баш се work smart not hard и ќе се снајдат во животот. И овие новите на факултет бруцоши ги гледам сите сакаат што полесно да си поминат и се сложни, си бараа се онлајн, си добија скоро се, а не нашине глупи генерации си прифатија и матура и се, па уште бараат полагања физички на факултет, бог да чува. Секоја чест, криво ми е што не сум родена 2 години покасно. И не ме цитирајте немам намера да се замарам и разубедувам со вас за некоја апсурдна матура тука иако е непопуларно моето мислење.
И после не дај Боже да паднеш во рацете на некој доктор што гледал што полесно да помине, а добил диплома и се вработил. Не дај Боже после некој градежен инженер без знаење да ти прави план за изградба на зграда, ќе ти се сруши врз глава... Не дај Боже некој таков да ти води фирма како директор или да се грижи за сметководството отиде јабана сè, клуч на врата на фирмата и стечај не ти бегаат... Не дај Боже таков неписмен да ти дели правда и да суди... Не дај Боже некој таков да ти образова и воспитува ученици... Ама за жал многу ги има, а со новиве генерации кои сакаат сè најлесно и без книга да допрат уште повеќе ќе ги има такви..... Жално до каде сме стигнале.
Што бараа онлајн, а добија? Ништо. Се полага онака како што одлучија катедрите да се полага. Истите предмети што ги имавме и ние онлајн и тие ги имаат. Единствено бараа онлајн анатомија, ама не добија. А ние ќе си останиме глупи што сакаме да ни се оцени реално знаењето, а не да играме брзи прсти на колоквиум.
Апсолутно се сложувам со тебе. Да бев на друг факултет можеби ќе се бунев да бидат полагањата онлајн, ама на нашиов факултет прва сум за физичко присуство затоа што со онлајнов играат мајтап со нас реално... трагикомедија е тоа што се дешава. А некој ако сака со препишување да стане доктор тоа е негово мислење и одговорност утре.
На сите ни е полесно онлајн, да, ама еве јас лично, повеќе сум за физички полагања, од причина што гледам какви трупови препишуваат и положуваат, а еден ден тие ќе треба да лечат мој родител, дете, баба, дедо (секоја чест на тие што учат и покрај се). Да не знаеш што е овулација на општа медицина и да си положиш, и тоа со оценка над 8?? Б р у к а . Ама ете, некој си е “паметен” и си гледа да си “помине полесно”, а не гледа да научи и да има знаење. Жално е што некој гледа само да стигне до титулата, а не до знаењето кое треба да го има во склоп со неа. Жално е што новите генерации се сложни за препишување и неучење, воопшто не е тоа нешто за гордеење и фалење.
Ова што се глупираат не е снаоѓање туку е незрелост. Не е работата на 18+ години да бегаш од обврски. И не, не сакам да ги поминат сите тие нервози што јас ги поминав. Ама, се бунат и за работи кои реално се тешки, а се потребни. Место да се бунат да НЕМА матура, нека бараат подобра алтернатива. Многу е смешно кога ги слушнав со фразата "нека има матура само за тие што ќе се запишуваат во странство". Па чекајте малку, до толку ли е нашето високо образование дно па да нема селекција и да се прима се и свашта.
И од таквите што се бунат да нема матура завршуваат со 5.00 просек, 100 поени за упис. Ќе конкурираат на медицински факултет, електро, финки, архитектонски, градежен, фармација, стоматолошки каде се бара повисок просек и секако конкуренцијата е најголема и ќе бидат примени и ќе фатат место на некој со 95,96 што стварно учи и се труди.
Па ти не си ја прочитала поинтересната фраза: „Финансиските средства потребни за реализирање на државната матура да се пренаменат онаму каде што се навистина потребни, кај нашите соученици кои се во тешка социјална состојба или пак да се вложат во здравствениот систем за да ги немаме истите потешкоти со кои се справуваат нашите колеги и секојдневно помагаат на илјадници сограѓани“. Линк: https://www.radiomof.mk/obrazovanie...turanti-prodolzhuvaat-so-bojkot-na-nastavata/
Кои сретства? Јас колку што знам ништо не плаќаш за полагање, освен ако на професорот што не пази му дадат како дневница друго не знам за што би биле. А за пари што можат да се вложат би биле од буџетот за новогодишно украсување!
Ама и не е толку скапо принтање, можеби се мисли за сретства за дезинфекција на раце, дезинфекција на просторија после полагање.
Абе глупости во боја. Бар нека си признаат дека не им се учи, односно дека не учеле ништо во претходните години, бидејќи ако учеле, бар англиски и македонски можат да извадат 4/5 ,без големо спремање, од лично искуство. Само се брукаат со апсурдните изговори.
Настрана ова со матурантите, што правевте кога вие или некој профедор ќе заболеше кога ќе треба да се полага? На една другарка професорот и заболел неколку дена пред полагање и го одложил полагањето за друг пат зошто едноставно неможел да се движи. Мене ме интередира дали е монжно да ни ја продолжат сесијата бар до крај на феврари?